Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродромот Ерфурт/Вајмар (IATA: ERF, ICAO: EDDE) е главен аеродром на Ерфурт, Германија, кој го променил името од Аеродром Ерфурт во 2011.[3] Промената настанала поради маркентиншки причини, надевајќи се дека додавањето на 'Вајмар' на името ќе придонесе за поголема популарност на областа.
Со продолжувањето на трамвајот бр. 4[4] ("AirCombino") до предградието Биндерслебен и новата станица за трамвај отворена пред самиот аеродром (од 21 јуни 2005), пристугнувајќи на секои 10-20 минути, може да се стигне до самиот центар на градот и железничката станица за околу 20 минути. Оддалеченоста помеѓу аеродромот, кој е западно од градот и центарот е 5 километри.[2]
Авиопревозници | Дестинации |
---|
Air Arabia Egypt | Сезонски чартер: Хургада
|
Air VIA | Сезонски чартер: Бургас, Варна
|
Bulgarian Air Charter | Сезонски чартер: Бургас, Варна
|
Croatia Airlines | Сезонски чартер: Сплит
|
Germania | Сезонски чартер: Дебрецин, Џерси, Маракеш, Палма де Мајорка, Рованиеми, Самарканд, Сармелек, Ургенч, Вилниус
|
Nouvelair | Чартер: Енфида
|
Sky Airlines | Анталија
|
Tunisair | Чартер: Џерба, Ендифа
|
Аеродромот нудел и превоз од Аеродромот Лондон Станстед преку ирскиот нискобуџетен превозник Ryanair, кој се завршил на 19 јануари 2005, кога авиопревозникот се префрлил на Аеродромот Лајпциг/Алтенбург оставајќи го аеродромот без нискобуџетни летови.
|
---|
| Поголеми меѓународни | |
---|
| Помали меѓународни | |
---|
| Домашни | |
---|
| Без редовни летови | |
---|
| Згаснати | |
---|
|