Боиште
Боиште | |
Координати 41°11′46″N 21°06′01″E / 41.19611° СГШ; 21.10028° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10005 |
Надм. вис. | 958 м |
Слава | Ѓурѓовден Петковден[2] |
Боиште на општинската карта Атарот на Боиште во рамките на општината | |
Боиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Боиште е планинско село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат двете планини, Плакенска и Илинска.
Се работи за планинска населба на надморска височина од 910 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Боиште — село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има релативно голем атар од 22 км2. Убедливо најголем дел од тоа земјиште отпаѓа на шумите (1176,1 хектари), а потоа на пасиштата со 495,2 хектари. Останатите 439,5 хектари отпаѓаат на обработливо земјиште. Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Боиште имало 650 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боиште имало 720 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Боишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 650 | 720 | 686 | 661 | 495 | 382 | 180 | 9 | 22 | 7 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Боиште е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Староседелци: Богдановци (9 к.); Дамчевци со Тодорчевци, Јанковци, Банаковци, Здравевци и Трајковци (11 к.); Џамбазовци (11 к.); Белевци (5 к.); Боцевци и Божиновци (3 к.); Вељанчевци (20 к.); Вековци (6 к.); Гајтановци со Чешалковци и Чукалковци (5 к.); Зајаковци (2 к.); Даљановци (5 к.); Пројковци со Китановци (6 к.); Перумуновци (4 к.); Цветковци со Јошаревци (10 к.); и Попевци (7 к.).[14]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.
Избирачко место
[уреди | уреди изв��р]Во селото постои избирачкото место бр. 643 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект - куќа на васил талевски.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Св. Атанас — црква од средниот век;
- Св. Петка — црква од средниот век.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1850 г.
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Атанасиј“ („Св. Атанас“) — црква од поново време, потоа одново градена во 2010 г. поради лошата состојба
Личности
[уреди | уреди извор]- Тале Тодоров Дојчиновски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Тале Димов Анѓелевски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Петре Марков Анѓелевски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Ѓеорги Петров Талев — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Тале Ристев Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Даме Петровски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Тале Иванов Јовановски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Коте Ставрев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Науме Илиовски — македонски партизан
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1952 година населението многу малку се иселувало од селото. Иселеници имало само во Битола (2 семејства).[14]
Посилен бран на иселување има после 1953 година, за што сведочи големиот пад на население, во 1953 во селото е забележана бројка од 661. А во 2002 година во селото живееле само 7 жители.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 33.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. Железник. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 23,0 23,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|