Ангус
Ангус Angus Aonghas | |
---|---|
Грб | |
Местоположба | |
Географија | |
Површина | X место |
- Вкупно | 2182 км² |
Админ. центар | Форфар |
ISO 3166-2 | GB-ANS |
ONS-код | 00QC |
Демографија | |
Население | XIX место |
- Вкупно (2005) | 110.300 |
- Густина | 51/км² |
Политика | |
Совет на Ангус http://www.angus.gov.uk/ | |
Управ. партии | независен/Конзервативци/Либералдемократи/Лабуристи |
Пратеници |
|
Пратеници |
|
Ангус (англиски: Angus, гелски: Aonghas) е управна област, регистарска грофовија и намесништво во Шкотска. Областа се граничи со управните области Абердиншир, Перт и Кинрос и градот Данди. Главни стопански гранки се земјоделството и рибарството.
Историја
[уреди | уреди извор]Ангус во минатото бил грофовија (официјално Форфаршир од XVIII век до 1928, кога е вратено древното име) сè до 1975 кога станал округ во рамките на регионот Тејсајд. Во 1996 е укината двостепената локална самоуправа, и така Ангус станал управна област. Грофовијата Ангус се граничела со грофовиите Кинкардиншир на североисток, Абердиншир на север и Пертшир на запад. На југ гледала во Фајф преку Тејскиот Ферт. Границите на денешната управна област се исти како оние на грофовијата, но без градот Данди.
Географија
[уреди | уреди извор]Ангус може да се подели на три географски подрачја. Северниот и западниот дел е планински и ретко населен. Населението претежно се занимава со сточарство. Јужниот и источниот дел го карактеризираат благи ридови и крајбрежје. Овој дел е мошне населен, а најголемите места (како градот Данди) се приморски. Помеѓу овие две подрачја се протега плодниот земјоделски предел Стратмор (од гел. An Srath Mòr = „Голема Долина“) познат по одгледувањето на компир, меко овошје и говеда од расата Ангус.
Поважни населени места
[уреди | уреди извор]Ангус | |
---|---|
Грофовија (до околу 1890) | |
Земја | Шкотска |
Админ. центар | Форфар |
Површина | |
• Вкупна | 2.302 км2 (889 ми2) |
XI место | |
Чепменов код | ANS |
Места од интерес
[уреди | уреди извор]- Брихинска катедрала
- замокот Брихин
- Национален парк Кернгормс
- замокот Едзел[1]
- замокот Гламз[2]
- Музеј на Монтроуз
Збратимени области
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Неоткриена Шкотска: Edzell Castle
- ↑ Замок Гламз (англиски)
- ↑ Совет на Ангус (21 јануари 2002). "Посета од Јантај". Соопштение за печат. посет. 6 септември 2010 г Архивирано на 2 март 2012 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 2011-09-01. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Совет на Ангус (англиски)
- Ангус на Curlie (англиски)
- Најдоброто од Ангус (англиски)
- Информативен портал на Данди и Ангус (англиски)
|