Катерина II (Русија)
Катерина Велика | |||||
---|---|---|---|---|---|
Императорка на Русија | |||||
На престол | 9 јули 1762 – 17 ноември 1796 | ||||
Крунисување | 12 септември 1762 | ||||
Претходник | Петар III | ||||
Наследник | Павле I | ||||
Руска царица | |||||
Tenure | 25 декември 1761 – 9 јули 1762 | ||||
Роден(а) | 2 мај 1729 Штетин, Кралство Прусија | ||||
Починал(а) | 17 ноември 1796 Санкт Петербург, Русија | (возр. 67) ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Петар III | ||||
Деца 3 нелегитимни деца | Павле I | ||||
| |||||
Династија | |||||
Татко | Кристијан Аугуст | ||||
Мајка | Јохана Елизабета | ||||
Вероисповед | лутеранство, подоцна православие | ||||
Потпис |
Катерина II Велика (руски: Екатерина II Великая), родена Софија Фредерика Августа фон Анхалт-Цербст, (2 мај 1729 - 17 ноември 1796) — императорка на Русија во периодот од 1762 година до 1796. Таа всушност е и императорот кој најдолго се задржал на престолот на Руската Империја, а периодот од нејзиното владеење многу често се нарекува “Златен век“. Таа водела успешни освојувачки војни. По војната со Османлиското Царство од 1766 до 1774 кон Русија го приклучила Кримскиот Полуостров. Ја проширила и на запад, на сметка на Полска. Како резултат на овие освојувања Русија станала најголема и најсилна европска држава во XVIII век, меѓутоа на општествен и стопански поглед заостанувала зад западноевропските држави.
Рани години
[уреди | уреди извор]Софија Аугуста Фредерика од Анхалт-Зербста, е родена во Штетин во Прусија (денес Полска), од Кристијан Аугуст - татко и Јохана Елизабета - мајка. Родена е како Германка, во сродство со идните кралеви Густав III од Шведска и Карло XIII од Шведска. Во својата 15 година таа станува кандидатка за сопруга на големиот војвода Петар Руски, внук на Петар Велики. Иако имала неколку конкурентки во борбата за таа позиција, изборот паднал на неа, бидејќи била од редот на ниско благородништво и се верувало дека поради тоа со неа лесно ќе се манипулира. Принцезата Софија била привлечна млада жена, која оставила силен впечаток на царицата.
Руска принцеза
[уреди | уреди извор]Во 1744 година, царицата Елизабета од Русија ја одбрала Софија за жена на својот внук Петар III од Русија, својот избран наследник. Софија го променила името во Катерина кога била преобразена во руската православна религија.
Софија никогаш порано го немала видено својот сопруг и кога тоа се случило тој не и се допаднал. Големиот војвода бил целиот во лузни и речиси без коса. Сепак, бидејќи тој брак требало да ја доведе на чело на династијата таа покорно прифатила сè што ѝ било понудено. Го земала името Катерина Алексеевна и на 21 август 1745, кога имала 16 години, со величествена церемонија, стапила во брак со Петар. Според многумина, првата брачна ноќ на новите сопружници им била катастрофална, бидејќи Петар повеќе сакал да си игра со своите војници отколку да се позанимава со својата сопруга.
Со текот на времето, додека тој станувал се понеурамнотежен таа учела руски јазик и се запознавала со православните верски ритуали. Меѓутоа, иако веќе седум години немале никаков однос, од неа се очекувало да роди престолонаследник. Знаејќи дека тоа нема да може да го изведе со својот маж, го пронашла својот прв љубовник, високиот дворски службеник Сергеј Салтиков со кого забременила. Кога се родило момчето иако се знаело дека не е на Петар, му била дадена титула на голем војвода. На Салтиков му било советувано да замине од Русија, а бебето било предадено на царицата Елизабета. Останувајќи без љубовникот и детето, Катерина одлучила да пронајде нов љубовник. Овојпат тоа бил еден Полјак - грофот Станислав Поњатовски. Тој бил образован и нежен маж кој уживал во нејзиното друштво. Нејзиниот следен љубовник бил Грегорие Орлов, офицер од царската гарда познат по својата убавина и физички способности, кој со текот на времето и станал корисен довереник.
