Прејди на содржината

Беровско Езеро

Координати: 41°40′08″N 22°54′22″E / 41.669° СГШ; 22.906° ИГД / 41.669; 22.906
Од Википедија — слободната енциклопедија
Беровско Езеро
Ратевско Езеро
Поглед на Беровското Езеро
Координати41°40′08″N 22°54′22″E / 41.669° СГШ; 22.906° ИГД / 41.669; 22.906
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија Македонија
Најг. должина2.500 м км
Најг. ширина350 м км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
0,527 км2 км2
Прос. длабочина58 м м
Надм. височина990 м м
Островинема
Населени местаБерово

Беровско Езеро или Ратевско Езеровештачко езеро во Малешевијата, непосредно до селото Ратево, односно гратчето Берово чии имиња ги носи напоредно.

Географски одлики

[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа по течението на Клепалска река, во непосредна близина на Берово, односно на 7 км оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.

Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Најголем е туристичкиот комплекс „Малешево“, потоа хотелот „Манастир“, кој има 40 кревети, и во „Ловниот дом“ во месност�� Јуовец, кој располага само со десетина легла. Најнова градба е современиот туристички комплекс на туристичката агенција „Аурора“. Во атрактивните излетнички места Абланица и Суви Лаки може да се ноќева само во приватните вили и викендички.

Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организарани странски туристи[1].

Проекти и заштита

[уреди | уреди извор]

Поради големиот туристички развој на езерото од страна на локалната самоуправа Берово и владата на Република Македонија, обезбедена е проектна документација со која се дава техничко решение за прифаќање на фекални отпадни води со главен и секундарни колектори, како и техничко - технолошко решение за третман на отпадните води во пречистителна станица. Имено, покрај Беровското Езеро постојат изградени или се планираат да се изградат викендички од кои фекалната канализација се пушта слободно да тече по површината и истата понирајќи стигнува до водите на Беровско Езеро кои се користат за водоснабдување на Берово и околните села и за наводнување на земјоделски површини[2].

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

За езерото

[уреди | уреди извор]