17 век
< 16 век | 17 век | 18 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
17 век — век што траел од 1 јануари 1601 до 31 декември 1700 година, според грегоријанскиот календар. Тој спаѓа во раниот модерен период во Европа и на тој континент (чие влијание врз светот започнало да се зголемува) се одликува со барокното културно движење, Холандската Златна Доба, владеењето на Луј XIV, Научната револуција, а според некои историчари, и Општата криза. Најголеми воени конфликти биле Триесетгодишната војна[1], Големата турска војна и Холандско-португалската војна. Во текот на овој период, исто така започнала интензивната европската колонизација на Америка, вклучително и експлоатацијата на сребрените депозити, што резултирало со зголемување на инфлацијата[2].
Во исламскиот свет, силата на Османлиите, Сефевидите и Могулите се зголемила. Во Индија Маратите доминирале на политичката сцена од средината од 17 век до почетокот на XIX век. Во Јапонија, Токугава Ијејасу го основал Шогунат Токугава на почетокот на векот, започнувајќи го периодот Едо. Во Кина, династијата Минг на колапсот била оспорена од серија освојувања предводени од манџурискиот војвода Нурхаки.
Во европската политика доминирало Кралство Франција од Луј XIV, каде што кралската власт била зацврстена. Полуфеодалниот територијален француски благородник бил ослабен и потчинет на моќта на апсолутна монархија преку реинвенција на Версајската палата. Луј XIV ги проширил границите на Франција. Во текот на овој век англискиот монарх станал симболична фигура, а Парламентот бил доминантна сила во владата.
Настани
[уреди | уреди извор]- 1600: На 17 февруари Џордано Бруно е изгорен на клада од инквизицијата.
- 1600: Михаил Храбриот ги обединува трите романски земји: Валашка, Молдавија и Трансилванија по Битката кај Шелимбар од 1599 година.
- 1601: Битка кај Кинсејл, Англија ги поразува ирските и шпанските сили во градот Кинсејл.
- 1601: Михаил Храбриот (прв обединувач на Романија), војводата на Влашка, Молдавија и Трансилванија, е убиен по наредба на хабсбуршкиот генералот Џорџо Баста.
- 1601 - 1603: Гладот во Русија убива една третина од населението на Русија.
- 1601: Сенопати, првиот крал на Матарам, умира и владеењето поминува по правило на неговиот син Панемахан.
- 1601: Матео Ричи добива дозвола да живее во Пекинг.
- 1602: Матео Ричи изработува карта на светот, што ќе се користи во Источна Азија со векови.
- 1602: Португалците испраќаат големи (и последни) експедитивни сили од Малака, кои успеваат повторно да воспостават одреден степен на португалска контрола.
- 1602: Холандска источноиндиска компанија (VOC) е основана со спојување на конкурентните холандски трговски друштва[3]. Започнува Холандската Златна Доба.
- 1602: Јуни, прво патување до Британската источноиндиска компанија, под команда на Сер Џејмс Ланкастер, кој пристигнува во Ачех и плови до Бантам, каде што му б ило дозволено да се изгради трговска станица која станува центар на британската трговија во Индонезија до 1682 година[4].
- 1602: Двајца емисари од Ачех ја посетуваат Холандската република.
- 1603: Елизабета I умира и е наследена од нејзиниот братучед Јаков VI Шкотски, обединувајќи ги круните на Шкотска и Англија.
- 1603 - 1623: По модернизирањето на својата војска, Абас I г о проширува Сефевидското Царство со зафаќање на територијата од Отоманското Царство до Португалското Царство.
- 1603: Прво постојано холандско трговско место е основано во Бантен.
- 1604: Вториот англиски патувачки поход во Источните Инди под команда на Хенри Мидлтон достигнува до Тернате, Тидоре, Амбон и Банда. Жестоко непријателство се среќава во Банда со што започнува англо-холандската конкуренција за пристап до зачини
- 1605: Барутски заговор не успеа во Англија.
