Александра Акимова
Александра Федоровна Акимова Александра Фёдоровна Акимова | |
---|---|
Починал | 29 декември 2012 (90 години) Москва, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941 − 1945 |
Чин | Капетан |
Единица | 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна |
Одликувања | Херој на Руската Федерација |
Александра Акимова (1922 - 2012) беше навигатор на ескадрила во 46. Тамански Гардски ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна. Во 1994 година станува една од малкуте жени прогласени за Херој на Руската Федерација.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Акимова е родена на 5 мај 1922 во селско руско семејство во селото Скопински, дел од Ризанската губернија на Руската СФСР. По завршувањето на средното училиште, запишува историја на Московскиот педагошки институт, а како дополнување на тоа запишува и курс за нега. По германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941 година, аплицира да се приклучи кон Црвената Армија, но нејзиното барање првично е одбиено и таа е испратена да помага во конструкцијата на одбранбени утврдувања околу Можајск.[1]
Воена кариера
[уреди | уреди извор]Отакако по настојувањето на Марина Раскова, Сталин се согласува да го одобри основањето на три женски воздухопловни полкови, жените кои аплицирале да се придружат кон војската, но првично се одбиени, се испратени на обука. Многу од нив се испратени на Енгелсовата воена воздухопловна академија во Саратов, каде се обучувани жените распоредени во 588. Ноќен бомбашки полк пред да бидат испратени на фронтовите. Акимова е сместена во курсот за навигатори, кој обично трае три години, но поради војната е скратен на три месеци. По завршувањето на курсевите, воздухопловците се испратени на Јужниот фронт во мај 1942 година, но Акимова не ја распоредуваат за навигатор на лет сѐ до март 1943 година. Оттогаш па сѐ до крајот на војната во 1945 година, Акимова лета на 715 борбени мисии со двокрилниот авион По-2. Во април 1945 година, Александра е номинирана за титулата Херој на Советскиот Сојуз со препораки од страна на Константин Вершинин и Маршалот на Советскиот Сојуз, Константин Рокосовски, но документацијата за нејзината номинација е изгубена пред Врховниот Совет да може да ѝ ја додели оваа титула. Во нејзината номинација стои дека Акимова се има здобиено со 805 часови лет во борба и 680 мисии заклучно со април 1945 година, во кои исфрла 94 тони експлозив, унишува два магацина со муниција, два фериботи, два рефлектора и седум автомобили, а воедно испушта и над 450 000 летоци.[2][3]
Подоцнежен живот
[уреди | уреди извор]На крајот од војната, Акимова е демобилизирана од армијата во октомври 1945 година и наскоро им се враќа на своите студии на Московскиот педагошки институт. Во 1952 година, почнува да предава на Московскиот воздухопловен институт, каде работи 40 години и се пензионира во 1992 година.[1][4]
Во 1994 година е прогласена за Херој на Руската Федерација за нејзината служба во армијата за време на Втората светска војна, откако претходно е обелоденето дека нејзината номинација за титулата Херој на Советскиот Сојуз била изгубена. Останува активен член на ветеранското движење и учествува во победничките паради. Умира на 29 декември 2012 година и е закопана на гробиштата Тројекуровскоје во Москва.[5]
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]- Херој на Руската Федерација
- Орден на Ленин
- Орден на Црвеното знаме[6]
- Три Ордени на Патриотската војна[1][7][8]
- Орден на Црвената ѕвезда[9]
- Медал "За храброст"[10]
- Кампањски и јубилејни медали[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Акимова Александра Фёдоровна“. warheroes.ru. Посетено на 2018-03-28.
- ↑ „Акимова Александра Федоровна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ календарь, Российский героический. „Боевой штурман Александра Акимова“. rosgeroika.ru (руски). Архивирано од изворникот на 2018-04-01. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Командир эскадрильи“. www.ug.ru (англиски). Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Фотодокументы :: Герои страны“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-03-29.
- ↑ „Акимова Александра Федоровна, Орден Красного Знамени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Акимова Александра Федоровна, Орден Отечественной войны II степени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Акимова Александра Федоровна, Орден Отечественной войны I степени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Акимова Александра Федоровна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Акимова Александра Федоровна, Медаль "За отвагу"“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Подвиг народа“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- Родени во 1922 година
- Починати во 2012 година
- Херои на Руската Федерација
- Носители на Орденот на Црвеното знаме
- Добитници на Орденот на Патриотската војна, прва класа
- Добитници на Орденот на Патриотската војна, втора класа
- Навигатори на лет
- Русинки во Втората светска војна
- Носители на Орденот на Црвената ѕвезда
- Носители на Орденот на Ленин
- Починати во Москва
- Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен
- Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен