Грбот се заснова на грбот на СССР. Во средината на грбот се наоѓа дупчалка за нафта кој ги претставува богатите ресурси на нафта во Баку, а над дупчалката се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на Азербејџан. Погоре се наоѓаат срп и чекан, како и црвена ѕвезда, двата се симболи на комунизмот. Околу грбот се наоѓа памук и пченица, симболи на земјоделството. Околу грбот се наоѓа мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се", како и трака со натписот "Азербејџанска Советска Социјалистичка Република", двата натписи се напишани на азербејџански и руски јазик. Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Азербејџан.