Царска придружничка
[уреди | уреди извор]Секогаш била во тек со новостите и случувањата, а контактирала со големите умови во тој период како Волтер и Дидро. Царицата Елизабета Петровна починала на 25 декември 1761, а по неколку дена Петар бил поставен за цар. Сè уште бил нестабилна личност, склона кон бизарни испади. Во тоа време Катерина била бремена со второто дете зачнато со Орлов. Нејзините мајчински чувства во меѓувреме потполно згаснале и кога детето се родило таа го дала на едно семејство да го одгледа. Од почетокот на своето владеење Петар III се потсмевал на православната вера и му се воодушевувал на Фредерик Велики. Тој почнал преговори со него, иако бил најголемиот руски непријател. Помеѓу двете држави била потпишана спогодба со која Русија се обврзува на Прусија да и ги врати сите нејзини територии. Ова било многу непопуларен потег. Еден од неколкуте, како и оној кога Петар ја предупредил Австрија да се покори на барањата на Прусија, за да не дојде во конфликт со нејзиниот нов сојузник, Русија. Рускиот цар и се заканувал и на Данска, а потоа Петар III ненадејно бил симнат од престолот.
Доаѓање на власт
[уреди | уреди извор]Државниот удар се случил на 9 јуни 1762, а главните глумци биле браќата Орлов. Петар морал да потпише акт за абдикција и утредента Катерина со почесна стрелба и црковни ѕвона влегла во Санкт Петербург. Петар, пак, бил затворен во дворецот Рофшау во Шлуселбург. Три недели откако бил симнат од престолот на 18 јули 1762 бил убиен. Катерина тврдела дека починал од излив на крв во мозокот, но сепак сите податоци укажувале на тоа дека браќата Орлов го убиле царот. Иако Катерина се ослободила од својот маж постоела уште една закана: човекот кого го нарекувале "затвореник број еден" царот Иван VI.
Иван VI станал цар на Русија на 5 октомври 1740 година кога имал само два месеца. Во негово име кратко владеела неговата мајка Ана Ивановна, сè до 1741 кога Елисавета Петровна ја симнала од престолот. Малиот Иван, со својата мајка и семејството бил испратен во прогонство, а потоа и затворен во тврдината Шлуселбург. Лишен од сите права, вклучувајќи ја и храната и дневната светлина, Иван со текот на времето полудел. И покрај тоа затвореникот претставувал сериозна пречка за Катерина. Затоа таа наредила во Шлуселбург да се постави стражар чија задача би било да го убие Иван во случај некој да се обиде да го ослободи. На 5 јули 1764 поручникот Василиј Јаковљевич Митрович се обидел да го ослободи стариот цар. Во истиот момент биле убиени Митрович и Иван. Зад убиството се верува дека стоела Катерина.
Владеење 1762-1796
[уреди | уреди извор]На 22 септември 1764 Катерина официјално била крунисана. Главната цел била да ја поправи сликата за Русија во Европа и да ги зголеми руските територии. Затоа извршила радикални промени во владата. Иако била позната како деспот, таа внела и некои позитивни промени, пред сè на полето на образованието, земјоделството и индустријата. Сепак и покрај напредокот на патот до остварување на нејзините планови стоела една голема препрека: руските кметови. Кметството било длабоко вкоренет начин на живот, каде земјоделците биле сопственост на своите газди. Иако се надевала дека ќе успее да го промени овој статус набргу сфатила дека земјопоседниците кои и пружале политичка поддршка нема да толерираат таква реформа. Затоа се откажала од своите планови и набргу влетала во шаблонот кој го оставиле претходните владетели автократи. Притоа издала и нов декрет, кој уште повеќе го зацврстил системот кој таа претходно го осудувала. Кметовите повеќе немале никакви права. До крајот на нејзиното владеење речиси немало селанец во Русија кој бил независен. Строгото владеење на Катерина не го почувствувале само ниските класи. Таа се свртела и кон Руската православна црква. Разбирајќи дека може да го зголеми своето богатство почнала од црквата да зема пари и богатства, а за да работите бидат уште полоши тоа што го земала од црквата во вид на подароци им го дала на браќата Орлов. Иако сè уште ѝ бил љубовник, Катерина на Грегорие Орлов му ја доделила титулата принц и го испратила во прогонство. Овој потег бил многу успешен. Орлов го одушевил европското високо друштво и станал добар амбасадор на Русија во Европа.
