Аеродром Париз-Шарл де Гол
Аеродром Париз-Шарл де Гол Aéroport de Paris-Charles-de-Gaulle Aéroport de Roissy | |||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Satellite image of the airport | |||||||||||||||||||||||||||
Општо | |||||||||||||||||||||||||||
Тип | Public | ||||||||||||||||||||||||||
Сопственик | Groupe ADP | ||||||||||||||||||||||||||
Оператор | Paris Aéroport | ||||||||||||||||||||||||||
Опслужуван град | Paris metropolitan area | ||||||||||||||||||||||||||
Местоположба | Roissy-en-France, France | ||||||||||||||||||||||||||
Отворен | 8 март 1974 | ||||||||||||||||||||||||||
Јазол за | |||||||||||||||||||||||||||
Operating base for | |||||||||||||||||||||||||||
Надморска височина | 119 m / 392 ft | ||||||||||||||||||||||||||
Координати | 49°00′35″N 002°32′52″E / 49.00972° СГШ; 2.54778° ИГД | ||||||||||||||||||||||||||
Мрежно место | parisaeroport.fr/en/charles-de-gaulle-airport | ||||||||||||||||||||||||||
Maps | |||||||||||||||||||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Île-de-France" does not exist | |||||||||||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||
Статистика (2023) | |||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||
Аеродромот Париз - Шарл де Гол (IATA: CDG, ICAO: LFPG) (фран. Aéroport Paris-Charles de Gaulle), е еден од најголемите аеродроми на светот, а исто така и најголем аеродром во Франција. Сместен е на некои 25 километри од центарот на Париз, во близина на гратчето Роаси. Во 2007 година, аеродромот беше на прво место по сообраќај во Европа со 552,721 полетувања и спуштања, пред Франкфурт и Мадрид. Исто така и во превоз на карго товар, аеродромот беше на прво место пред Франкфурт, Амстердам Схипхол и Лондон Хитроу. Во однос на статистиката на обработени патници, аеродромот беше рангиран втор, со 59,919,383 патници, по Лондон Хитроу (68,068,554), и пред Франкфурт (54,161,856) и Мадрид (52,143,275).
Географија
[уреди | уреди извор]Аеродромот зафаќа површина од 32,38 км² земја. Изборот за овој простор беше поради тоа што на теренот беше возможно да се прават надоградби во иднина. Менаџментот на аеродромот е под контрола на Aéroports de Paris, кој исто така ги контролира и аеродромите Париз Орли и Париз Ле Бурже.
Историја
[уреди | уреди извор]Планирањето и конструкцијата на аеродромот започнаа во 1966 година. На 8 март 1974 година аеродромот кој дотогаш беше именуван Aéroport de Paris Nord, беше преименуван во Aéroport Paris-Charles-de-Gaulle и офијцијално почна со работа. Терминалот 1 беше изграден во авантгарден стил, со зграда од 10 нивоа и 7 сателити околу терминалот, секој од нив со по четири порти. Главниот архитект беше Пол Андро, кој исто така беше и одговорен за следните проекти на аеродромот.
Мехран Карими Насери
[уреди | уреди извор]На 26 август 1988, Мехран Карими Насери беше задржан на аеродромот од страна на имиграционите власти. Тој објаснуваше дека е бегалец, и дека неговите документи кои ќе го докажат тоа се украдени. По неколкугодишна инвестигација, беше заклучено дека Мехран влегол легално во Франција, но поради тоа што нема никакви документи, нема да можат да го вратат назад во неговата родна земја. Насари продолжи да живее во терминалот сè до 2006 година, иако Француските власти му овозможија да излезе од аеродромот. Тој беше инспирација за филмот Терминал. Во јули 2006 година, тој беше хоспитализиран во болница и потоа му се губи секаква трага.
Колапсот на Терминалот 2Е
[уреди | уреди извор]Терминалот 2Е, изграден со широки отворени простори во него, беше последниот најнов терминал на аеродромот. На 23 мај 2004 година, дел од покривот на терминалот попушти и се урна, при што загинаа 4 патници, од кои двајца Кинези, еден Французин и еден Чех. Пред да се случи овој инцидент, менаџментот на аеродромот имаше во план да го понуди на јавен тендер управувањето со терминалот. Но овој инцидент ги наруши плановите на менаџментот. Во февруари 2005 година беа објавени резултатите од истрагата. Експертите изјавија дека немало посериозна грешка во изградбата на терминалот, туку покривот не бил проектиран доволно цврст за да ја издржи сопствената тежина на металните елементи. Извори блиски до истрагата рекле дека целиот терминал бил направен со не многу квалитетни материјали за да се намалат трошоците. На 17 март 2005 година, менаџментот донесува одлука да го минира и да го изгради одново целиот терминал, инвестиција тешка околу 100 милиони евра. Реконструкцијата би ја заменила сегашната конструкција со полесна конструкција направена од стакло и челик. Терминалот е отворен комплетно повторно на 30 март 2008.
