Прејди на содржината

Алесија Кара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алесија Кара
Кара настапува во Националниот трговски центар во Вашингтон во 2018 година
Роден(а)Алесија Карачиоло
11 јули 1996(1996-07-11)(28 г.)[1]
Мисисога, Онтарио, Канада
Државјанство
  • Онтарио
  • Италија[2]
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
Активен период2009–денес

Музичка кариера
Жанрови
ИнструментиГлас
Издавачи
Потпис
Страница
alessiacara.com

Алесија Карачиоло (италијански: Alessia Caracciolo; родена на 11 јули 1996 година), професионално позната како Алесија Кара (англ. Alessia Cara) ― канадска пејачка и текстописец. На Греми наградите во 2018 година, Кара ja освоила наградата за „Најдобар нов изведувач“ со што станала прв Канаѓанец кој ја освоил оваа награда.[5]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Алесија Кара била родена на 11 јули 1996 година, во Мисисога, Онтарио,[6] а детството го поминала во Брамптон, каде што завршила средното католичко училиште.[7] Нејзиното семејство по потекло е од Калабрија,[8][9] и таа течно зборува италијански.[10] Почнала да свири гитара на 10-годишна возраст,[11] а на 13-годишна возраст креирала свој канал на YouTube каде што објавувала преработки на песни што ги пеела.[11]

2014–2017: Почетоци на кариерата и прв албум

[уреди | уреди извор]
Промотивна фотографија на Кара од 2015 година

Откако поставила акустични преработки на песните „Love Yourself“ и „Sweater Weather“ на YouTube, во јули 2014 година Кара потпишала договор за менаџирање со EP Entertainment[12][13][14][15][16][17] и подоцна истата година започнала да работи на нејзиниот прв студиски албум.[18][17] Накратко го употребувала естрадното име Алесија пред да се одлучи за Алесија Кара.[19] Во април 2015 година, преку Def Jam, Кара го издала нејзиниот прв официјален сингл[20] под наслов „Here“. Ролинг Стоун подоцна ја рангирал „Here“ на 21-во место на нивниот список од 50 најдобри песни за 2015 година.[21] „Here“ била номинирана за „Оригинална песна“ на Streamy Awards.[22] Кара го издала мини-албумот Four Pink Walls, кој содржел пет песни, вклучувајќи го и нејзиниот прв сингл. Нејзиниот прв албум, Know-It-All, бил објавен на 13 ноември 2015 година.[23]

Во 2016 година, Кара ја добила наградата за најдобар нов музичар на годината на Џуно наградите.[24] Истата година била воведен музичар на турнејата од британската алтернативна рок-група Колдплеј,[25] пеела во реобјавената верзија на песната „Wild“ од Трој Сиван[26] и настапила на фестивалот во Гластонбери. Музичкото видео за песната во нејзина изведба „How Far I'll Go“, од Дизниевиот филм Вајана, бил објавен на 3 ноември 2016 година и оттогаш имал над 270 милиони прегледи на YouTube.[27]

Во 2017 година, Кара соработувала со диџејот и продуцент Зед за синглот „Stay“, кој во Канада бил сертифициран за седумкратно платинест, а заедно со американскиот пејач и текстописец Калид придонела на песната „1-800-273-8255 “ од раперот Лоџик. Кара се појавила и во спотот за песната кој бил објавен на 17 август 2017 година.[28]

2018–2020: Издавање на албумите The Pains of Growing и This Summer

[уреди | уреди извор]
Кара на настап во Сиднеј во 2018 година

На Греми наградите во 2018 година, Кара била номинирана за награда во четири категории и ја добила наградата за „Најдобар нов изведувач“ со што станала прв Канаѓанец кој ја освоил оваа награда.[5]

Во октомври 2018 година, Кара соработувала со италијанскиот пејач Ерос Рамацоти за песната „Vale per sempre“, од албумот Vita ce n'è.[29] Вториот студиски албум на Кара, The Pains of Growing, бил објавен на 30 ноември 2018 година.[30] За помалку од два часа по објавувањето, албумот дебитирал на прво место на американската поп-листа на iTunes. Во 2020 година, албумот освоил Џуно награда за „Албум на годината“ и за „Поп-албум на годината“, а на истата церемонија Кара освоила Џуно за текстописец на годината.[31][32]

Кара, исто така, соработувала со Алек Бенџамин на песната „Let Me Down Slowly“, која била објавена на 7 јануари 2019 година. На 21 февруари, Кара објавила дека ќе го придружува на Шон Мендес како воведен изведувач на неговата светска турнеја.[33][34]

На 6 септември 2019 година, Кара го издала мини-албумот, This Summer.[35] На 17 јули 2020 година, го објавила нејзиниот прв мини-албум во живо, This Summer: Live Off The Floor.

2021–сега: Најнови изданија

[уреди | уреди извор]

На 24 септември 2021 година, бил објавен нејзиниот албум In the Meantime заедно со спотот за песната „Best Days“.[36] Албумот бил пофален од музичките критичари, а особено интроспективните и ранливи стихови на песните од албумот.

