Вувузела
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Вувузелата е еден вид на труба или рог, со должина од околу 65 cm, која најчесто ја користат гледачите на фудбалските натпревари во Јужна Африка. Од тие причини вувузелата станала симбол на фудбалската игра во оваа земја. Вувузелата произведува монотон звук сличен на рикање на слонови.[1]
Името на вувузелата најверојатно потекнува од зулу јазикот со значење „правење на вуву звук“, каде што вуву би било ономатопејски назив за звукот кој излегува од вувузелата. Друга можност е вуву да е сленг назив за туш, бидејќи на стадионите се користат голем број на вувузели кои ги „тушираат“ присутните со својот звук.[2]
Користењето на вувузелите е контроверзно. За време на ФИФА Купот на конфедерации во фудбал 2009 година во Јужна Африка вувузелите станале карактеристичен декор на целиот настан (иако понекогаш се иритирачки за играчите[3]) па ФИФА одлучила да го допушти користењето на вувузелите за време на Светското првенство 2010[4]
Играчите, а посебно коментаторите, звукот на вувузелата го опишуваат како иритирачки и го споредуваат со „стампедо на бучни слонови“[5], со "заглушувачка наезда на скакулци"[6], со "звук на кози пред колење"[7], со "големо јато на бесни пчели"[8]...
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „V is for Vuvuzela“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2010-05-10. Посетено на 8 јуни 2010. (англиски)
- ↑ „Vuvuzela: SA football's beautiful noise“. SouthAfrica.info. Посетено на 9 јуни 2010. (англиски)
- ↑ Benedetto Ferrara (8 јуни 2010). „Friedrich contro le vuvuzela "Disturbano la concentrazione"“. la Repubblica.it. (италијански)
- ↑ Fifa gives Vuvuzelas thumbs up Архивирано на 6 август 2009 г. (англиски)
- ↑ „The World Cup noise that annoys“. Sydney Morning Herald. 4 јуни 2010. Посетено на 2010-06-11. (англиски)
- ↑ Clarke, Liz (6 јуни 2010). „World Cup ready to open in South Africa and vuvuzelas will make plenty of noise“. Washington Post. Посетено на 11 јуни 2010.
several coaches and players called for its banning, saying the din made it impossible to communicate on the pitch. Others claimed the vuvuzela posed a health hazard, stood to overwhelm TV broadcasts and was annoying, to boot. Why play the beautiful game, detractors asked, amid such horrible noise?
- ↑ Makhanya, Mondli (30 мај 2010). „Nothing kills the joy of soccer like a bunch of wailing vuvuzelas“. [[The Times (South Africa)|The Times (англиски)]]. Архивирано од изворникот на 2013-10-20. Посетено на 11 јуни 2010.
- ↑ Brunt, Stephen (11 јуни 2010). „The happy chaos of Soccer City“. The Globe and Mail. Посетено на 11 јуни 2010. (англиски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вувузела“ на Ризницата ? |
- Promotional film for World Cup Mexico 86 - Mexican plastic trumpets are shown - YouTube (англиски)
- Vuvuzela sound measurements South African Medical Journal, април 2010. (англиски)