Големата илузија
Изглед
„Големата илузија“ (француски: La grande illusion) – филм на режисерот Жан Реноар (Jean Renoir) од 1937 година. Реноар е автор и на сценариото, заедно со Шарл Спак (Charles Spaak), а главните улоги ги играат: Жан Габен (Jean Gabin), Дита Парло (Dita Parlo) и Пјер Фреснеј (Pierre Fresnay). Во 1937 година, на Филмскиот фестивал во Венеција, филмот ја освоил наградата за најдобар целосен уметнички придонес, а во 1939 година бил номиниран за наградата „Оскар“.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во текот на Првата светска војна, двајца француски војници се заробени и одведени во германски логор. По неколку обиди за бегство, војниците ги преместуваат во една тврдина од каде е невозможно да се побегне...