Џорџ Стивенсон
Џорџ Стивенсон (англиски:George Stephenson) (9 јуни 1781 - 12 август 1848), роден во Вајлам 15 км северно од Њукасл (англиски:Newcastle), англиски инженер – пронаоѓач.
Син на сиромашен рударски работник, но со упорност се здобива со образование на инженер и почнува неговата пронаогачка кариера.
Во Килингворт 1815 ја изумува првата сигурнисна лампа за рудници во исто време како и Хамфри Дејви (англиски:Humphry Davy) но со различен принцип.
Наградата добиена од овој изум ја вложува во работилница за парни локомотиви во местото Њукасл (англиски:Newcastle).
Во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива наречена „Блушер“ (англиски:Blucher-Blücher), ги воведува челичните шини наместо дрвените.
Во 1821 година ја гради првата јавна железничка пруга во светот на линијата Стоктон – Дарлингтон (Stockton - Darlington)
Во 1823 година ја основа првата фабрика за локомотиви во Њукасл.
Во 1829 година на натпреварот на пругата на релацијата Ливерпул – Манчестер (англиски:Liverpool - Manchester) која е за првпат со сите потребни сигнализации, каде неговата локомотива „Ракета“ (англиски:Rocket) постигнува дотогаш најголема брзина од 30 миљи на час или 48.28032 километри на час и можност да повлече товар од 13.000 килограми.
Неговиот син Роберт Стивенсон koj го продолжува конструкторскиот дух на таткото, е познат творец и градител на мостови со цевкаста конструкција.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија за сообраќај е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|