- 1605: Тврдините на Веспрем и Вишеград повторно се заземени од Османлиите.
- 1606: Долгата војна во Унгарија, помеѓу Османлиите и Австрија е завршена со Договор од Житваторок
- 1606: Виенскиот договор го завршува анти-хабсбургското востание во Унгарија.
- 1606: Атентат врз Стефан Бочкај
- 1606: Време на проблеми: Василиј IV станува цар на Русија.
1606: Холандска источноиндиска компанија влегува во сојуз со Џохорскиот султанат.
- 1606: Капетанот Вилем Јансзон и неговата екипа на бродот на Холандска источноиндиска компанија стануваат првите регистрирани Европејци кои пристигнале во Австралија.
1606: Шпанската флота ги освпјува Тернате и Тидоре[3].
- 1607: Искандар Муда станува султан на Ачех (р. 1607-1637). Тој ќе започне серија поморски освојувања кои ќе го трансформираат Ачех во голема сила во ��ападниот Малајски архипелаг.
- 1608: Основан е градот Квебек во Нова Франција (денешна Канада).
- 1609: Холандија и Шпанија се согласуваат за мир по т.н. Осумдесетгодишна војна.
- 1609: Максимилијан I ја основа Католичката лига.
- 1610: Педро де Пералта, гувернерот на Ново Мексико, ја основа населбата Санта Фе.
- 1610: Армијата на Полско-литванската заедница ги поразува комбинираните руско-шведски сили во Битката кај Клушино и ја освојува Москва.
- 1610: Холандска источноиндиска компанија го назначува Питер Бот за свој прв гувернер-генерал кој ќе овозможи поцврста контрола над нивните работи во Азија.
- 1610: Отоманскиот Голем везир Кујуџу Мурат-паша го задушува востанието [[Џелали]), со што се ставува крај на генералната анархија во Анадолија.
- 1610: Матео Ричи умира во Пекинг.
- 1610: Анри IV е убиен од Франсоа Равајак.
- 1611: Папскиот и кралскиот Универзитет Санто Томас станува најстариот постоечки универзитет во Азија, основан од Доминиканскиот Ред во Манила[5]
- 1611: Англичаните воспоставуваат трговски колонии во Сукадана, заканувајќи се на холандските амбиции за монопол врз трговијата со Источна Индија.
- 1611: Холанѓаните формираат свое трговско место во Џакарта.
- 1611: Холандски трговец е убиен во Банџермасин и Холандската источноиндиска компанија го напушта градот.
- 1611: Прво издание на Библија на Крал Јаков.
- 1612: Султан Искандар Муда го освојува пристаништето на Султанатот Делхи.
- 1613: Времето на проблеми во Русија завршува со доаѓање на власт на династија Романови, династија која владее до 1917 година.
- 1613 - 1617: Полско-литванската заедница е нападната од Кримското ханство десетици пати[6].
- 1613: Холанѓаните ги истеруваат Португалците од нивната тврдина во Солор.
- 1613: Холандската источноиндиска компанија ги прави своите први напади во Тимор.
- 1613: Султанот на Ачех Искандар Муда го освојува пристаништето Ару, потчинувајќи го Султанатот Делхи.
- 1613: Холандската источноиндиска компанија е принудена да го евакуира Гресик поради опсадата на соседната Сурабаја. Холандската источноиндиска компанија влегува во преговори со Матарам и му е дозволено да формира трговско место во Џепера.
- 1614: Џон Непер го објавува Mirifici Logarithmorum Canonis Descriptio, првата табела на логаритми.
- 1614: Султанот Искандар Муда ја потопува португалска флота на островот [Бинтан]].
- 1615: Битка кај Осака.
- 1615: Холандската источноиндиска компанија започнува напад врз португалските сили во Малака.
- 1615: Холандската источноиндиска компанија започнува отворени непријателства со Кралството Гова.
- 1616: Последните Морискоси во Шпанија се протерани.
- 1616: Умира англиски поет и драматург Вилијам Шекспир.
