Прејди на содржината

Бањичко Кале

Координати: 41°41′41″N 21°37′41″E / 41.6947° СГШ; 21.6280° ИГД / 41.6947; 21.6280 (Бањичко Кале)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта
Местоположба на Бањичко Кале

Бањичко Кале (или само Кале) — археолошко наоѓалиште и споменик на природата сместен на 5 км југозападно од селото Бањица во Општина Чашка, Велешко. Претставува доминантен рид со зарамнет врв, кој зафаќа површина од околу 2 декара.

Градиште

[уреди | уреди извор]

На ридот се видливи остатоци од градиште од доцноантичкото време од ѕидови во должина од 150 м. Во внатрешноста на градиштето има рушевини од ѕидови на повеќе објекти, големо количество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и монети.[1]

Палеонтолошки наоди

[уреди | уреди извор]

Бањичкото Кале во 1983 г. е прогласен за природна знаменитост[2] поради застапеноста на фосили во варовничката карпа од периодот на горната креда.[3] Во варовничките плочи се најдени остатоци од богата морска фауна, претставена со школки, амонити и полжави. По богатството на наодите спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта.

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. Посетено на 13 јуни 2019.
  3. Маркоски, Б.; и др. (2016). Национална стратегија за заштита на природата (2017-2027) (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 87. ISBN 978-9989-110-91-7.

41°41′41″N 21°37′41″E / 41.6947° СГШ; 21.6280° ИГД / 41.6947; 21.6280 (Бањичко Кале)