Гросенхајн
Гросенхајн | |
Градско собрание на Гросенхајн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Мајсен |
Градски единици | 5 |
Градоначалник | Буркхард Милер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 96,79 км2 |
Надм. височина | 122 м |
Население | 18.102 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 187 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MEI |
Пошт. бр. | 01558 |
Повик. бр. | 03522 |
Портал | www.grossenhain.de |
Местоположба на градот Гросенхајн во рамките на округот Мајсен | |
Координати | 51°17′N 13°33′E / 51.283° СГШ; 13.550° ИГД |
Гросенхајн (германски: Großenhain) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Историја
[уреди | уреди извор]Гросенхајн првично била лужичка населба. Првпат бил споменат во 1205.[2] Едно време бил окупиран од Бохемија, при што бил силно утврден. Потоа преминал во посед на грофовите од Мајсен, од кого во 1312 бил преземен од грофовите од Бранденбург. Во средниот век, Гросенхајн бил еден од најмоќните градови во Саксонија. Значително настрадал во сите големи германски војни и во 1744 бил скоро целосно уништен од пожар. На 16 мај 1813, се водела голема битка помеѓу Французите и Русите.
Географија
[уреди | уреди извор]Гросенхајн се наоѓа на реката Редер, 30 километри северозападно од Дрезден и 17 километри источно од Риза. Исто така, се наоѓа на Вија Регија од Герлиц до Сантјаго де Компостела.
Градски единици
[уреди | уреди извор]
|
|
|
Стопанство
[уреди | уреди извор]Funke & Will AG се наоѓа во Гросенхајн и е познат по производството на автомобилите Yes! Roadster.
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Постојат две железнички станици во Гросенхајн. Железничката станица Großenhain Berliner Bahnhof е надвор од употреба од 2002, единствено Großenhain Cottbusser Bahnhof е опслужувана со возови од Дрезден до Елстерверда, Котбус и Хојерсверда.
Гросенхајн е поврзан со Bundesstraße 98 и Bundesstraße 101.
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Карл Бенџамин Пројскер (1786–1871): основач на првата јавна библиотека во Германија (1828)
- Манфред фон Рихтхофен (1892–1918): германски борбен пилот познат како Црвениот барон, бил трениран на локалниот аеродром
- Корина Харфух (*1954): германска глумица, тука го поминала нејзиното детство
- Хајно (*1938): германски изведувач на шлагери, тука го поминал неговото детство
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ Großenhain, Steifzug durch eine sächsische Kleinstadt 2002, Gräser Verlag
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гросенхајн на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|