Инциденти
[уреди | уреди извор]- На 19 септември 1989 година, авион на авиокомпанијата UTA експлодира над пустината Сахара, летајќи на релација Париз - Бразавил.
- На 24 декември 1994 година, авион на Air France, од Алжир до Париз, беше нападнат од терористи на аеродромот во Алжир. На барање на терористите, авионот слета во Марсеј, со план да продолжи кон Париз и да се сруши во Ајфеловата кула, но Француските специјалци со успешност ги совладуваат четворицата терористи.
- На 17 јули 1996 година, авион на TWA кол леташе на релација Париз де Гол - Њујорк Кенеди се урна во близина на Long Island.
- На 25 јули 2000 година, Конкорд на Air France, се урна во хотел веднаш по полетувањето од аеродромот. Причината е тоа што дел од авионот кој претходно полетал останал на пистата. Сите патници починале, како и четворица случајни минувачи.
- На 22 декември 2001 година, терорист на Ал Каеда, со име Ришард Реид се обиде да запали експлозивен материјал за време на летот 63 на American Airlines, кој сообраќаше на линијата Париз-Шарл де Гол - Мајами. Тој беше уапсен откога патникот до него намириса сулфур.
Терминали
[уреди | уреди извор]Аеродромот Париз де Гол се состои од три терминални згради. Терминал 1 има единствена терминална зграда, со 7 сателити за заминување и пристигање. Дизајнирани се подземни шеталишта преку кој патниците може да дојдат до саканиот сателит. Терминал 2 денеска се состои од повеќе терминални згради поврзани заедно со земни или подземни тунели. Постојат шест терминални згради: 2А, 2Б, 2Ц, 2Д, 2Е и 2Ф. Терминалот има исто така и железничка станица, преку која патниците може да стигнат до Париз и до други Француски градови. Терминал 3 служи најмногу за чартер и нискобуџетни авиокомпании.
Транспорт од аеродромот
[уреди | уреди извор]Аеродромот е поврзан со метро мрежата на Париз, и метрото сообраќа 3 до 4 пати на секој час до центарот на Париз. Француските железници сообраќаат исто така до главната железничка станица во Париз, како и до остананатите Француски градови. Постојат две метро станици на аеродромот:
- Првата, наречена Paris Aéroport Charles de Gaulle 1, сместена во комплексот со хотели и канцеларии, веднаш до терминалот 3, и е преферириан начин на транспорт на патниците од првиот и третиот терминал.
- Втората, наречена Paris Aéroport Charles de Gaulle 2, сместена е веднаш до железничката станица под Терминал 2.
Исто така постојат и автобуски станици веднаш до метро станицата Paris Aéroport Charles de Gaulle 2. Автобусите со број 350 и 351 сообраќаат до центарот на Париз.
Статистика
[уреди | уреди извор]Погледнете го необработеното барање + препораки на за Wikidata.
