Едначење по звучност
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Според звучноста согласките се делат на безвучни, звучни и сонатни. Безвучните и звучните согласки образуваат таканаречени корелативни парови. Секоја безвучна согласка, освен х, има свој звучен парник. Тие парови се:
корелативни парови | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
звучна: | б | д | г | в | з | ж | (-) | ѕ | џ | ѓ |
безвучна: | п | т | к | ф | с | ш | (х) | ц | ч | ќ |
Правило 1
[уреди | уреди извор]Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши спрема втората согласка. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Пример:
- б-п: баба - бапски; врабец - врапче, врапци; даб, дабот - дапче; забец - запци, запчест; јамб, јамбот, јампски; Љубе - Љупчо, Љупка; роб, робот - ропски, ропство, ...
- д-т:
- г-к:
- в-ф:
- з-с:
- ж-ш:
- ѕ-ц:
- џ-ч:
- ѓ-ќ:
Правило 2
[уреди | уреди извор]Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни сват- сватба-свадба
Правило 3
[уреди | уреди извор]Едначењето по звучност редовно се обележува и во зборовите со претставка.
Правило 4
[уреди | уреди извор]Согласката ј се обезвучува и пред слеаните ц, ч во зборови со претставка.
Правило 5
[уреди | уреди извор]Кога претставките што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав на збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја.
Правило 5.1
[уреди | уреди извор]Во некои зборови границата меѓу претставката и основниот збор јасно се чувствува, и согласките се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен, ...
Правило 5.2
[уреди | уреди извор]Во други случаи, кога е сраснатоста на составните делови изразена во поголем степен, по извршеното едначење се добива една согласка: одамна (од оддамна), бесмислен, бесмртен, бесрамен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла (од разседла), расее, расели, расече, раслои, расобуе, расони и др.
Иста појава имаме и на составите меѓу префиските без-, из-, раз- и зборовите што почнуваат со ш. Во едни случаи се чува с: бесшумно (од безшумно), исшета, исшие, исшилчи, а во други, по асимилацијата на с во ш, се добило едно ш; ишари (од изшари), ишмрка, уштипе, рашета (од разшета), рашие, рашири, раштима, раштрка.
Правило 6
[уреди | уреди извор]Едначењето по звучност не се одбележува во следниве случаи:
Правило 6.1
[уреди | уреди извор]Не се одбележува едначењето на в пред безвучна согласка
Правило 6.2
[уреди | уреди извор]Не се одбележува едначењето на д
Правило 6.3
[уреди | уреди извор]Пред членската наставка -та не се одбележува и едначењето на другите звучни согласки
Правило 6.4
[уреди | уреди извор]Согласката г не се едначи во: бегство, другпат.
Правило 6.5
[уреди | уреди извор]Не се едначи т во сложенките од типот: петгодишен, десетгодишен, дванаесетгодишен, ...
Правило 6.6
[уреди | уреди извор]Едначењето на согласките по звучност не се одбележува и во некои личните именки од туѓо потекло.
Правило 6.7
[уреди | уреди извор]Во допир со гласниците (сонанти) не се врши едначење по звучност: милослив, милосница, мирислив.
Литература
[уреди | уреди извор]- Правопис на македонскиот литературен јазик, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков", трето издание на Просветно дело - Скопје, 1986, Редакциски одбор: Божо Видоевски, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев (претседател), Рада Угринова-Скаловска