Бромид
| |||
Систематско име | бромид[1] | ||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
24959-67-9 | |||
Бајлштајн | 3587179 | ||
ChEBI | CHEBI:15858 | ||
ChEMBL | ChEMBL11685 | ||
ChemSpider | 254 | ||
14908 | |||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
KEGG | C01324 | ||
PubChem | 259 | ||
| |||
UNII | 952902IX06 | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Конјуг. киселина | бромоводород | ||
Термохемија | |||
Ст. енталпија на образување ΔfH |
−121 kJ·mol−1[2] | ||
Стандардна моларна ентропија S |
82 J·mol−1·K−1[2] | ||
Pharmacology | |||
ATC код | N05CM11 | ||
Фармакокинетика: | |||
12 д | |||
Слични супстанци | |||
Други анјони | флуорид | ||
Дополнителни податоци | |||
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Бромид — негативно наелектризиран јон (Br−) на елементот бром, припадник на халогените. Хемиските соединенија наречени бромиди се безбојни. Наоѓаат многу практични примени како антиконвулзиви, огноотпорни материјали, и вапсила на клетки.[3] Иако е ретко, долготрајното внесување на бромиди предизвикува бромизам, синдром со повеќе невролошки симптоми. Долготрајната изложеност може да предизвика и исфрлање на кожата. Бромидниот јон има јонски полупречник од 196 пм.[4]
Застапеност во природата
[уреди | уреди извор]Бромидот е присутен во типичната морска вода (35 ПЕС) во концентрација од околу 65 мг/л, што изнесува 0,2 % од сите растворени соли. Морската храна и длабокоморските растенија бично имаат повеќе бромид отколку копнената грана. Најчест бромиден минерал е бромаргиритот (кристално сребро бромид), но сепак е многу редок. Покрај среброто, бромот се содржи и во минерали смешан со жива и бакар.[5]
Образување и реакции на бромидот
[уреди | уреди извор]Дисоцијација на бромидните соли
[уреди | уреди извор]Бромидните соли алкалните, земноалкалните и многу други метали се раствораат во вода (па дури и некои алкохоли и естри) и даваат бромидни јони. Класичен случај е натриум бромидот, кој наполно се дисоцира во вода:
- NaBr → Na+ + Br−
Бромоводородот, кој е двоатомска молекула, добива солни својства во допир со вода, давајќи јонски раствор наречен хипобромна киселина. Процесот употресно може да се опише како образување на хидрониумска сол на бромидот:
- HBr + H2O → H3O+ + Br−
Хидролиза на бромот
[уреди | уреди извор]Бромот лесно реагира со вода, т.е. претрпува хидролиза:
- Br2 + H2O → HOBr + HBr
Ова образува хипоброместа киселина (HOBr) и хипобромна киселина (HBr во вода). Растворот е наречен „бромна вода“. Хидролизата на бромот е поповолна во присуство на база, како на пример натриум хидроксид:
- Br2 + NaOH → NaOBr + NaBr
Оваа реакција е аналогна на производството на белило, каде хлорот се раствора во присуство на натриум хидроксид.[6]
Оксидација на бромот
[уреди | уреди извор]Бромиден јон можеме да го испитаме додавајќи оксидатор. Едн метода користи разредена азотна киселина (HNO3).
Методата на Балард и Левиг може да послужи за вадење на бром од морска вода и извесни расоли. На пример, кога се испитува концентрација на бромиди се додава хлор, кој дава бром (Br2):[7]
- Cl2 + 2 Br− → 2 Cl− + Br2
Примена
[уреди | уреди извор]Главната стопанска вредност на бромидот е во производството органобромни соединенија, кои се прилично специјализирани. Органобромните соединенија претежно се користат како огноотпорници, но дури и ова е спорна тема. Се произведуваат многу метални бромиди како LiBr, NaBr, NH4Br, CuBr, ZnBr2 и AlBr3. Претходно служел како сотојка во развивањето на фотографски филм, чија вредност опаѓа, а се користи и во течности за дупчење, кои бараат општонаменски густи соединенија и затоа таму има мала вредност.[8]
Биохемија
[уреди | уреди извор]Бромидот ретко се споменува во биохемиски контекст. Некои ензими користат бромин како супстрат или кофактор.
