Грб на претседателот на Македонија
Грб на претседателот на Македонија | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | 2 декември 2009 |
Држачи | гранки на македонски даб |
Мото | Република Македонија Претседател |
Грб на претседателот на Република Македонија — официјален грб на претседателот на државата. Грбот или амблемот е усвоен на 2 декември 2009 година, изработен по иницијатива на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од хералдичарите Стојанче Величковски, Петар Гајдов и хералдот Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.[1]
Грбот е составен од македонското знаме на штит. Под штитот со македонското знаме се наоѓа венец од македонски даб со по осум листови и осум желади.[2] Ова е првиот грб на претседателот на Македонија, до 2009 претседателот немал свој грб. Сепак, до денес, претседателот на Македонија нема свое знаме.
Опис
[уреди | уреди извор]Грбот е составен од штит на кој е прикажано националното знаме на Македонија. Штитот е по форма ибериски штит и е обратно обрабен. Под штитот се наоѓа венец од македонски даб, кој служи како држач на грбот. Секоја гранка од македонскиот даб има по осум листа и желади, што одговара со бројот на краците од националното знаме. Вкупно се шеснаесет листа и шеснаесет желади. Боите на грбот се македонските национални бои.[3]
Предлози во минатото
[уреди | уреди извор]-
Предлог за претседателско знаме на Македонија.
-
Прв предлог за претседателскиот грб.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|