Береховски реон
Береховскиот реон (украински: Берегівський район, унгарски: Beregszászi járás) е реон во Закарпатија. Административен центар е Берехово, град од регионално значење на Украина. Многу векови истиот бил центар на Округ Берег. Според пописот од 2013 г. реонот имал 51804 жители.
Општи податоци
[уреди | уреди извор]- Население: 51804
- Површина: 635 км2
- Надморска висина: 120
- Поштенски код: 90200
- Телефонски код: +3803141XXXXX
- Административен центар: Берехово
- Градови: 1
- Села: 42
- Мрежно место: http://www.bereg-rda.gov.ua/ Архивирано на 5 септември 2015 г.
- Гувернер: Ихор Свишчо
Местоположба
[уреди | уреди извор]Реонот зафаќа 635 км2 или 5,5 % од Закарпатија. Сместен е во југозападниот дел од областа и се граничи со Унгарија и другите обласни реони. Низ реонот течат три реки Тиса, Боржава и Салва. Поголемиот дел од реонот е рамнина.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2001 г., населението на реонот е 54614 жители[1](од 2004[update] ), или 4% од населението на Закарпатската област. 50000 живеат во рурални населени места. Украинските унгарци во овој реон се мнозинство (76.1%). Други етникуми во овој реон се: Русини (18.8%), Руси (0.7%), Роми (4.1%).
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Береховскиот реон се состои од една градска и 30 селски општини. Сите имаат своја администрација/собрание наречено “рада”. Административниот центар е Берехово. Истиот не спаѓа во реонот. Има статус на град од регионално значење.
- Административен центар: Берехово
- Градска општина: Батиово
- Селски општини:
- Астеи
- Бадалово
- Батрад (Батрат и Хоронхлаб)
- Бене
- Берехујфалу
- Боржава
- Вари
- Велика Бакта
- Велика Бијхан (Велика Бијхан и Мала Бијхан)
- Велики Берехи
- Дјида
- Запсон
- Јаношо (Јаноши и Балажер)
- Квасово
- Киѓош
- Косон
- Мочола
- Мужиево
- Нижни Ремети (Нижни Ремети и Веркни Ремети)
- Оросијево
- Попово (Попово, Мале Попово, Хетен)
- Рафаиново
- Свобода (Свобода, Бадив, Бакош, Даниливка)
- Халабор
- Хат (Хат и Чикош-Хоронда)
- Хеча
- Хут
- Четфалва
- Чома
- Шом (Шом и Каштаново)
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Патишта
[уреди | уреди извор]Низ реонот поминува еден европски пат, т.е. два, и тоа: и . Патот поминува во правец север-југозапад од Мукачево до Берехово, потоа до романската или унгарската граница. Патот Р54 се наоѓа меѓу Берехово и Астеи, и излегува на унгарската граница. Низ Берехово поминува кој поминува низ Винохрадив и Хуст и се поврзува со Н09. Покрај граничниот премин кај Астеи, реонот има уште два премини, еден кај Косон и еден кај Батрад. Обласни патишта се: T0714, T0707, T0715, T0731, T0717.
Железници
[уреди | уреди извор]Има 6 железнички станици во реонот, од кои најголеми се во Батиово и Берехово. Станицата во Батиово е крстосница меѓу Чоп, Мукачево и Берехово.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Знаме на Береховски Реон
-
Грб на Береховски Реон
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „About number and composition population of ZAKARPATTIA REGION by data All-Ukrainian population census '2001“. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 2016-05-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Береховски реон“ на Ризницата ? |
- Zakarpattia Census Results (2001) Архивирано на 11 септември 2007 г.
- Administrative division of Berehovo Raion (at Verkhovna Rada website)
|
|