Прејди на содржината

Ѓорѓи Јанковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорѓи Јанковски - Гога Лордот (1922 Прилеп - 2003 Скопје) — македонски првоборец и носител на Партизанска Споменица од 1941 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во четворо члено сиромашно семејство од мајка Евгенија - Гена и Татко Ристо Јанкуловски. Уште од своето рано детство останува без својот татко. Па неговата мајка морала да се грижи за него и неговиот постар брат Благој. Прилепската чаршија била неговото свртилиште од неговоата седма година па сè до раната младост кога се вклучува во напредното младинско движење и отпорот против окупаторот.

По завршување на II Светска Војна, живее и работи во Скопје, како службеник во Југословенски Железници - кондуктор и возовоѓа, управник во домот во школата за отправници на возови, секретар на дирекција на железницата во Скопје. Во 1949 година паѓа во немилост на тогашниот режим и од 28.08.1949 до 20.01.1952 година поминува на Голи Оток на општествено корисна работа.

После општествено корисната работа на Голи оток, повторно се вработува во Југословенски железнииц, но сега како скретничар на железничката станица Пчиња. На железничката станица Пчиња за кусо време успева многу добро да се снајде во работата и да го организира приватниот семеен живот на неговото трочлено семејство.

Поврзано

[уреди | уреди извор]