Димче Мешковски
Димче Мешковски | |
---|---|
Роден(а) | 31 октомври 1945 Скопје, ДФ Македонија, ДФЈ |
Починал(а) | 20 март 2023 Лос Анџелес, Калифорнија, Соединети Држави | (возр. 77)
Националност | Македонец |
Занимање | глумец |
Активен период | 1965 - 2014 |
Познат(а) по | по улогата во: Хихирику Викенд на мртовци Македонски народни приказни Солунски патрдии Балкан бенд Диво месо Големи и мали Трето полувреме Учителот Трст виа Скопје |
Деца | Наташа Мешковска |
Димче Мешковски (31 октомври 1945 во Скопје — 20 март 2023 во Лос Анџелес)[1][2] — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.[3]
Животопис
[уреди | уреди извор]Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.[4] Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.
Творештво
[уреди | уреди извор]Матична сцена на Мешковски била Драмски театар - Скопје, во која бил вработен од 1967 па сѐ до неговото пензионирање во 2002 година. Играл во над 100 одиграни улоги, со над 6000 изведби. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Јане Задрогаз", „Вишновата градина", „Болва в' уво", „Сомнително лице", „Солунски патрдии“, „Смртта на Дантон", „Балканот", „Зојкиниот стан", Чернодрински се враќа дома", „Калигула", „Ревизор", „Маратонците го трчаат по чесниот круг", „Хамлет од Долно Гаштани“ и последната „Фани Мани"), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.[5][6]
Театарски претстави
- Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Сава Комненовиќ, Драмски театар - Скопје 1965;
- Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Петре Прличко, Македонски народен театар 1965;
- Принцот и просјакот од Марк Твен, р. Звездана Ладика, Драмски театар - Скопје 1966;
- Тројанки од Еврипид, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1966;
- Гртко од Љубиша Ѓокиќ, р. Сава Комненовиќ, Драмски театар - Скопје 1967;
- Танцот на трендафилите од Валери Петров, р. Бојан Дановски, Драмски театар - Скопје 1967;
- Ромул Велики од Фридрих Диренман, р. Вили Цанков, Драмски театар - Скопје 1967;
- Две врчни води од Ада Греиданус, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1967;
- Земја во која не се стигнува од Оливера Николова, р. Душан Наумовски, Драмски театар - Скопје 1968;
- Немирната рудина од Симон Дракул, р. Мирко Стефановски, Драмски театар - Скопје 1968;
- Балада на тил ојленшпигел, р. Душан Наумовски, Драмски театар - Скопје 1968;
- Бегалка од Васил Иљоски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1968;
- Лисистрата од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1968;
- Златото на кралот Мегамон од Јежи Калиба, р. Миодраг Шаурек, Драмски театар - Скопје 1968;
- Доживувањата на храбриот шивач од Егон Гинтен, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1968;
- Балада на лузитанското страшило од Петер Вејс, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1969;
- Разбојникот Цеферин — Заспаната ѕвездичка од Фране Милчински Јежик, р. Миодраг Шаурек, Драмски театар - Скопје 1970;
- Пепелашка по име Луција од Антони Ходек, р. Душан Наумовски, Драмски театар - Скопје 1970;
- Пантаглез од Мишел Де Гелдерод, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1970;
- Захарие — Сојуз на лажните светци од Михаил Афанасиевич, Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1970;
- Грдко — Педаче од Љубишша Ѓокиќ, р. Љубиша Ѓокиќ, Драмски театар - Скопје 1971;
- Владимир и Косара од Стеван Таневски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1971;
- Бег — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1972;
- Задржливиот подем на Артуро Уи од Бертолт Брехт, р. Мјечислав Ѓуркиевич, Драмски театар - Скопје 1972;
- Мустаките на генералор Рококајко од Ристо Давчевски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1972;
- Сабастијан — Хајди од Јохана Шпири, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1973;
- Вишновата градина од Антон Павлович Чехов, Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1973;
- Вадиус — Учени жени од Жан Батист Поклен Молиер, р. Мата Милошевиќ, Драмски театар - Скопје 1973;
- Најголемиот подвиг на витезот сукало од Роберт Болт, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1974;
- Августин Ферајон — Болва в'уво од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1974;
- Хенрих Четврти пд Луиџи Пирандело, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1974;