Авиокомпании и одредишта
[уреди | уреди извор]Терминал 1
[уреди | уреди извор]- Adria Airways (Љубљана)
- Aer Lingus (Белфаст, Корк, Даблин)
- Afriqiyah Airways (Триполи)
- Aigle Azur (Алжир, Хаси Месуд)
- airBaltic (Рига, Вилнус)
- Air China (Атина, Пекинг, Шангај)
- Air Moldova (Кишинев)
- All Nippon Airways (Токио)
- Arkia Israel Airlines (Тел Авив)
- Armavia (Ереван)
- Asiana Airlines (Сеул)
- Atlas Blue (Оуџа, Тангер)
- bmibaby (Источен Мидлендс)
- Brussels Airlines (Брисел)
- Croatia Airlines (Дубровник, Сплит, Загреб)
- Cyprus Airways (Ларнака, Солун)
- Daallo Airlines
- Daallo Airlines оперирано од Astraeus (Џибути, Лондон Гетвик)
- EgyptAir (Каиро, Луксор)
- Ethiopian Airlines (Адис Абеба, Брисел)
- Flybe (Бирмингем, Кардиф, Единбург, Ексетер, Гернзи, Џерси, Манчестер, Норич, Саутемптон)
- Gabon Airlines (Либрвил)
- Germanwings (Келн/Бон, Минхен, Рим Фјумичино)
- Gulf Air (Бахреин)
- Icelandair (Рејкјавик)
- Israir Airlines (Тел Авив)
- Kuwait Airways (Женева, Кувајт, Рим Фјумичино)
- LOT Polish Airlines (Краков, Варшава)
- Луфтханза (Хамбург, Франкфурт, Минхен)
- Луфтханза оперирано од Lufthansa CityLine (Берлин Тегел, Келн/Бон, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Минхен, Аеродром ШтутгартШтутгарт)
- Malaysia Airlines (Куала Лумпур)
- Norwegian (USA)
- Pakistan International Airlines (Исламабад, Карачи, Лахор, Милано Малпенза)
- Qatar Airways (Доха)
- Rossiya (Санкт Петербург)
- Royal Air Maroc (Казабланка, Тангер)
- Royal Jordanian (Аман, Акаба)
- SATA International (Мадејра)
- Saudi Arabian Airlines (Џеда, Ријад, Рим Фјумичино)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген, Осло, Стокхолм Арланда)
- Singapore Airlines (Сингапур)
- SriLankan Airlines (Коломбо)
- TACV Cabo Verde (Сал)
- TAP Portugal (Порто, Лисабон)
- Thai Airways International (Бангкок)
- Turkish Airlines (Анталија, Бодрум, Истанбул Ататурк)
- United Airlines (Чикаго O'Хара, Вашингтон)
- Vueling Airlines (Аликанте, Барселона, Гранада, Ибица, Мадрид, Малага, Рим Фјумичино, Сантјаго де Компостела, Венеција)
- Yemenia (Марсеј, Сана)
Терминал 2
[уреди | уреди извор]Хала A (Терминал 2A)
[уреди | уреди извор]- Air Austral (Антананариво, Маврициус, Морони, Сен Дени)
- Air Canada (Монтреал, Торонто)
- Air India (Ахмедабад, Мумбај, Њуарк)
- Air Madagascar (Антананариво)
- Air Tahiti Nui (Лос Анџелес, Папете)
- American Airlines (Бостон, Чикаго, Далас, Мајами, Њујорк Кенеди)
- Cathay Pacific Airways (Хонгконг)
- El Al Israel Airlines (Овда, Тел Авив)
- Etihad Airways (Абу Даби)
- Sun d'Or International Airlines (Ејлат-Овда, Тел Авив)
- TAM Airlines (TAM Linhas Aéreas) (Ресифе, Рио де Жанеиро, Салвадор, Саун Пауло)
- XL Airways France (Канкун, Ла Романа, Мале, Пунта Кана, Салвадор, Сан Салвадор, Самана, Варадеро)
Хала Б (Терминал 2Б)
[уреди | уреди извор]- Aigle Azur (Алжир, Џанет, Хаси Месуд)
- Air Algérie (Алжир, Хаси Месуд)
- Azerbaijan Airlines (Баку)
- Belavia (Минск)
- British Airways (Лондон Хитроу)
- British Airways оперирано од Sun Air of Scandinavia (Билунд)
- Bulgaria Air (Софија)
- easyJet (Белфаст, Биариц, Бристол, Единбург, Глазгов, Хамбург, Ибица, Краков, Лисабон, Ливерпул, Лондон Лутон, Маракеш, Милано Малпенза, Њукасл, Ница, Порто, Венеција)
- Georgian Airways (Тбилиси)
- Royal Jordanian (Аман)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