- 1617: Султан Искандар Муда го освојува Паханг.
- 1618: Прашка дефенестрација
- 1618: Чешката побуна доведува до започнување на т.н. Триесетгодишна војна.
- 1618: Габор Бетлен, принцот од Трансилванија се приклучува на протестантските бунтовници.
- 1619: Габор Бетлен е поразен надвор од Виена.
- 1620: Царот Фердинанд II ги поразува бохемските бунтовници во Битката кај Белата планина.
- 1620: Првите Пилигрими пристигнуваат во Кејп Код.
- 1620 - 1621: Отоманско-полска војна (1620–1621) за контрола на Молдавија.
- 1620: Пораз на полските сили во Битката кај Кекора на реката Прут.
- 1620: Речиси целото домашно население на островите Банда е депортирано, избркано, изгладнето до смрт или убиено од страна на Холандската источноиндиска компанија.
- 1620: Дипломатските преговори во Европа започнуваат со тригодишен период на соработка помеѓу Холанѓаните и Англичаните за трговијата со зачини.
- 1621: Битка кај Хотин: Полските сили во сојуз со Козаците на чело со Јан Карол Ходкевич ги победуваат Османлиите.
- 1622: Освојување на Ормуз од страна на Персија на сметка на Португалија
- 1622: Осман II е симнат од османлискиот престол.
- 1623: Мафео Барберини е избран за нов папа како Папа Урбан VIII.
- 1623: Во озлогласениот инцидент, познат како Амбонски масакарmassacre, десет англиски и десет јапонски трговци се уапсени, судени и обезглавени за заговор против холандската влада[7].
- 1624 - 1642: Како главен министер, Арман Жан ди Плеси де Ришелје ја централизира власта во Франција.
- 1624: Холандската западноиндиска компанија ја напаѓа португалската колонија на Баија во Бразил.
- 1625: Нов Амстердам е основан од Холандската западноиндиска компанија во Северна Америка.
- 1626: Заврши изградбата на базиликата Св. Петар во Ватикан.
- 1627: Роден е Шиваџи
- 1627: Арман Жан ди Плеси де Ришелје го опсадува протестантскиот град Ла Рошел, кој на крајот капитулира.
- 1627: Исчезнува животното Тур.
- 1629: Умира персискиот шах Абас I.
- 1629: Арман Жан ди Плеси де Ришелје се сојузува со шведските протестантски сили во Триесетгодишната војна за да спречи проширување на влијанието на Фердинанд II.
- 1629: Искандар Муда започна неуспешен обид да освојување на Малака.
- 1630: Холандската западноиндиска компанија ја напаѓа португалската колонија на Пернамбуко и го основа Холандски Бразил.
- 1631: Ерупција на Везув
- 1632: Битката кај Лицен завршува со смрт на шведскиот крал Густав II Адолф.
- 1632: Започнува да се гради Таџ Махал.
- 1633: Галилео Галилеј пристигнува во Рим за неговото судење пред инквизицијата.
- 1633 - 1639: Јапонија се преобразува во заклучена земја.
- 1634: Битката кај Нердлинген резултира со католичка победа.
- 1634: Етиопскиот цар Фасилидас го протерува католичкиот патријарх Афонсо Мендес и неколку Језуитски мисионери од Етиопија.
- 1636: Етиопскиот цар Фасилидас го основа градот Гондар, кој станува главен град на Етиопија во следните два века.
- 1636: Основан е универзитетот Харвард во Кембриџ.
- 1636: Португалците се повторно протерани од нивната тврдина Солор од страна на Холанѓаните.
- 1637: Рене Декарт ја објавува „Discourse de la Médode“ на француски јазик.
- 1637: Првата оперска куќа, Театро Сан Касијано, се отвора во Венеција.
- 1639: Битка кај Даунс: холандската флота ја поразува шпанската.
- 1639: Несогласувањата меѓу семејство Фарнезе и семејство Барберини папа Урбан VIII ескалираат. Започнува т.н. Војна на Папаската држава со Кастро и трае до 1649 година.
