Од Википедија — слободната енциклопедија
Баскервилскиот пес (англиски: The Hound of the Baskervilles) — криминалистички роман од сер Артур Конан Дојл, издаван во списанието Стренд во 1901 и 1902. Случките се одвиваат во Дартмур во 1889. Во делото Шерлок Холмс и Д-р Вотсон ја истражуваат клетвата поврзана со Баскервилскиот пес.
Главно вдахновение било мочуриштето Фокс Тор за пишување на романот. Имотот на Бскервил е или имотот на Хејфорд Хол или на Брук Менор, што и двете се во близина на Баскфестлија. Во ова дело повторно се појавува Шерлок Холмс со Д-р Вотсон. Конан Дојл ги вметнал повторно поради нивниот претходен успех.
- Шерлок Холмс – главниот лик во романот, детективот од 221Б Бејкер Стрит во Лондон кој ќе ја реши мистеријата околу ѕверот и убиставата.
- Џон Вотсон – раскажувачот на приказната, соработник на Шерлок Холмс и негов пријател.
- Хуго Баскервил – сопственик на имотот Баскервил од 17 век со кого започнала мистеријата во семејството.
- Чарлс Баскервил – препоследниот преживеан сопственик на имотот, кој е убиен веднаш на почетокот на романот и неговото убиство е едно од главните во романот.
- Хенри Баскервил – внук на Чарлс Баскервил, наследник на имотот и еден од главните ликови.
- Д-р Мортимер – лекар, пријател на Чарлс и Хенри Баскервил, лик кој го открива убиството.
- Џек Степлтон – главниот антагонист, убиец и заговорник на серија убистава и проневери.
- Берил Степлтон – сопруга на Џек Степлтон, но и во улога на негова сестра.
- Џон и Елиза Беримор – главни домашни помошници на Баскервелови.
- Лора Лионс' – наводна љубовница на Џ. Степлтон.
- Селден – тежок криминалец кој пребегнал во близината на Баскервелови.
|
---|
| Романи | | |
---|
| Збирки раскази | |
---|
| Главни личности | |
---|
| Поврзани теми | |
---|
|