Прејди на содржината

Александар фон Линзинген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар фон Линзинген
Починал5 јуни 1935(1935-06-05) (возр. 85)
Хановер, Германија
Држава Германско Царство
Служба1868–1918
ЧинГенерал-пуковник
Битки/војниПрва светска војна

Александар фон Линзинген бил генерал на германската војска во тек на Првата светска војна.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на [[10 февруари 1850 година во Хилдешем. На приската војска ѝ се приклучил во 1868 година, во 1909 година станал командант на Вториот корпус на германската царска војска. Имал успешна воена кариера, за заслугите бил одликуван со највисоки германски одликувања. Воената кариера ја завршил како генерал-полковник, што била втора титула според рангот во царската германска војска. Починал на 5 јуни 1935 година во Хановер.

Прва светска војна

[уреди | уреди извор]

На почеток на Големата војна Линзинген бил командант на корпус во Првата битка на Марна во 1914 година. Бил префрлен на Источниот фронт Тој командувал со Јужната војска во 1915 година. Во 1916 година се борел во офанзивата на Брусилов, како засилување на австроунгарската војска во одбрана на Галиција.

По излегувањето на Русија од војната, по потпишувањето на Брест-Литовскиот договор тој го водел германското напредување во Украина.