Виолета Аларова
Виолета Аларова | |
---|---|
Градоначалник на Центар | |
На должноста 2000–2009 | |
Претходник | Мирослав Грчев[1] |
Наследник | Владимир Тодоровиќ |
Лични податоци | |
Роден(а) | 3 септември 1945 Маџир Маало, Скопје, ДФ Македонија, ДФЈ |
Националност | Македонка |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Вероисповед | Православен |
Виолета Аларова (Скопје, 3 септември 1945) — поранешен градоначалник на Општина Центар, Скопје од 2000 г. 2009.
Основно образование завршила во основното училиште “Браќа Миладиновци”-Скопје, а средно во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Скопје, каде што билае една од најдобрите ученици. Веднаш по матурирањето се вработила во Македонското Радио каде што го поминала сиот работен век во траење од 36 години. Започнала од основните информации во новинарството, а завршила како Главен и одговорен уредник на Втората програма на македонски јазик и на јазиците на националностите во Македонско радио. Паралелно со работењето дипломирала на Правниот факултет во Скопје со извонреден успех и ги ислушала студиите за магистратура на тема Општествено-политички систем.[2]
Покрај новинарското творештво, Аларова со години работела како истакнат сатиричар во редакцијата на Остен, каде што е прогласена за новинар на годината.
Напишала две поетски книги Врата без излез и Разговор со дождот во коишто се отсликува нејзината душа и љубов кон сите луѓе на светот. Автор е и на 9 драмски текстови, од кои драмата Црвената светлина е прогласена за драма на годината. Исто така, Аларова била и претседател на управниот одбор на МИА.
На локалните избори во 2000 година била избрана за градоначалник на Општина Центар, а жителите на оваа општина ѝ ја довериле оваа функција по вторпат и на локалните избори во 2005 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пред 20 години Мирослав Грчев го нацрта ДУП-от за Дебар Маало, сите предвидувања се остварија – хаос, пренаселеност, бетон...“. mkd.mk. 10 април 2019. Архивирано од изворникот на 2019-04-11. Посетено на 2019-06-14.
- ↑ „Скопските градоначалници приватно“. Вест. 18 ноември 2006. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]