Горјане
Горјане | |
Координати 41°53′52″N 20°52′53″E / 41.89778° СГШ; 20.88139° ИГД | |
Општина | Врапчиште |
Население | 25 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07021 |
Надм. вис. | 662 м |
Горјане на општинската карта Атарот на Горјане во рамките на општината | |
Горјане на Ризницата |
Горјане — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 19 километри северозападно од Гостивар.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горјане живееле 234 жители, од кои 190 Албанци и 44 Македонци.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Горјане — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 34 куќи со 213 жители, Албанци и Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а з��снована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 70 жители, сите Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 234 | — | 253 | 276 | 283 | 319 | 297 | 0 | 95 | 70 | 25 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Горјане е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Албански
- Доселеници: Алија (6 к.) доселени се од Буштрице во северна Албанија, во првата половина на 19 век. Го знаат следното родословие. Риза (жив на 36 год. во 1948 година) Раиф-Амит-Ризван-Али, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во селото Сенокос; Грналар (5 к.) доселени се од Ујмишта во Љума. Го знаат следното родословие. Алија (жив на 38 год. во 1948 година) Зибер-Карасина-Деар, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство); Имерица или Реџолар (7 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Гарип (жив на 40 год. во 1948 година) Ракип-Елмаз-Имерица, мајката која се доселила со своите синови. Имаат иселеници во Сенокос; Бајрамлар или Партал (4 к.) доселени се од северна Албанија. Живееле некое време и во селото Ѓурѓевиште. Го знаат следното родословие Ферми (жив на 34 год. во 1948 година) Меди-Бајрам, кој се доселил во селото. Имаат роднини во селата Врапчиште, Ѓурѓевиште и некои други села; Браимлар (4 к.), Дурмишлар (3 к.) и Амзолар (4 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Од родот Дурмишлар има иселеници во Битола; Коваче (3 к.) доселени се од Чаја во Љума; Рочалар (1 к.), Шабанлар (1 к.) и Билал (1 к.) последните два рода се млади доселеници. Родот Билал се доселил во 1928 година од северна Албанија. Од родот Шабанлар има иселеници во селото Градец.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 450 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . . Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|