Прејди на содржината

Александар Трајановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Трајановски
Роден 7 март 1945
Долни Липовиќ, Радовишко, ДФ Македонија
Занимање историчар и публицист

Александар Трајановски (Долни Липовиќ, Радовишко, 7 март 1945) — македонски историчар и публицист

Животопис

[уреди | уреди извор]

Трајановски е роден на 7 март 1945 година во радовишкото село Долни Липовиќ. Дипломирал на Филозофско - историскиот факултет во Скопје на групата за национална историја во 1971 година. Работел во Граиште - Демирхисарско, Конче - Радовишко и во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје. Во 1971 година се вработил во Институтот за национална историја (ИНИ) во Скопје. Магистрирал во 1975 година, а додека во 1985 година докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под менторство на акад. Љубен Лапе. Како стипендист на француската Влада бил и на шестмесечен научно – студиски престој во Париз, Франција (1975/76). Член е на Македонското научно друштво во Битола.

Трајановски бил носител и координатор на повеќе проекти во ИНИ, МАНУ, ДАРМ, ИСППИ и Филолошкиот факултет во Скопје, како и на Педагошкиот факултет во Битола. Сите поранешни научни проекти ги трансформирал во забележителни научни студии, монографии, зборници на документи или друг вид на одделни публикации. Учествувал на над стотина научни конференции, конгреси, тркалезни маси, предавања и друг вид на научни собири во земјата и странство. Тој е автор или уредник на повеќе од триесет одделни публикации, учебници, зборници на документи или историографии.