Елба-Елстер
Елба-Елстер Elbe-Elster | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Херцберг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1,889,4 км2 (729,5 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 100.902 | ||
• Густина | 53/км2 (140/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | EE | ||
Мреж. место | landkreis-elbe-elster.de |
Елба-Елстер (германски: Elbe-Elster) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се Телтов-Флеминг, Даме-Шпревалд, Горен Шпревалд-Лужица, Мајсен, Северна Саксонија и Витенберг.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Финстервалде, Бад Либенверда и Херцберг.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот е именуван по двете реки, реката Елба која ја создава западната граница со Саксонија и реката Шварце Елстер која е притока на Елба и тече низ округот. Округот е дел од историската област Лужица. Мочуриштата долж Шварце Елстер се станишта на неколку ретки животни, како модроврани, дабари и видри.
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот бил донесен во 1995. Лавот во долниот лев дел потекнува од грофовијата Мајсен, кому историски му припаѓал јужниот дел од округот. Црните ленти потекнуваат од грофовијата Саксо-Витенберг бидејќи областа околу Бад Либенверда припаѓала на тоа грофовија во минатото. Црвените линии потекнуваат од најстариот грб на Бранденбург, а бикот е симбол за областа Долна Лужица каде е сместен самиот округ. |
Градови и општини
[уреди | уреди извор]Слободни градови | Општинска заедница | |
---|---|---|
|
1. Елстерланд 2. Клајне Елстер (Долна Лужица) 3. Плеса |
4. Шлибен 5. Шраденланд |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Елба-Елстер“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Туристичка страница Архивирано на 18 јули 2006 г.
|
51°36′N 13°26′E / 51.600° СГШ; 13.433° ИГД
|