- 1639 - 1651: Војни на трите кралства, граѓански војни низ Шкотска, Ир��ка и Англија.
- 1640: Кралот Чарлс бил принуден да го свика Парламентот поради револтот на Шкотите.
- 1640 - 1668: Шпанско-португалските војни доведоа до крајот на Ибериската унија.
- 1640: Тортурата е забранета во Англија.
- 1641: Започнува Ирското востание.
- 1641: Рене Декарт го објавува Meditationes de prima philosophia.
- 1642: Лозанг Ѓацо дојде на власт во Тибет, основајќи теократска држава во Тибет по серија борби против регионалните кралства.
- 1642: Холандскиот истражувач Абел Тасман пристигнува на Нов Зеланд.
- 1642: Почетокот на Граѓанската војна во Англија, конфликтот ќе заврши во 1649 година со убиство на Чарлс I, укинување на монархијата и воспоставување на надмоќноста на Парламентот над царот.
- 1643: Луј XIV е крунисан за крал на Франција. Тој владеел со Кралство Франција до неговата смрт во 1715 година, со што неговото владеење било најдолго од секој монарх во историјата на Франција.
- 1643: Објавена е операта L'incoronazione di Poppea од Клаудио Монтеверди
- 1644: Џовани Батиста Памфили е избран за папа како Папа Инокентиј X.
- 1644 - 1674: Мавританска триесетгодишна војна.
- 1644: Сојузот со Шкотска им овозможува на парламентарните сили да ја освојат Битката кај Марстон Мур
- 1645: Умира Мијамото Мусаши, легендарниот јапонски самурајски воин.
- 1645 - 1669: Отоманска војна со Венеција. Османлиите го нападнале Крит.
- 1645: Кралско друштво
- 1646: Умира Султан Агунг
- 1646: Поразениот крал Чарлс I побегнува и се предава на Шкотланѓаните. Првата граѓанска војна завршува со победа за парламентот.
- 1647: Седумгодишниот Мехмед IV станува османлиски султан.
- 1647 - 1652: Голема Севилска чума.
- 1648: Со Вестфалскиот мир завршува Триесетгодишната војна и Осумдесетгодишната војна. Крајот на војната го означува и крајот на надмоќта на Шпанија и Светото Римско Царство како главни европски сили.
- 1648 - 1653: Граѓанска војна во Франција.
- 1648 - 1657: Востание на Богдан Хмелницки - козачки бунт во Украина кој се претвори во украинска војна за ослободување од Полска.
- 1648 - 1667: Шведски потоп.
- 1648 - 1669: Отоманското Царство го освојува Крит.
- 1649: Чарлс I е погубен за предавство, првиот и единствен англиски крал што бил подложен на судска постапка во Високиот суд на правдата и убиен.
- 1649 - 1653: Кромвелско освојување на Ирска.
- 1650: Франческо Реди ја оспорува теоријата на Спонтана генерација.
- 1651: Крај на Англиската граѓанска војна.
- 1652: Основан е Кејптаун од Холандската источноиндиска компанија .
- 1653: Оливер Кромвел го распушта парламентот и го заменува со Номинираното собрание. По три месеци, Собранието донесува предлог за распуштање и Кромвел воспоставува Протекторат.
- 1656 - 1661: Ќопрулу Мехмед-паша станува Голем везир на Отоманското Царство.
- 1655: Англичаните, предводени од Сер Вилијам Пен и генерал Роберт Венебли, ја преземаат последната шпанска тврдина во Јамајка.
- 1658: Откако Шах Џахан го комплетира Таџ Махал, неговиот син Аурангзеб го соборува како владетел на Моголското Царство.
- 1658: Кромвел умира, а неговиот син Ричард станува Лорд Заштитник.
- 1659: Ричард Кромвел е под притисок да го распушти протекторат.
- 1660: Крај на Англиската република и враќање на монархијата.
- 1660: Основано е Кралското друштво.