Супстрат
[уреди | уреди извор]Бромопероксидазните ензими користат бромид (обично во морска вода) за да создадат електрофилни броминирачки агенси. Со овој процес се добиваат стотици органобромни соединенија. Значаен пример е бромоформот, од кој по овој пат се поизведуваат илјадници тони годишно. Старинското ваписло пурпур се добива со слични ензимски реакции.[9]
Кофактор
[уреди | уреди извор]Бромидот е неопходен кофактор во периксидирачката катализа на сулфониминските вмрежувања во колагенот IV. Оваа посттранслациска измена се јавува кај сите животни, а бромот е неопходен микроелемент за човекот.[10]
На еозинофилите им е потребен бромин за да се борат против повеќеклеточни паразити. Хипобромидот се произведува преку еозинофилска пероксидаза, ензим кој може да користи хлорид, но претпочита бромид.[11]
Испитано е дека просечната концентрација на бромид во човечката крв во Квинсленд, Австралија изнесува 5,3 ± 1,4 мг/л, и истата се разликува со староста и полот.[12] Многу повисоки количини укажуваат на изложеност на броминирани хемикалии. Се среќава и во морската храна.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bromide – PubChem Public Chemical Database“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information. Архивирано од изворникот 3 ноември 2012.
- ↑ 2,0 2,1 Zumdahl, Steven S. (2009). Chemical Principles (6. изд.). Houghton Mifflin. ISBN 978-0-618-94690-7.
- ↑ Rattley, Matt (2012). „Ambiguous bromine“. Nature Chemistry. 4 (6): 512. Bibcode:2012NatCh...4..512R. doi:10.1038/nchem.1361. PMID 22614389.
- ↑ Shannon, R. D. (1976). „Revised effective ionic radii and systematic studies of interatomic distances in halides and chalcogenides“. Acta Crystallographica A. 32 (5): 751–767. doi:10.1107/s0567739476001551.
- ↑ „Mindat.org - Mines, Minerals and More“. www.mindat.org. Архивирано од изворникот 2 март 2001. Посетено на 29 април 2018.
- ↑ Chemistry of the Elements, N. N. Greenwood, A. Earnshaw, Elsevier, 2012, pp 789
- ↑ Magazinovic, Rodney S.; Nicholson, Brenton C.; Mulcahy, Dennis E.; Davey, David E. (2004). „Bromide levels in natural waters: its relationship to levels of both chloride and total dissolved solids and the implications for water treatment“. Chemosphere (англиски). 57 (4): 329–335. Bibcode:2004Chmsp..57..329M. doi:10.1016/j.chemosphere.2004.04.056. PMID 15312731. Архивирано од изворникот 25 мај 2021. Посетено на 7 март 2021.
- ↑ Dagani, Michael J.; Barda, Henry J.; Benya, Theodore J.; Sanders, David C., „Bromine Compounds“, Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Weinheim: Wiley-VCH, doi:10.1002/14356007.a04_405
- ↑ Gribble, Gordon W. (1999). „The diversity of naturally occurring organobromine compounds“. Chemical Society Reviews. 28 (5): 335–346. doi:10.1039/a900201d.
- ↑ McCall, A. Scott; Cummings, Christopher F.; Bhave, Gautam; Vanacore, Roberto; Page-McCaw, Andrea; Hudson, Billy G. (2014). „Bromine Is an Essential Trace Element for Assembly of Collagen IV Scaffolds in Tissue Development and Architecture“. Cell (англиски). 157 (6): 1380–1392. doi:10.1016/j.cell.2014.05.009. PMC 4144415. PMID 24906154.
- ↑ Mayeno, Arthur N.; Curran, A. Jane; Roberts, Robert L.; Foote, Christopher S. (5 април 1989). „Eosinophils Preferentially Use Bromide to Generate Halogenating Agents“. Journal of Biological Chemistry. 264 (10): 5660–5668. doi:10.1016/s0021-9258(18)83599-2. ISSN 0021-9258. PMID 2538427.
- ↑ Olszowy, HA; Rossiter, J; Hegarty, J; Geoghegan, P (1998). „Background levels of bromide in human blood“. Journal of Analytical Toxicology. 22 (3): 225–30. doi:10.1093/jat/22.3.225. PMID 9602940.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|
|