- Swiss International Air Lines оперирано од Swiss European Air Lines (Цирих)
- TAROM (Букурешт Отопени)
- Ukraine International Airlines (Киев)
- Uzbekistan Airways (Ташкент)
Хала Ц (Tерминал 2Ц)
[уреди | уреди извор]- Air France (Абиџан, Антананариво, Бангалор, Бразавил, Ченај, Котону, Делхи, Дуала, Хавана, Киншаса, Либрвил, Ломе, Мумбај, Ст. Маартен, Пунта Кана, Санто Доминго, Техеран, Јаунде)
- Emirates Airline (Дубаи)
- Iran Air (Техеран)
- Vietnam Airlines (Ханој, Хо Ши Мин)
Хала Д (Терминал 2Д)
[уреди | уреди извор]- Air Europa (Малага, Валенсија)
- Air France (Атина, Берлин Тегел, Болоња, Клермонт, Копенхаген, Франкфурт, Хамбург, Лисабон, Марсеј, Монтпелје, Минхен, Нант, Осло, По, Прага, Штутгарт, Торино, Виена)
- Air France оперирано од Airlinair (Лимож)
- Air France оперирано од Brit Air (Билбао, Брест, Клермонт, Џенова, Нант, Пиза, Стразбур, Штутгарт, Трст)
- Air France operated by CityJet (Фиренца)
- Air France operated by HOP! (Базел/Мулхоуз, Болоња, Бремен, Брест, Клермонт, Хановер, Лајпциг, Љубљана, Нирнберг, По, Пиза, Торино, Виго)
- Austrian Airlines (Виена)
- Czech Airlines (Прага)
- Finnair (Хелсинки)
- Iberia (Барселона, Мадрид)
- Iberia оперирано од Air Nostrum (Сарагоса)
- Luxair (Луксембург)
Хала E (Терминал 2E)
[уреди | уреди извор]- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- Aeroméxico (Meксико Сити)
- Air France (Аман, Атланта, Бамако, Бангкок, Пекинг, Белград, Бостон, Буенос Аирес, Чикаго О'Хара, Конакру, Дакар, Дамаскус, Детроит, Гвангжу, Ханој, Хо Ши Мин, Хонгконг, Хјустон, Истанбул Ататурк, Јоханесбург, Лондон Хитроу, Лос Анџелес, Манчестер, Град Мексико, Мајами, Москва Шереметјево, Њујорк Кенеди, Њуарк, Оугадогоу, Папете, Филаделфија, Поент а Питр, Рио де Жанеиро, Санкт Петербург, Сан Франциско, Сантјаго де Чиле, Саун Пауло, Сиетл, Сеул, Сингапур, Тел Авив, Вашингтон, Ереван)
- China Southern Airlines (Гвангжу)
- Delta Air Lines (Атланта, Синсинати, Њујорк Кенеди, Солт Лејк Сити)
Хала Ф (Терминал 2Ф)
[уреди | уреди извор]2Ф1 (Шенген летови)
[уреди | уреди извор]- Air France (Амстердам, Барселона, Бордо, Будимпешта, Диселдорф, Женева, Лион, Мадрид, Милано Линате, Милано Малпенза, Наполи, Ница, Рим Фјумичино, Стокхолм Арланда, Тулуза, Венеција, Варшава)
- Air France оперирано од Brit Air (Рен)
- Air France оперирано од CityJet (Гетеборг Лендветер)
- Air France оперирано од HOP! (Гетеборг Лендветер, Верона)
- Alitalia (Милано Линате, Милано Малпенза, Рим Фјумичино)
- Alitalia оперирано од Alitalia Express (Mилано Линате)
- KLM Royal Dutch Airlines (Амстердам)
2Ф2 (Non-Schengen)
[уреди | уреди извор]- Air France (Алжир, Банги, Бејрут, Богота, Букурешт, Каиро, Каракас, Казабланка, Џибути, Дубаи, Џеда, Киев, Лагос, Луанда, Малабо, Маврициус, Монтреал, Нџамена, Ниамеј, Нуакшот, Осака, Поинт Нуар, Рабат, Ријад, Шангај, Софија, Токио, Торонто, Тунис)
- Air Mauritius (Маврициус)
- Air Seychelles (Мае)
- China Eastern Airlines (Алжир, Шангај)
- Japan Airlines (Нагоја, Токио)
- Kenya Airways (Најроби)
- Korean Air (Сеул)
- Middle East Airlines (Бејрут)
- TAAG Angola Airlines (Луанда)
- ↑ Предлошка:AIP FR
- ↑ „DECEMBER 2023 AND FULL-YEAR TRAFFIC FIGURES“ (англиски). 16 January 2024. Посетено на January 18, 2024.
- ↑ „Preliminary world airport traffic rankings released“. aci.aero. 13 March 2019. Архивирано од изворникот 2021-04-10. Посетено на 31 August 2019.