- 1661: Ќопрулу Мехмед-паша умира и е наследен од неговиот син Ќопрулу Ахмед-паша.
- 1661: Започнува владеењето Канси во Кина.
- 1661: Умира Жил Мазарен, де факто владетел на Франција.
- 1662: Роден е Жак Ајмар-Верне.
- 1663: Отоманска војна против Хабсбуршка Унгарија.
- 1663: Франција презема целосна политичка и воена контрола над своите колонијални поседи во Нова Франција.
- 1663: Роберт Хук открива клетки со помош на микроскоп.
- 1664: Битка кај Сентготард: Рајмунд Монтекуколи ги победува Османлиите.
- 1664: Британските трупи го освојуваат Нов Амстердам и го преименуваат во Њујорк.
- 1664: Објавена е книгата на Џон Евелин, „Sylva“ во Англија.
- 1665: Големата чума во Лондон.
- 1665: Португалија го поразува Царство Конго во Битката кај Мвиила.
- 1665 - 1667: Втора англо-холандска војна меѓу Англија и Обединетите провинции.
- 1666: Големиот пожар во Лондон.
- 1667: Мапад на Медвеј за време на Втората англо-холандска војна.
- 1667 - 1668: Деволуционска војна; Франција ја напаѓа Холандија. .
- 1667 - 1699: Големата турска војна го стопира проширувањето на Отоманското Царство во Европа.
- 1667: Како резултат на Договорот од Бреда помеѓу Холандија и Англија, Холанѓаните обезбедуваат светски монопол на индискиот прев, принудувајќи ја Англија да се откаже од своите острови како Рун.
- 1668: Лисабонскиот договор помеѓу Шпанија и Португалија ја признава Португалија како независна држава.
- 1669: Османлиите го освојуваат Крит.
- 1670: Основана е Компанија Хадсон Беј во Нова Франција (Канада)
- 1670: Основан е Чарлстон во денешна Јужна Каролина.
- 1672 - 1673: Јан III Собиески ги победи Османлиите во втората битка кај Хотин.
- 1672 - 1676: Отоманско-полска војна.
- 1672 - 1678: Француско-холандска војна.
- 1673: Антони ван Левенхук станува првиот човек што ги гледа микробите со домашен микроскоп.
- 1674: Вестминстерски договор, завршува војната меѓу Англија и Холандска Република.
- 1674: Основано е Царство Марата.
- 1676: Договор од Журавно и крај на Отоманско-полската војна.
- 1675: Основана е Гриничката опсерваторија
- 1676: Кара Мустафа-паша станува Голем Везир.
- 1676 - 1681: Русија и Отоманското Царство ја започнуваат Руско-турската војна.
- 1678: Со Најмегенскиот договор завршуваат различни меѓусебно поврзани војни меѓу Франција, Холандија, Шпанија, Бранденбург, Шведска, Данска и Светото Римско Царство.
- 1681: Пашата од Будим го поддржува бунтот на Имрих Токоли во Унгарија.
- 1682: Султан Мехмед IV, советуван од Кара Мустафа-паша, решава да го игнорира постоечкиот мировен договор со Леополд I), што истекува во 1684.
- 1682: Петар Велики станува владетел на Русија (цар во 1696 година).
- 1682: Робер Кавелије де ла Сал ја истражува должината на реката Мисисипи.
- 1682: Версајски дворец
- 1683: Кина го освојува Кралство Тунгнинг и Тајван.
- 1683: Отоманското Царство е поразено во втората опсада на Виена.
- 1683 - 1699: Големата турска војна води кон освојување на поголемиот дел од Отоманска Унгарија од страна на Хабсбурзите.
- 1685: Едикт на Фонтенбло и забрана на протестантството во Франција.
- 1687: Исак Њутн го објавува делото Математички начела на природната филозофија.
- 1688: Опсада на Дери.
- 1688 - 1689: Славна револуција започнува со Холандска Република.
- 1688 - 1691: Војната на двата кралеви во Ирска.
