Прејди на содржината

Весна

Од Википедија — слободната енциклопедија

Весна е божица на пролетта во старата словенска религија.

Зборот весна на руски јазик значи пролет и младост. Во српскиот јазик честотати се употребува изразот весник на пролетта.

Во српскиот и македонскиот народ овој збор честопати се користи како женско име.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Етимологијата на името на божицата Весна ни го дава Крек на тој начин, што нејзиното име го доведува во врска со староиндискиот збор – вас – што значи да биде јасен, светол, светлост. Весна т.е. „светло или годишно време, кое донесува светлост (ведрина),“ може да се спореди и со староиндискиот – -{Vasanta}- – кој во авест гласи: vanri; во староперсијски: -{vahara}-; во новоперсијски: -{bahar}-; во грчки -{йар}-; во латински: -{ver}- место -{verer}-, -{veser}- пролет; во старонордијски: -{vbr}-, во лит: -{vasara}- што значи лето. Називи за пролет кај различни народи и во различни јазици наоѓаат свое единство во коренот: – -{vas}-. – Од сето ова, изгледа дека Весна била божица на пролетта.[1]

Весна Словените ја доживувале како убава, насмејана млада девојка накитена со венци и во бел фустан. Косата и била украсена со цветни ѕвончиња. Имала крупни очи. Во долниот дел на половината имала голем цветен венец.

Весна е божица на пролетта и покрај Лада се смета за божица која е олицетворение на ведри годишни времиња.[2] Поради овие особини, дека е божица на радосно и светло годишно време, таа била омилена меѓу народот. За тој факт сведочи и тоа што особено кај Македонците и Србите често се јавува женско име Весна. Луѓето им го давале на ќерките то име верувајќи дека нивните ќерки ќе бидат радосни и весели како божицата Весна, односно, како пролетта. Дека Весна е светло божество зборува и тоа дека на староиндијски зборот вас значи да биде светол, јасен, светлост. А токму тој збор се наоѓа во коренот на Весниното име.[3]

Весна никогаш не била осамена. Неа ја придружувале Геровит, кој бдеел над неа, и Стрибог, богот на ветрот и воздухот. Според легендите, Стрибог Весна ја донесувал секоја пролет на крилата на лесен и пријатен ветрец.

Митолошка борба со Морана

[уреди | уреди извор]
Весна и Морана

Веснината непријателка била Морана, божицата на зимата. Нивниот митски судир се повторувал секоја година на смена на зимата и пролетта. Весна носела победа со убивање на Морана, враќајќи ја во подземниот свет и ослободувајќи ја со тоа земјата од зима. Зимата била време кога многу луѓе се смрзнувале, гладувале и умирале. Со доаѓање на пролетта сето тоа се менувало. Затоа народот вообичаено се приклонувал кон Весна и ја довикувал, додека Морана била спалувана и фрлана во река.

Еден од празниците посветени на Весна го славеле сопружниците кои склучиле брак претходната година. Тоа бил еден од најрадосните празници кај Словените. За таа прилика се подготвувале колачи со мед, наречени медени колачи. Меѓутоа, овој празник подоцна црквата го поврзала со денот на четириесетте маченици, 22 март, и денас познат како Младенци. Весниниот цветен празник исто така се ��држал и денес се нарекува Цветнци. Во Веснините обреди се давало на верниците да проголтаат лескова пупка или глогов лист. Децата во време на цветање на врба биле китени со врбови реси, а околу вратот им се ставале ѕвончиња. Овој обред и во христијанството го одржал своето име, а име му е Врбица. Јајца се фарбале во пролет, обично во црвена боја, која го симболизирала сонцето, оганот и топлината, која ја донесувала Весна со своето доаѓање.

  1. Спасоје Васиљев - Словенска митологија (По I штампаном издању - Србобран, 1928)
  2. Сретен Петровић - Систем Српске митологије
  3. Vesna na www.starisloveni.com

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]