Јанош Арањ
Јанош Арањ (унгарски: Arany János, 2 март 1817 - 22 октомври 1882) — унгарски новинар, писател, поет и преведувач. ��есто се вели дека е "Шекспир на баладите" – има напишано повеќе од 40 балади, преведени на повеќе од 50 јазици, како и епот Толди, монументална трилогија, ремек-дело на унгарската поезија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Салонта, град сместен во денешна Романија. Кога тој се раѓа, неговата сестра е веќе венчана, а наговите родители остарени. Арањ научува да пишува многу рано и се вели дека има прочитано сѐ што можел да пронајде на унгарски и латински. Бидејќи на неговите родители им требало помош, Јанош полнува да работи уште на 14 години, како помошник-учител.
Од 1833 го посетува реформираниот универзитет во Дебрецен каде учи германски и француски, но набрзина се заситува од училишниот живот, па станува дел од една глумечка група. По издавањето на Толди, тој и Шандор Петефи стануваат најдобри пријатели. Затоа, прераната смрт на неговиот другар во 1848 година ќе има големо влијание врз неговиот подоцнежен живот.
Арањ умира во Будимпешта.
Дела
[уреди | уреди извор]Јанош Арањ е преведувач на Шекспировите драми Сон на летната ноќ, Хамлет и Кралот Џон; овие се сметаат за едни од најдобрите преводи во историјата. Исто така преведува и дел на Михаил Лермонтов, Александар Пушкин и Молиер. Се вели дека Арањ научил англиски во затвор, и тоа преку споредба на англиската и германската верзија на Библијата.
Во последните години од животот, неговата лирика ќе биде на висока цена. Тогаш настануваат песните кои претставуваат не само ново раздобје во неговото творештво, туку и во развојот на целокупната унгарска поезија
Денес се смета за една од најголемите литературни фигури во Унгарија, покрај Шандор Петефи, Ендре Ади и Атила Јожеф.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|