- 1688 - Grand Alliance се обиде да ја запре француската експанзија за време на Деветгодишната војна.
- 1689: Вилијам и Марија се искачуваат на престолот на Англија, Шкотска и Ирска.
- 1689: Џон Лок го објавува своето прво „Писмо за толеранцијата“.
- 1689: Задушување на Карпошовото востание. Карпош е убиен, а бунтовниците поразени.
- 1690: Битка кај Бојне во Ирска.
- 1692: Судење на вештерките од Сејлем во Масачусетс.
- 1692: Порт Ројал во Јамајка е уништен од земјотрес и цунами, околу 2000 лица умираат, 2300 се повредени.
- 1692 - 1694: Гладот во Франција убива два милиони луѓе.[8]
- 1693: Основан е Колет на Вилијам и Марија во Вилијамсбург, со кралска повелба.
- 1694: Основана е Банка на Англија.
- 1694: Умира Марија II.
- 1697: Најрано познат првокласен крикет натпревар се одвива во Сасекс.
- 1697 - 1699: Голема дипломатска мисија на Петар Велики низ Европа
- 1699: Со договорот од Карловци завршува Голема турска војна.
- 1699: Томас Савари го покажува својот прв парен мотор на Кралското друштво.
- 1700: Со падот на трговијата на зачини, текстилот станува е најважната трговска единица во Холандската источноиндиска компанија[9]
Личности
[уреди | уреди извор]Родени
[уреди | уреди извор]- Педро Калдерон де ла Барка - шпански драматург.
- Папа Климент IX - римски папа.
- Чарлс I - англиски крал.
- Франсоа Тристан Лермит - француски писател.
- Пјер де Ферма - француски правник.
- Жил Мазарен - француски политичар.
- Султанзаде Мехмед-паша - осмналиски Голем везир.
- Осман II - османлиски султан.
- Филип IV - шпански крал.
- Пјер Корнеј - француски трагичар.
- Рембрант ван Рајн - холандски сликар.
- Еванџелиста Торичели - италијански математичар и физичар.
- Фердинанд III - Цар на Светото Римско Царство.
- Џудит Лејстер - дански астроном.
- Тихо Брахе - холандска сликарка.
Починале
[уреди | уреди извор]- Тихо Брахе - дански астроном.
- Дамат Ибрахим-паша - отомански државник.
- Мелетиј I Цариградски - александриски патријарх.
- Џакомо дела Порта - италијански архитект.
- Сијавуш-паша Кањижанин - османлиски државник .
- Шломо бен Абрахам Хакоен - еврејски рабин во Битола.
- Франсоа Виет - француски математичар. .
- Вилијам Гилберт - англиски научник-лекар и физичар.
- Елизабета I - кралица на Англија.
- Мехмед III - османлиски султан.
- Васил Цијапински - белоруско-литвански племеник.
- Акбар Велики - владетел на Могулското Царство .
- Папа Климент VIII - римски папа.
- Папа Лав XI - римски папа.
- Хандан султан - мајка на османлискиот султан Ахмед I и Валиде султан .
- Џон Ди - англиски математичар.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Thirty-Years-War“. Western New England College. Архивирано од изворникот на 1999-10-09. Посетено на 2008-05-24.
- ↑ „The Seventeenth-Century Decline“. The Library of Iberian resources online. Посетено на 13 August 2008.
- ↑ 3,0 3,1 Ricklefs (1991), page 28
- ↑ Ricklefs (1991), page 29
- ↑ History of UST UST.edu.ph. Retrieved December 21, 2008.
- ↑ The Tatar Khanate of Crimea
- ↑ Miller, George (ed.) (1996). To The Spice Islands and Beyond: Travels in Eastern Indonesia. New York: Oxford University Press. стр. xvi. ISBN 967-65-3099-9.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Alan Macfarlane (1997). The savage wars of peace: England, Japan and the Malthusian trap. Wiley . p. 64. ISBN 0-631-18117-2
- ↑ Ricklefs (1991), page 63