Прејди на содржината

Вајсвасер

Координати: 51°30′N 14°38′E / 51.500° СГШ; 14.633° ИГД / 51.500; 14.633
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вајсвасер/Бела Вода

Weißwasser/Běła Woda

Градската библиотека во Вајсвасер
Градската библиотека во Вајсвасер
Градската библиотека во Вајсвасер
Грб на Вајсвасер/Бела Вода
Вајсвасер/Бела Вода во рамките на Германија
Вајсвасер/Бела Вода
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Општ. заед. Вајсвасер
Градоначалник Торстен Печ (Klartext)
Основни податоци
Површина 63,60 км2
Надм. височина 140 м
Население 15.136 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 238 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02943
Повик. бр. 03576
Портал www.weisswasser.de
Местоположба на градот Вајсвасер/Бела Вода во рамките на округот Герлиц
Карта
Карта
Координати 51°30′N 14°38′E / 51.500° СГШ; 14.633° ИГД / 51.500; 14.633

Вајсвасер (германски: Weißwasser, горнолужички: Běła Woda) — град во историската област Горна Лужица, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија.

Вајсвасер е третиот најголем град во округот Герлиц, веднаш зад Герлиц и Цитау. Градската знаменитост е неговата водокула.

Историја

[уреди | уреди извор]

Вајсвасер бил спомнат првпат на 8 јуни 1552; името на градот значи „бела вода“. Станал дел од пруска Шлеска во 1815. Во XIX и XX век, Вајсвасер бил европскиот центар за производство на стакло. Станал дел од пруската покраината Долна Шлеска во 1919.

Вајсвасер ги добил своите градски права на 28 август 1935. Во Втората светска војна, 40% од градот бил уништен. Со распаѓањето на Прусија, како последица на војната, градот станал дел од Саксонија од 1945-52. Потоа бил дел од комунистичка Источна Германија од 1952-90 и администриран во рамките на Округот Котбус. Многу претпријатија биле затворени во текот на комунистичкиот режим. По падот на Берлинскиот ѕид, останале само неколку. По обновувањето на Саксонија по повторното обединување на Германија, градот се вратил под администрација на покраината.

Вајсвасер сега се соочува со последиците од повторното обединување на Германија, особено силно била погодена локалната економија. Многу луѓе ги загубиле нивните работни места и во градот сè уште има висока стапка на невработеност. Постепено, многу луѓе се решаваат да ја напуштат областа во потрага по работа во другите делови на Германија.

Во септември 2005, Вајсвасер бил домаќин на „Денот на Саксонците. Настанот бил многу успешен, со над 300.000 посетители, со што градот се презентирал како идна туристичка атракција.

Грбот бил донесен на 31 јануари 1927. Двете зелени стаклени чаши ја симболизираат индустријата за стакло на градот, која била една од најголемите во поранешна Источна Германија. Алатите се однесуваат на рударството, кое сега е напуштено во градот. Сината и жолтата се традиционални бои на Горна Лужица и белите бранови во долниот дел на грбот го симболизираат името на градот.

Население

[уреди | уреди извор]

Движење на бројките за население низ години:

  • 1825 - 390
  • 1933 - 13.494
  • 1939 - 14.388
  • 1946 - 12.940
  • 1950 - 13.844
  • 1960 - 14.028
  • 1981 - 32.799
  • 1984 - 34.994
  • 1988 - 38.288
  • 1995 - 31.745
  • 1997 - 30.300
  • 1998 - 28.605
  • 1999 - 27.315
  • 2000 - 26.107
  • 2001 - 24.815
  • 2002 - 23.862
  • 2003 - 22.966
  • 2004 - 22.758
  • 2005 - 21.912
  • 2006 - 20.823
  • 2007 - 20.298
  • 2008 - 19.927
  • 2009 - 19.615
  • 2010 - 19.416

Извор од 1998: Статистичко биро на Саксонија

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Водокула
  • Стадион за хокеј на мраз „Фухсбау“
  • Музеј за производителите на стакло
  • Зоолошка градина
  • Пиклер - парк во Бад Мускау
  • Рододендрон - парк во Кромлау
  • Шумска железница Мускау
  • Браунштајх - езеро

Локалниот клуб за хокеј на мраз Eissport Weißwasser, познат и како „Лисиците“, бил најуспешниот клуб во Првата лига за хокеј на мраз во поранешната Источна Германија.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]