Во периодот на владеењето на Катерина II Велика, Русија најмногу добила во поглед на територијалното проширување, вклучувајќи ги Полуостровот Крим, Кавказ, Белорусија, Литванија. Овој период е и познат како „Златен век“, поради нејзиното успешно владеење. Територијално, Русија, се здобила со проширување од 518 000 км2.
Никита Ивановиќ, нејзин министер за надворешни работи, имал значајно влијание врз почетокот на нејзиното владеење. Катерина од Русија направила доминантна сила на Блискиот Исток, особено со Руско-турските војни. Во Првата руско-турска војна (1768-1774) се обидела да направи поделба на европскиот дел на Османлиското Царство по Полскиот модел, но постигнала мал успех. Го анектирала Крим во 1783 година, за помалку од девет години станал самостален како резултат на првата руско-турска војна. Втората руско-турска војна (1787-1792) се завршила со Мировен договор меѓу Русија и Османлиското Царство, а притоа Рурсија го добила Кримскиот Полуостров.
На европски план Катерина имала значајна улога како посредник во војната за Баварија (1778-1779) меѓу Прусија и Австрија. Од 1788 до 1790 година била во војна со Шведска против Густав III. Оваа војна ја започнал со цел да ги поврати балтичките територии кои биле освоени во 1720 година од Русија. Очекувајќи лесно да ја совладаат Русија, се соочиле со потешкотии, територијални и човечки загуби. Контраофанзива од Шведска била организирана во 1790, каде конечната битка се водела на Свенскуда на 9 и 10 јули. На 14 август, бил потпишан мир, со кој се повратиле сите претходно освоени територии.
Катерина ја презела и водечката улога во делбата на Полска, користејќи ја нејзината децентралицазиона и н��моќна влада, да ја подели меѓу Прусија и Австрија. Оваа поделба и овозможила на Русија да ја одржи рамнотежата во Источна Европа во XVIII век.
Во 1789 во Франција почнале револуционерни превирања. Интелектуалните струи оделе во правецот кон уставна, а не апсолутистичка власт. Писателот А.Н.Радишев во 1790 објавил текст, во кој зборувал за срамната положба на кметовите и го критикувал нивното малтретирање. Катерина наредила тој да биде погубен. Во 1794 ја избришала Полска од мапата на Европа, поделувајќи ја нејзината територија со Прусија и Австрија. Потемкин, нејзиниот љубовник, починал во 1791, а таа набргу влегла во нова врска, односно со Платон Зубов. Зубов меѓутоа не и бил лојален колку што таа сакала. Тој го задал првиот удар на нејзиниот син, кога тој бил убиен.
Катерина Велика ненадејно починала на 7 ноември 1796, во својата 67 година. Под нејзино водство Русија ја зголемила својата територија за 200.000 квадратни милји, го остварила сонот да добие излез на Босфор и станала побогата за многу палати, згради и нови градови. Од една наивна млада жена идеалист, таа се претворила во деспот, кој се згрозувал од каква било либерална идеја. По нејзината смрт престолот го наследил Павле I. Катерина никогаш не го ценела својот син и го сметала за малку имбецилен. Неговото владеење траело само пет години.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Катерина II (Русија)“ на Ризницата ? |
- Катерина Велика Архивирано на 24 ноември 2011 г. @ Хронологија
- Дел од законските кодекси донесени во нејзино време
- Манифест на Катерина II
- Information about the Битката кај Свенсканд
- Историски митови: Смртта на Катерина Велика
- Катерина Велика
- Briefly about Catherine: The Enlightened Despots Архивирано на 26 јуни 2012 г.
- (руски) Семејно дрво
- Принцезата која стана Катерина Велика @ the Ursula's History Web
- Даглкас Смит, Love and Conquest Архивирано на 25 август 2011 г.
- (руски) Фотографии од Катерина Велика Архивирано на 24 ноември 2011 г.
- http://www.alexanderpalace.org/palace/Catherine.html Архивирано на 29 јуни 2015 г.
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
Катерина II (Русија) Помлада гранка на Династија Аскани Роден(а): 2 мај 1729 Починал(а): 6 ноември 1796
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Петар III |
Владетел на Русија 9 јули 1762 – 6 ноември 1796 |
Наследник Павле I |
Претходник Марта Скавронска |
Царска придржничка 25 декември 1761 – 9 јули 1762 |
Наследник Марија Фјодоровна |
„Екатерина II Велика“ на Ризницата ? |
|