Бокситогорск
Бокситогорск ( руски: Бокситогорск) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во југоисточниот дел на Ленинградската област, на подрачјето на Бокситогорскиот реон, кој е исто така административен центар.
Според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година во градот живееле 16 028 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот Бокситогорск се наоѓа во западните делови на Бокситогорскиот реон, на југоистокот на Ленинградската област . Низ градот тече реката Пјардомла (должина на протокот е 22 километри), притока на реката Сјас. Градската територија зафаќа територија од само 13 км². Градот се наоѓа на местото каде што Валдајските ридови постепено се влеваат во многу пониската и порамна рамнина Тихвин, а седиштето на градот лежи на надморска височина од околу 100 метри.
Околу 270 километри е оддалечен источно од Санкт Петербург. Околу 11 километри северно од градот се наоѓа автопатот А114 што ја поврзува Вологда со Нови Ладога .
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на Бокситогорск започнува во 1929 година, кога биле подигнати првите градби во подрачјето на денешната населба и кога започнала експлоатацијата на руда од боксит, што била откриена на тоа подрачје околу половина век порано. Благодарение на рудното богатство, населбата брзо се развивала, изградена била пруга што е поврзана со линијата Ленинград - Вологда, а веќе во 1935 година населбата е административно уредена како работничко гратче Бокситогорск со железничката станица Боксити.
Во 1938 година Тихвинскиот алуминиумски комбинат започнала да работи со полн капацитет. Населението забрзано растело уште во 1940 година достигнало бројка од десет илјади. Една година подоцна, рафинеријата за екстракција на тресет, која се снабдувала со суровини од блиското Ларјанско тресетиште, започнала со работа.
За време на Втората светска војна (особено во периодот од 1941 до 1943 година ), градот служел како голема воена болница и како ремонтен центар за воена опрема, додека целата индустриска техника била евакуирана на подрачјето на Урал. Во тој период, во градот бил отворен воен аеродром. Индустриското производство во Бокситогорск било обновено веднаш по завршувањето на војната.
Бокситогорск во 1950 година добил административен статус на град, а како административно седиште на истоимениот реон постои од 25 јули 1952 година.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 16 585 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година градот имал 16 028 жители.
1939 година | 1959 година | 1970 година | 1979 година | 1989 година | 2002 година | 2010 година | 2014 година |
---|---|---|---|---|---|---|---|
9 221 | 20 394 | 22 248 | 23 212 | 21 839 | 18 128 | 16 585 | 16 028 |
Меѓународна соработка
[уреди | уреди извор]Градот Бокситогорск потпиша договори за партнерство и соработка со следниве градови:
- Харјавалта (Финска)
- Киукаинен (Финска)
- Накила (Финска)
Познати бокситогорци
[уреди | уреди извор]Во Бокситогорск во 1943 година роден е советско-француски математичар и добитник на Абелова награда во 2009 година за неговиот голем придонес во развојот на геометријата Михаил Громов.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бокситогорски реон
- Ленинградски регион