Во август 2023 година, Кара на X објавила дека работи на нејзиниот четврти студиски албум.[37] Албумот, под наслов Love & Hyperbole, треба да биде издаден на 14 февруари 2025 година.[38][39][40][41][42][43]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Кара живее во Торонто.[44] Во неколку прилики открила дека има синестезија,[45][46] како и кератоза пиларис (пилешка кожа)[47] и косопад.[48][49] Исто така, таа отворено зборува за нејзините проблеми со душевното здравје и несоницата.[50] Кара има двојно државјанство - канадско и италијанско.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Know-It-All (2015)
  • The Pains of Growing (2018)
  • In the Meantime (2021)
  • Love & Hyperbole (2025)

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

Во 2018 година, Кара станала прв канаѓанец кој освоил Греми за најдобар нов изведувач.[51] Исто така, била номинирана за награда на Американските музички награди и Билбордовите музички награди, а освоила музичка награда од iHeartRadio, пет Џуно награди, две MTV Video Music Awards и MTV Europe музичка награда.

  1. Van Evra, Jennifer (January 29, 2018). „12 things you need to know about Alessia Cara, Canada's first-ever best new artist Grammy winner“ (англиски). CBC Radio. Архивирано од изворникот December 5, 2022. Посетено на July 10, 2018.
  2. What's In Alessia Cara's Bag | Spill It | Refinery29. Refinery29. July 16, 2021. https://www.youtube.com/watch?v=rfJfSZ2x38c. 
  3. Caramanica, Jon (May 19, 2015). „Alessia Cara Speaks Up for the Outsiders on 'Here'. The New York Times. Архивирано од изворникот July 6, 2017. Посетено на June 1, 2015.
  4. Bliss, Karen (April 19, 2017). „Universal Music Canada Relocating To 'Rock Star Building' in Downtown Toronto“. Billboard. Архивирано од изворникот July 27, 2021. Посетено на April 13, 2020.
  5. 5,0 5,1 „Grammys 2018: Alessia Cara Wins Best New Artist“. Pitchfork.com. January 28, 2018. Архивирано од изворникот на January 29, 2018. Посетено на January 29, 2018.
  6. Alessia Cara Answers the Web's Most Searched Questions | WIRED. August 6, 2020. https://www.youtube.com/watch?v=AO1yjGkqCxY. 
  7. Weaver, Gabbie (October 30, 2015). „Alessia Cara Review“. The Imprint. Архивирано од изворникот на September 10, 2016. Посетено на June 2, 2016.
  8. Празен навод (help)
  9. Nostro, Lauren (July 10, 2015). „Alessia Cara Interview“. Ca.complex.com. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на December 23, 2015.
  10. „BBC Sound of 2016: Alessia Cara interview“. BBC News. January 7, 2016. Архивирано од изворникот на July 21, 2018. Посетено на July 21, 2018.
  11. 11,0 11,1 Празен навод (help)
  12. 'There's a void I didn't know how to fill': Alessia Cara on rise to fame | CBC News“. Архивирано од изворникот на October 26, 2021. Посетено на October 26, 2021.
  13. „AMAZING SUPER COOL FANTASTIC ANNOUNCEMENT“. YouTube. July 22, 2014. Архивирано од изворникот на October 24, 2021. Посетено на October 25, 2021.
  14. Martins, Chris (August 28, 2015). „Drake Co-Signed Singer Alessia Cara on Her Rising Fame: 'It's the Coolest Fluke Ever'. Billboard. Архивирано од изворникот на October 2, 2018. Посетено на October 2, 2018.
  15. Linder, Emilee (April 27, 2015). „This New Song Is For Everyone Who Secretly Hates Parties“. MTV. Архивирано од изворникот на May 1, 2015. Посетено на May 12, 2015.
  16. Carvell, Josh (May 5, 2015). „Fresher Sounds“. The National Student. Архивирано од изворникот на December 13, 2017. Посетено на May 12, 2015.
  17. 17,0 17,1 „Alessia Cara — KATIE PIPER | Photography“. July 18, 2021. Архивирано од изворникот на July 18, 2021. Посетено на October 25, 2021.
  18. „Alessia Cara – album is almost doneeee.. thank u guys again for the likes and comments :)) | Facebook“. Facebook.com. Архивирано од изворникот на November 2, 2023. Посетено на October 25, 2021.
  19. „XALESSIAMUSICX“. HulkShare – Free Internet Radio and Music Sharing. Архивирано од изворникот на December 7, 2022. Посетено на June 30, 2022.
  20. „New Songs: Alessia Cara – Here“. Cut from Steel. May 4, 2015. Архивирано од изворникот на May 7, 2015. Посетено на May 12, 2015.
  21. Празен навод (help)
  22. „5th Annual Nominees“. Streamy Awards. August 12, 2015. Архивирано од изворникот на August 15, 2015. Посетено на August 24, 2015.