- Тасе - Јане Задрогаз од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1974;
- Капетанот — Брод со зелена брада од Маја Грујовиќ, р. Србољуб Станковиќ, Драмски театар - Скопје 1975;
- И бол и бес од Славко Јаневски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1975;
- Чук, чук Стојанче од Оливера Николова, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1975;
- Царот — Баш челик од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1977;
- Артемиј — Ревизор од Николај Василевич Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Пекар — Шекспир во приказни од Чарлс, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Секула — Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Сивиќ — Диво месо од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Прохор — Васа Железнова од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1980;
- Секретар — Бркотница од Максим Горки, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1980;
- Јеротија Пантиќ - Сомнително лице од Бранислав Нушиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Секирата — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Кралот Црнослав — Сината боја на снегот од Гигор Витез, р. Димитар Младинов, Драмски театар - Скопје 1981;
- Магарето — Мачорот Џингискан и Мики траси од Весна Парун, р. Звездана Ладика, Драмски театар - Скопје 1982;
- Докторот — Фоксфаер од Фјум Кромин, р. Богдан Поп Ѓорчев, Драмски театар - Скопје 1984;
- Стеван — Карамазови од Душан Јовановиќ, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1984;
- Секирата — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Коморникот — Ивона Кнегиња Бургундска од Витолд Гомрович, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Фредерих — Хаос зад кулиси од Мајл Фрејн, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1985;
- Тасе — Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Бег — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1986;
- Лакроз — Смртта на Дантон од Георг Бихнер, р. Петар Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
- Јагоша — Клаустрофобична комедија од Душан Ковачевиќ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1988;
- Марко — Собирен центар од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Креонт Крал - Медеја од Дане Зајц, р. Вито Тауфер, Драмски театар - Скопје 1989;
- Ало Будење од Зафир Хаџиманов, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1990;
- Варау — Чудовишта во нашиот град од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци Скопје 1990;
- Пратеникот — Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991;
- Маца — Женски оркестар од Жан Ануј, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Рампо — Чернодрински се враќа дома од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1992;
- Мереја — Калигула од Арбер Ками, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1993;
- Блелир — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар Скопје 1994;
- Милутин — Маратонците го трчаат почесниот круг од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Хихирику од Иван Карадак, р. Миле Грозданоски, Универзална сала Скопје 1996;
- Александар — Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1997;
- Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999;
- Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 2001;
- Хихирику - 25 години од Иван Карадак, р. Коле Ангеловски, Универзална сала Скопје 2004;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Господарот — Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид од Педро Калдерон, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Татко — Дон Жаун од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Фани Мани од Реј Куни, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2012.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Филмографија на глумецот Димче Мешковски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1960-ти▲ | |||
1967 | Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија | ||
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | ||
1970-ти▲ | |||
1971 | Македонски дел од пеколот ТВ-филм | ||
1973 | ТВ ребус ТВ мини серија | Ване | |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ филм | Никола Петров Русински | |
1973 | Новогодишен карусел ТВ-филм | ||
1975 1976 | Патот кон иднината ТВ серија | / | |
1977 | Итар Пејо ТВ серија | / | |
