Будика
Будика, исто така позната во Велс како Будуг[1] — кралица на британското племе Ицени, келтско племе кое го предводи востанието против окупаторските сили на Римското Царство.
Сопругот на Будика, Прасутаг бил владетел на Ицените. Тој владеел како номинално независен сојузник на Рим и го оставил своето царство на неговите ќерки и римскиот цар. Меѓутоа, кога тој починал неговата волја била занемарена и царството било освоено.
Во 60 или 61 година, додека римскиот управник Гај Светониј Павлин водел кампања на островот Англесеј, Будика ги предводи Ицените како и Триновантите и другите во револт.[2] Тие го уништија Камулодунум (модерен Колчестер). Камулодунум претходно бил главен град на Триновантите, но во тоа време бил Римска колонија-населба за римските војници, како и местото на храмот на поранешниот цар Клавдиј. Откако ги слушнал вестите за револтот, Светониј побрзал до Лондиниум (модерен Лондон), дваесетгодишната стопанско-трговска населба, која била следната цел на бунтовниците.
Римјаните, откако заклучиле дека не ги има доволно за да можат да го одбранат населеното место, се евакуирале и го напуштиле Лондиниум. Будика довела 100.000 Ицени, Тринованти и други да се борат, ги запалиле и уништиле Лондиниум и Веруламиум (денешен Сент Албанс).[3][4] Се проценува дека 70.000-80.000 Римјани и Британци биле убиени во трите градови од страна на оние предводени од Будика.[5] Светониј, во меѓувреме, ги регрупирал своите сили во Уест Мидландс, и покрај тоа што ги имало помалку, ги поразиле Британците во Битката кај Уатлинг Стрит.
Кризата предизвика Нерон да размисли за повлекување на сите римски сили од Велика Британија, но евентуалната победа на Светониј над Будика ја потврди римската контрола врз покраината. Будика потоа или се самоубила за да не биде заробена, или се разболела и умрела. Изворите на Такит[6] и Касиј Дион се разликуваат.[7]
Интересот за историјата на овие настани бил оживеан за време на англиската ренесанса и доведе до оживување на славата на Будика за време на Викторијанската ера и кралицата Викторија била претставена како нејзин имењак.[8] Будика оттогаш остана важен културен симбол во Обединетото Кралство. Сепак, отсуството на британска литература за време на почетокот на првиот милениум значи дека знаењето за бунтот на Будика доаѓа само од делата на Римјаните.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Davies, John (1993). A History of Wales. London: Penguin. стр. 28. ISBN 0-14-014581-8.
- ↑ Hingley, Richard; Unwin, Christina, Boudica: Iron Age Warrior Queen, Hambledon Continuum; New Ed edition (15 June 2006), ISBN 978-1-85285-516-1, p.44 and 61
- ↑ N. Davies, The Isles: A History, 2008, p. 93.
- ↑ S. Dando-Collins, Legions of Rome: The definitive history of every Roman legion, 2012
- ↑ Tacitus, Annals 14.33
- ↑ Такит, Агрикола 14-16; Annals 14:29-39
- ↑ Касиј Дион, Римска историја .html#1 62:1-12
- ↑ The Gentleman's Magazine. W. Pickering. 1854. стр. 541–.
|