  23. Ward, Kat (September 3, 2015). „Alessia Cara: The Budding Pop Star Who's Making Introversion Cool“. Paper. Архивирано од изворникот на September 9, 2015. Посетено на September 9, 2015.
  24. „Nominees | The JUNO Awards“. The JUNO Awards (англиски). Архивирано од изворникот на February 15, 2015. Посетено на March 8, 2016.
  25. Yoo, Noah (April 8, 2016). „Coldplay Expand U.S. Tour, Alessia Cara to Join“. Pitchfork. Condé Nast. Архивирано од изворникот на May 5, 2022. Посетено на April 9, 2016.
  26. Troye Sivan – WILD (Official Video) ft. Alessia Cara. July 22, 2016. https://www.youtube.com/watch?v=_8G4oaOxyxk. 
  27. Brittany Spanos, "Watch Alessia Cara's Gorgeous, Beach-Set 'How Far I'll Go' Video," Архивирано на 19 ноември 2017 г. Rolling Stone, November 3, 2016.
  28. Logic – 1-800-273-8255 ft. Alessia Cara, Khalid (Official Video). August 17, 2017. https://www.youtube.com/watch?v=Kb24RrHIbFk. 
  29. „Eros Ramazzotti, ecco il video di 'Vita ce n'è' (италијански). Radio 105. October 19, 2018. Архивирано од изворникот на January 22, 2021. Посетено на November 4, 2018.
  30. Arcand, Rob (October 26, 2018). „Alessia Cara Unveils The Pains of Growing Album Art, Tracklist“. Spin. Архивирано од изворникот на October 26, 2018. Посетено на October 26, 2018.
  31. „Past Nominees + Winners“. The JUNO Awards (англиски). Архивирано од изворникот June 17, 2020. Посетено на September 26, 2021.
  32. „2020 JUNO Award Winners“. The JUNO Awards (англиски). Архивирано од изворникот на December 4, 2020. Посетено на September 26, 2021.
  33. Cara, Alessia [@alessiacara] (February 21, 2019). „so happy to finally announce that I'll be joining my friend @shawnmendes in Europe, US & the UK for his tour this year“ (Tweet). Посетено на March 13, 2019 – преку Twitter.
  34. Mendes, Shawn [@ShawnMendes] (February 21, 2019). „So excited to announce that @alessiacara is joining me on tour in the UK, EU, & US!“ (Tweet). Посетено на March 13, 2019 – преку Twitter.
  35. „ALESSIA CARA SURPRISES FANS WITH NEW SONG "READY" OFF FORTHCOMING EP, THIS SUMMER, OUT SEPTEMBER 6“, Umusic, July 22, 2019, Архивирано од изворникот на January 21, 2021, Посетено на July 31, 2019
  36. „Alessia Cara – Best Days“ (англиски). YouTube. September 23, 2021. Архивирано од изворникот на September 26, 2021. Посетено на September 26, 2021.
  37. @alessiacara. „yessir“ (Tweet) – преку Twitter. Missing or empty |date= (help)
  38. „Alesia Cara - Love & Hyperbole [LP] | Siren Records“.
  39. Forums, BuzzJack Entertainment. „Music forums focusing on chart music with chart and entertainment discussion“. www.buzzjack.com.
  40. „Alessia Cara - Love & Hyperbole - Reviews - Album of The Year“.
  41. „Alessia Cara - Love & Hyperbole (Uk) | Vintage Vinyl“.
  42. „Sign In“. ATRL.
  43. „Alessia Cara · Love & Hyperbole (CD) (2024)“. imusic.co.
  44. 'I'm feeling the most liberated I have ever felt': Alessia Cara calls new album 'In the Meantime' the 'best“. Toronto Star. September 24, 2021. Архивирано од изворникот October 25, 2021. Посетено на October 25, 2021.
  45. Alessia Cara Discusses Having Synesthesia | UMUSIC 5. UMUSIC. September 20, 2017. https://www.youtube.com/watch?v=zEC4mwDNIsw. 
  46. Alessia Cara – Painting (Official Video). AlessiaCaraVEVO. December 1, 2015. https://www.youtube.com/watch?v=AoRWdcowK1E. 
  47. Cara, Alessia [@alessiacara] (October 14, 2018). „I actually have keratosis pilaris (skin condition). used to be on my face but now it's only on parts of my body so there's a fun fact you didn't ask for“ (Tweet) (англиски). Посетено на July 3, 2019 – преку Twitter.
  48. Cara, Alessia [@alessiacara] (September 12, 2019). „alopecia kicked in it's more now!“ (Tweet) – преку Twitter.
  49. Cara, Alessia [@alessiacara] (September 12, 2019). „genetic hairloss. had it since I was like 14 but mine comes in better / worse waves! I'm lucky I got the frizz lol“ (Tweet) – преку Twitter.
  50. Alessia Cara Talks Sweet Dream, Shapeshifter & Gives Zach Free Therapy. Zach Sang Show. July 16, 2021. https://www.youtube.com/watch?v=QRJ0ccClZLo. 
  51. Ryan, Patrick (June 15, 2018). „Alessia Cara opens up about 'hypocritical' backlash to Grammy win: 'People were telling me to die'. USA Today. Tysons, Virginia: Gannett Co., Inc. Архивирано од изворникот на June 16, 2018. Посетено на June 16, 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]