Арапска и персиска астрологија
Новата исламска цивилизација брзо започнала со апсорбирањето на многу култури кои ги довела како поданици под своето царство. Трагедија било палењето на древната библиотека во Александрија во 642 година, но сепак Арапите почнале да го учат знаењето од минатото, и токму благодарение на муслиманските научници, делата од древна Грција се зачувани до ренесансата во Европа.
Историја
[уреди | уреди извор]Арапскиот интерес за астрологија бил интегрален дел од нивната опсесија со математиката и науката во 7 век. Незибежна била критиката на астрологијата од страна на ортодоксните религиозни кругови, но астролозите главно уживале ист степен на популарност и кај народот и кај принцовите.
Постојат три големи периоди во исламската астрологија: првиот во 8 и 9 век во Багдад, Каиро и Дамаск, вториот во Шпанија од 10 до 12 век, и третиот во Персија во 13 и 14 век.
Арапска астрологија
[уреди | уреди извор]Првиот познат арапски хороскоп бил направен по повод крунисувањето на кралот Косро Аносхарван, на 18 август 531 година.[1] Но сепак, традиционалниот почеток на астрологијата во муслиманскиот свет е датиран со преводот на индискиот текст „Сиданда“ на арапски како „Синдинд“, по наредба на калифот Ал-Мансур во Багдад, во 770-773 година.[1] Арапите отсекогаш ја користеле астрономијата за навигација во пустините, и ова може да биде делумно објаснување зошто со толкав ентузијазам ја прифатиле и астрологијата.
Арапите направиле неколку многу важни унапредувања во астрономијата и астрологијата. Во астрологијата вовеле нови и комплицирани техники, а во астрономијата се обидувале да го подобрат системот на Птоломеј. Се знае дека калифите им подарувале на астрономите опсерватории.
Во првиот бран на исламската астрономија, големи имиња се Ал-Фаргани (847-861 година), познат на запад како Алфеганус, Абу Машар (787-886 година), чија книга „Вовед во астрологијата“ била многу популарна во Европа во 12 век, и Ал-Баруни (973-1048 година), чие мешање на астрономијата и мистицизмот дури сега почнува повторно да се открива. Ибн Јунус (умрел 1009 година), кој работел во Каиро, произвел нов комплет на планетарни табели, „Хакемите Таблес“, први после Птоломеј.[2]
Персиска астрологија
[уреди | уреди извор]Последниот бран на исламската астрологија се случил во Персија, од 13 до 14 век, која во тоа време била во рамките на Монголското Царство. Во 1258 година, Хулагу Кан, синот на Џингис Кан, го освоил калифатот на Багдад, но немал намера да ја збрише науката. Веќе наредната година, 1259 година, оформил голема опсерваторија во северозападна Персија, во Мегара, каде се собрала група астролози. Оваа опсерваторија не опсотјала долго, можеби затоа што била далеку од традиционалните центри за учење.
Последното процветување на астрологијата во Персија дошло во 1420 година. Таа година, Улуг Бег, внук на монголскиот освојувач Тамбурлан, основал опсерваторија во Самарканд, кој тоа време бил центар на величественото царство. Таму бил составен првиот ѕвезден каталог после Птоломеј, но опсерваторијата не опстојала долго.
Фиксните ѕвезди
[уреди | уреди извор]Меѓу придобивките од арапската астрологија е и користењето на т.н. фиксни ѕвезди при толкување на астролошката карта. До денес се зачувани астролошки описи на околу 100 ѕвезди. Наредната табела содржи пример од 10 ѕвезди:
Ѕвезда | Значење |
---|---|
Ахернар | Бела ѕвезда која се наоѓа на утоката од реката. Името ѝ доаѓа од Ал-Ахиру-н-Нехр, со значење „Крајот на реката“. |
Алдебаран | Бледорозова ѕвезда, која го обележува јужното, односно левото око на Бикот. Името ѝ доаѓа од Ал-Дабаран, т.е. „Следбеник“. Била една од четирите царски ѕвезди или „чувари на небото“ кај Персијците, и како „чувар на истокот“ ја одбележувала пролетната рамноденица. |
Алтаир | Бледо-жолта ѕвезда во Орловиот врат. Името ѝ доаѓа од Ал-Таир, т.е. „Орел“. Понекогаш ја викале и „Јупитерова птица“. |
Бетелгез | Портокалова ѕвезда, сместена на левото раме на Орион. Името ѝ значи „Пазувата на главниот“. Се сметало дека носи воена слава, унапредување и богатство. |
Денеб | Зелена ѕвезда во опашката на Орелот. Името ѝ доаѓа од а-Денеб, што значи „Опашка“. Носи способност за управување и успех во војна. |
Лабрум | Сместена е на Пехарот, и симболично наречена „Светиот грал“. Носи тежнеење кон идеали, интелигенција, слава и богатство. |
Северница | Двојна ѕвезда, сместена на опашката од соѕведието „Мала Мечка“. Персијците ја викале Ал-Рукаба, односно „Јавачи“. Тоа е поларната ѕвезда „Северница“. Носи многу незгоди, болести, несреќи. Арапите верувале дека со замислувањето на Северница се лечи воспалување на очите. |
Ригел | Двојна синобела ѕвезда, сместена на левото стапало на Орион. Името ѝ значи „Стапало“. Носи среќа, благосостојба, слава и способности за иновации. |
Сириус | Двојна ѕвезда, сместена во устата на Големото куче. Името ѝ значи „Оној што свети“. Кај старите Египќани била позната како „Тот“, а Кинезите ја нарекувале „Небесен волк“. |
Вега | Бледа ѕвезда со боја на сафир, се наоѓа во долниот дел од соѕвездието Лира. Името ѝ значи „Оној кој паѓа“.[3] |
Значењето на имињата на ѕвездите не може да се сфати без да се познаваат соѕвездијата чиј дел се овие ѕвезди. Некои астролози и денес ги користат арапските објаснувања и толкувања на позицијата на ѕвездите, покрај вообичаените планети. На пример, за Алдебаран се вели дека носи енергија, самодоверба и водство како квалитети, додека Вега се смета за добра среќа.[4]