1977 | Големата соба ТВ филм | Венко | |
1977 | Дождовито сонце ТВ филм | / | |
1978 | Сеќерна приказна ТВ-филм | ||
1979 | Наши години ТВ серија | Јане | |
1979 | Хихирику Радио-емисија | ||
1979 | Жена од малтер ТВ филм | / | |
1980-ти▲ | |||
1980 | Учителот ТВ филм | / | |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | ||
1981 | Булки крај шините ТВ серија | / | |
1982 | Црвено, жолто, зелено ТВ серија | / | |
1982 | Илинден ТВ серија | / | |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | ||
1983 | Виновник Краток филм | / | |
1984 | Камчевци ТВ-серија | ||
1984 | Хихирику - 5 години ТВ филм | / | |
1984 | Диво месо ТВ филм | Сивиќ | |
1985 | На наш начин ТВ серија | / | |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | ||
1986 | Солунски патрдии ТВ серија | Секула | |
1986-1990 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
1987 | Училиште за кловнови ТВ серија | Мешко | |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | / | |
1988 | Чук, чук Стојанче ТВ-серија | ||
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Тасе Стопарески | |
1989-1992 | Еурека ТВ-серија | ||
1989-1992 | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1990-ти▲ | |||
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-серија | Спиро | |
1990 | Викенд на мртовци ТВ-филм | Тасе | |
1990-1991 | Трст виа Скопје ТВ серија | Инспекторот | |
1990-1994 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1991 | Македонија може ТВ-серија | / | |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | Февијан | |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Грубер | |
1991 | Женски оркестар ТВ-филм | Маца | |
1992 | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | Рампо Прцески | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ серија | Анфа | |
1993 | Црно бело во боја ТВ-филм | / | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | ||
1995 | Во светот на бајките ТВ серија | / | |
1995-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
1996-2000 | Во светот на бајките ТВ-серија | Фурнаџијата | |
1997 | Калигула ТВ филм | / | |
1997 | Вујко Вања ТВ-филм | Серебрјаков | |
1999 | Време, живот ТВ-филм | ||
1999 | Хихирику ТВ филм | / | |
2000-ти▲ | |||
2000 | Големи и мали ТВ серија | Судијата | |
2000 | Глас Кратки филм | / | |
2000 2001 | Погрешно време ТВ серија | Мешко / Полицаец | |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | Советникот | |
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
2001 | Агенција осамени срца ТВ серија | / | |
2003 | Лото, лото ТВ-серија | ||
2004 | Хихирику ТВ филм | / | |
2007-2010 | Народни приказни ТВ-серија | ||
2008 | Кукен совет ТВ-филм | ||
2009 | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | Матичарот | |
2009 | Балкан бенд ТВ серија | Маца | |
2010-ти▲ | |||
2010 | Македонски народни приказни ТВ серија | / | |
2011-2012 | Македонски стари приказни ТВ серија | / | |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Хоусе Оwнер | |
2014 | До балчак ТВ-филм | Трговец |
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда за најдобра машка улога (за ликот на Секула) во претставата „Солунски патрдии“, во режија на Коле Ангеловски (1979)
- Награда Војдан Чернодрински за претставата „Викенд на мртовци„ во режија на Коле Ангеловски (1985)
- Награда за најпопуларно ТВ-лице според анкетата на „Екран“ (1988)
- Награда за претставата „Болва в уво“ за најдобра машка улога (1991)
- Награда „13 Ноември“
- Награда „Ристо Шишков“
- Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2007)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПОЧИНА АКТЕРОТ ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ“. СДК. 21.3.2023. Посетено на 28 март 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Почина Димче Мешковски — легенда на македонското глумиште“. Посетено на 13 јануари 2024. Text " date 21.3.2023 " ignored (help)
- ↑ „Почина актерот Димче Мешковски“. 21.3.2023. Посетено на 13 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ IMDb
- ↑ „www.mtf.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2008-06-07. Посетено на 2012-02-06.
- ↑ „СКОПЈЕ МЕ ЛЕЧИ ОД СИТЕ БОЛЕСТИ:ЕМОТИВНО ИНТЕРВЈУ СО ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ“. 5.7.2018. Посетено на 13 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Димче Мешковски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)