Прејди на содржината

Балталија

Координати: 41°39′6″N 22°14′11″E / 41.65167° СГШ; 22.23639° ИГД / 41.65167; 22.23639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Балталија

Воздушен поглед на селото

Балталија во рамките на Македонија
Балталија
Местоположба на Балталија во Македонија
Балталија на карта

Карта

Координати 41°39′6″N 22°14′11″E / 41.65167° СГШ; 22.23639° ИГД / 41.65167; 22.23639
Регион  Источен
Општина  Штип
Област Лакавица
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 380 м
Балталија на општинската карта

Атарот на Балталија во рамките на општината
Балталија на Ризницата

Балталија — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Лакавица, во јужниот дел на територијата на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица, лева притока на Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 18 километри.[2]

До селото води пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е заеднички со оној на селото Лакавица.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194869—    
1953100+44.9%
1961115+15.0%
1971101−12.2%
198156−44.6%
ГодинаНас.±%
199130−46.4%
199426−13.3%
200222−15.4%
20217−68.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Балталија имало 70 жители, од кои 40 Турци и 30 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балталија имало 32 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[5]

Балталија е мало село, коешто во 1961 година броело 115 жители, а во 1994 година бројот се намалил за 26 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, населението на Балталија броело 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 6 Турци и 1 Влав.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 70 32 69 100 115 101 56 30 26 22 7
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Балталија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Балталија, се наоѓале и селата Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Селото припаѓало на Општина Лакавица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2308 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лакавица.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[11]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 18. Посетено на 24 октомври 2024.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.34“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-01-07.
  4. Brancoff, D.M, (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne. Париз. стр. 134-135.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]