Прејди на содржината

Американски геофизички сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пленарна сесија на конференција организирана од страна на АГУ во Вашингтон, САД во мај 2012 година.

Американски геофизички сојуз (АГС, англиски: American Geophysical Union) е непрофитна организација[1] за геолози, хидролози, океанографи, атмосферски, планетарни и вселенски научници со повеќе од 60.000 члена од 137 земји.[2] Активностите на АГУ се во насока на организација и распространување на научни информации во меѓудисциплинарни и меѓународни области на науките за Земјата и вселената. Геофизичките науки покриваат четири основни области: атмосферски и океански науки, науки за Земјината кора, хидролошки науки и вселенски науки. Седиштето на АГУ е на авенијата „Флорида“ во Вашингтон, САД.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Welcome to AGU“. AGU (англиски). Посетено на 2020-07-24.
  2. Ford, Heather L.; Brick, Cameron; Azmitia, Margarita; Blaufuss, Karine; Dekens, Petra (2019). „Women from some under-represented minorities are given too few talks at world's largest Earth-science conference“. Nature (англиски). 576 (7785): 32–35. doi:10.1038/d41586-019-03688-w.