Котбус
Котбус | |
Стариот плоштад | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Градски округ |
Градоначалник | Франк Шимански (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 164,28 км2 |
Надм. височина | 70 м |
Население | 99.515 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 606 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CB |
Пошт. бр. | 03042-03055 |
Повик. бр. | 0355 |
Портал | cottbus.de |
Местоположба на градот Котбус во Бранденбург | |
Координати | 51°45′38″N 14°20′3″E / 51.76056° СГШ; 14.33417° ИГД |
Котбус (германски: Cottbus; долнолужички: Chóśebuz; полски: Chociebuż) — универзитетски град во Бранденбург, Германија, сместен околу 125 километри југоисточно од Берлин на реката Шпре.
Историја
[уреди | уреди извор]На денешното подрачје на градот била основана населба во 10 век, кога Лужичките Срби подигнале замок на песочниот остров во реката Шпре. Првото документирано спомнување на името на градот било во 1156. Во 13 век пристигнале германските доселеници и некое време живееле заедно со Лужичките Срби. Во средновековието Котбус бил познат по волната и завесите од градот биле пренесувани во скоро сите делови на Бранденбург, Бохемија и Саксонија. Во 1462 Котбус бил припоен кон Маркгрофовијата Бранденбург; во 1701 градот станал дел од Кралството Прусија. Во 1815 околните окрузи на Горна и Долна Лужица биле одвоени од Кралството Саксонија кон Прусија.
Од 1949 до повторното обединување на Германија во 1990, Котбус бил дел од Источна Германија.
Култура и образование
[уреди | уреди извор]Котбус е културен центар на долнолужичкото малцинство. Многу знаци во градот се двојазични и постои гимназија на долнолужички јазик, но сепак јазикот е ретко говорен на улиците.
Веднаш до Котбус е познатиот парк Браниц, создаден од принцот Херман фон Пиклер-Мускау по 1845. Замокот Браниц бил повторно изграден од Готфрид Земпер во доцнобарокен стил помеѓу 1846 и 1852, а градините изградени од принцот Херман вклучуваат и две пирамиди. Една од нив, Seepyramide, е во средината на вештачко езеро и служи како негов мавзолеј.[2]
Секоја година Котбус е домаќин на Источноевропски филмски фестивал.
Котбус е исто така дом на Техничкиот Универзитет Бранденбург (BTU) и на математичката гимназија Макс Штенбек, која е именувана по физичарот Макс Штенбек.
Во градот се наоѓа фудбалскиот клуб ФК Енерги Котбус, кој моментално игра во втората германска Бундеслига. Нивните домашни натпревари се одигруваат на градскиот стадион.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Котбус е збратимен со:
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ Udo Lauer, Fürst Pücklers Traumpark, Ullstein Verlag, 1996, Berlin
- ↑ „Партнерски градови на градот Кошице“ (словачки). 2007–2009 City of Košice Magistrát mesta Košice, Tr. SNP 48/A, 040 11 Košice. Архивирано од изворникот на 2009-08-17. Посетено на 12 јули 2009. Надворешна врска во
|publisher=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Котбус“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски) (англиски) (полски) (лужички)
- Официјална страница на Техничкиот Универзитет Бранденбург Архивирано на 21 август 2013 г.
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
|
|