Ерек и Енида
Ерек и Енида (француски: Érec et Énide или во средновековниот оригинал: Erec et Enide) — првиот роман за легендата на Кралот Артур на Кретјен де Тора, напишан помеѓу 1160-1164[1] (според некои помеѓу 1165-1170[2] или точно во1170[3]). Станува збор за дело од околу 7.000 стихови на старофранцуски[4] кое ни е нам достапно преку седум различни ракописи и неколку фрагменти[2]. Авторот во главно се инспирира од познатите бретански текстови, но и прочуената Историја на британските кралеви на Галфрид Манмутски. Овој роман е еден од првите витешки романи.
Кретјен де Троа игра клучна улога во создавањето на приказната за Артур. Во Ерек и Енида можат да се најдат многу од елементите на легендата за Артур, како повеќето главни ликови, витешките подвизи и жените или љубовта како двигател на дејството. Иако не е првата приказна која ги користи познатите елементи на Артуровата легенда, де Тора е заслужен за вопоставување на очекувањата на еден современ читател во однос на жанрот на витешки приказни.
Оваа статија за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jean-Pierre Foucher, préface et traduction d'Erec et Enide dans Romans de la Table Ronde, Gallimard, 1974.
- ↑ 2,0 2,1 Philippe Walter, Chrétien de Troyes, Presses universitaires de France, collection Que sais-je ?, Paris, 1997, p.58
- ↑ Chrétien de Troyes, Œuvres complètes, sous la direction de Daniel Poirion, Paris, Gallimard, « coll. Bibliothèque de la Pléiade », 1994, p.1053
- ↑ Françoise Gasparri/Geneviève Hasenohr/Christine Ruby, «De l'écriture à la lecture : réflexion sur les manuscrits d'Erec et Enide», dans : Keith Busby, Les manuscrits de Chrétien de Troyes, Rodopi, 1993, p.137.