Регата во Сент Адрес (Моне)
Регата во Сент Адрес | |
---|---|
Уметник | Клод Моне |
Година | 1867 |
Медиум | маслени бои, платно |
Димензии | 75.2 cм (29.6 ин) × 101.6 cм (40.0 ин) |
Местоположба | Метрополитен |
Пристапен број | 51.30.4 |
Идентификувачи | предмет во Мет: 437136 |
Регата во Сент Адрес — слика масло на платно на импресионистичкиот сликар Клод Моне. Насликана е во 1867 година и е во сопственост на музејот Метрополитен.
Оваа слика и Плажата во Сент Адрес (Уметнитчки институт во Чикаго) веројатно биле замислени како пар. Тие се еднакви по големина, а нивната точка на гледање се разликува за само неколку метри.
Опис
[уреди | уреди извор]Сент Адрес, добростоечко предградие на Авр, бил дом��т на татко му на Моне. Сиромашниот, Моне го поминал летото 1867 година со својот татко и тетка му Софи Лекадр по цена да ја напушти својата придружничка Камиј Донсје и нивниот новороден си�� Жан. Моне присуствувал на породувањето во Париз, а неколку дена подоцна се вратил на брегот.[1]
Парот слики ја спојува оваа сончева регата која убаво облечени буржуи ја гледаат при плима, со облачна сцена при слаба осека, рибарски чамци извлечени на плажата со морнари и работници. Бидејќи Моне никогаш не ги изложил сликите една до друга, контрастот меѓу нив веројатно не бил наменет како социјален манифест, туку ги одразувал различните услови под кои можело да се наслика истото место.[1]
На 25 јуни 1867 година, Моне забележал дека работи на дваесетина слики:
„Меѓу морските пејзажи, ги работам регатите на Авр со многу фигури на плажата и надворешното пристаниште покриено со мали едра“. (Клод Моне) [1]
Сликата е потпишана долу лево.
Сопственост
[уреди | уреди извор]? Анри Хехт, Париз (1873; купена во јануари за 500 франци од уметникот); ?продажба, Хотел Друо (Hôtel Drouot), Париз, 5 април 1884 година, бр. 25, како „Сент Адрес“; Диран-Риел, Париз, околу 1888–91 година, продаден на 20 август 1891 година на Виденер; Вајднер, Ешбурн, во близина на Филаделфија (1891–1907; продаден на 27 февруари 1907 година на Диран-Риел); Диран-Риел, Њујорк, 1907 година; Вилијам Черч Озборн, Њујорк (1907–д. 1951)