Прејди на содржината

Владимир Борозанов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владимир Василев Борозанов (Битола, 20 јануари 1945) — македонски интернист-кардиолог и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Борозанов е роден во Битола на 20 јануари 1945 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград во 1968 година, а специјализацијал и субспецијализација на Медицинскиот факултет во Скопје. Од април 2008 е претседател на Лекарската комора на Македонија[1].

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Има објавено (со соработници) над 300 стручно-научни трудови и апстракти.

  • Кардиологија (соавтор), Белград, 2000;
  • Терапевтско-дијагностички прирачник за лекарите по општа медицина, Скопје, 2002;
  • Интерна медицина, Скопје, 2004;
  • Интерна пропедевтика, Скопје,2004.
  1. „ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР БОРОЗАНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛКМ“. Лекарска комора на Македонија. 10 април 2008. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 2009-11-26.