Прејди на содржината

АФР (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

АФР (скратено од Андрес Фог Расмусен) е дански измислен документарец објавен во 2007 година. Режисер е данскиот филмаџија Мортен Хартц Каплерс, кој и се појавува во филмот. Продуцент на филмот е Мета Луиз Фолдагер од Зентропа.

Филмот користи архивски снимки, глумци и компјутерски ефекти за да го наслика атентатот на данскиот премиер Андрес Фог Расмусен. Уште пред да биде објавен, филмот доби големи критики од оние кои веруваа дека темата е со лош вкус и слична на онаа од контроверзниот британски псевдо-документарец „Смртта на претседателот“ (анг. Death of a President) во кој се слика измислен атентат на 43-тиот претседател на Соединетите држави, Џорџ В. Буш.

Псевдо-документарниот филм се занимава со данскиот премиер Андрес Фог Расмусен и неговата тајна хомосексуална афера со Емил (Мортен Хартц Каплерс), сѐ до атентатот на премиерот.

Помеѓу вистинските архивски снимки има клип од Пиа Кјерсгард која вели: "[...]og så var han jo bøsse, det var kendt for enhver" ("и тој истот така беше геј; сите го знаеја тоа"). Пиа Кјерсгард се деасоцираше од употребата на клипот што потекнува од изјава за атентатот на холандскиот хомосексуален политичар Пим Фортујн во 2002 г. Во филмот се појавуваат уште неколку други политичари.

Филмот беше презентиран на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам во јануари 2007, каде што ја даби наградата Tiger и 10,000 евра за правата да биде прикажуван на национална телевизија.