Ендометриоза
Ендометриоза | |
---|---|
Ендометриоза видена при лапароскопска хирургија | |
Специјалност | Гинекологија |
Симптоми | Карлична болка, неплодност[1] |
Вообичаена појава | 30–40 години[2][3] |
Времетраење | Долготрајно[1] |
Причинители | Непознати[1] |
Ризик-фактори | Семејна историја[2] |
Дијагностички метод | Врз основа на симптомите, медицинско снимање, ткивна биопсија[2] |
Диференцијална дијагноза | Карлична воспалителна болест, синдром на иритабилно црево, интерстицијален цистит, фибромијалгија[1] |
Спречување | Комбинирани орални контрацептиви, вежбање[2][4] |
Лекување | НСАИЛ, континуирана употреба на контрацептиви, интраутерини помагала со прогестерон, хирургија[2] |
Честота | 10.8 милиони (2015)[5] |
Смртни случаи | ~100 (2015)[6] |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Ендометриоза е честа состојба која погодува околу 10% од жените. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расти се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израслини може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.
Точниот причинител на оваа болест сѐ уште не се знае. Најпопуларна теорија е дека за време на менструацијата менструалното ткиво поминува назад низ јајцеводите и во карлицата каде што се зацврстува и расте. За сега се мисли дека ендометриозата е наследна.
Според една проценка 10.8 милиони жени имале ендометриоза на глобално ниво во 2015.[5] Други извори проценуваат дека се погодени 6–10% од жените.[1] Ендометриозата најчество се јавува во триесеттите и четириесеттите години; иако, може да се јави и кај девојчиња од 8 години.[2][3] Бројот на смртни случаи е мал.[7] Ендометриозата за првпат била одвоена како посебна состојба во 1920-тите години.[8] Пред тоа ендометриозата и аденомиозата биле сметани за иста болест.[8] Не е јасно кој прв ја опишал болеста.[8]
Дијагноза
[уреди | уреди извор]Ако жената има ендометриоза во јајниците тоа обично ќе се покаже со ултразвук. Најточна дијагноза може да се постави само со лапароскопија или пак со отворена операција. Лапароскопијата е постапка кога мал телескоп се вметнува низ мал отвор во стомакот. Лапароскопијата е корисна за да се постави дијагноза, а исто така помага да се утврди колку сериозна е ендометриозата. Таа всушност му помага на лекарот да избере најдобар начин на лекување.
За да се потврди дијагнозата ќе се направи и патолошки тест (биопсија). Ова е важно зашто честопати ендометриозата се меша со други болести. За сега не постојат тестови за ендометриоза без користење на оперативна постапка.
Симптоми
[уреди | уреди извор]Многу жени имаат ендометриоза без симптоми или проблеми, меѓутоа тоа не секогаш е случај. Често симптомите од ендометриозата се:
- Болки при менструацијата
- Болки при полов однос
- Болки во карлицата вон времето на менструација
- Болки во грбот
- Недостаток на енергија
- Болки во стомакот.
Влијание врз плодноста
[уреди | уреди извор]Кај некои жени кои имаат потешкотии да останат бремени понекогаш се дијагностицира ендометриоза, иако немаат никакви симптоми. Кај некои од нив лузни на ткивото како последица од ендометриоза ќе предизвика запушување на јајцеводите. Меѓутоа, кај повеќето жени не е познато како ендометриозата влијае на плодноста. Теориите велат дека енометриозата:
- влијае да се создадат јајцеви клетки кои тешко ќе се оплодат
- произведува природни отрови за спермата.
Извор
[уреди | уреди извор]- https://web.archive.org/web/20050306234433/http://www.rwh.org.au/wellwomens/factSheets/Endometriosis/what_is_endo_Macedonian.pdf RWH, Памфлет - Ендометриоза - информации за жените, Викторија, март 2004.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Bulletti C, Coccia ME, Battistoni S, Borini A (August 2010). „Endometriosis and infertility“. Journal of Assisted Reproduction and Genetics. 27 (8): 441–7. doi:10.1007/s10815-010-9436-1. PMC 2941592. PMID 20574791.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWH2014
. - ↑ 3,0 3,1 McGrath, Patrick J.; Stevens, Bonnie J.; Walker, Suellen M.; Zempsky, William T. (2013). Oxford Textbook of Paediatric Pain (англиски). OUP Oxford. стр. 300. ISBN 9780199642656. Архивирано од изворникот на 2017-09-10.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеVer2011
. - ↑ 5,0 5,1 „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. October 2016. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
- ↑ „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–1544. October 2016. doi:10.1016/S0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
- ↑ GBD 2013 Mortality and Causes of Death Collaborators (January 2015). „Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990-2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013“. Lancet. 385 (9963): 117–71. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMC 4340604. PMID 25530442.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Brosens I (2012). Endometriosis: Science and Practice. John Wiley & Sons. стр. 3. ISBN 9781444398496.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
„Ендометриоза“ на Ризницата ? |
- Ендометриоза и начини на лекување (македонски)
|
|