Мигел Анхел Астуријас Росалес
Мигел Анхел Астуријас Росалес , гватемалски писател и дипломат, роден на 19 октомври 1899 година во Сиудад де Гватемала, Гватемала, а умрел на 9 јуни 1974 година во Мадрид, а на негово барање бил закопан во Париз.[1]
Образование
[уреди | уреди извор]Дипломирал право на тема „Социјалниот проблем на Индијанците“, а студирал и антропологија на Сорбона во Париз, каде што бил под големо влијание на францускиот поет Андре Бретон.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 1946 година, Астуријас Росалес бил амбасадор во Мексико, Аргентина и Ел Салвадор, а во 1954 година си заминал од Гватемала. Подоцна бил амбасадор во Франција.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговите силно антиимперијалистички поеми и романи го довеле до Наградата за мир „Ленин“ во 1966 година и Нобелова награда за литература во 1967 година. Тој е раскажувач и поет на волшебниот реализам, заедно со Маркез, а прилично бил навлезен со своите дела во полето на староседелството, пишувајќи за селаните под колонијалистичкиот јарем. Неговото прво дело „Легенди од Гватемала“, од 1930 година, е збирка раскази и легенди за Маите. Квалитетот и звучноста на неговата проза одвај може да најде споредба во литературата на шпански јазик од XX век. Со своето дело „Господинот претседател“ од 1946 година се стекнал со меѓународна слава, а во него портретирал еден типичен латиноамерикански диктатор, служејќи се со гротескност и потсмешливост. „Луѓе од пченка“, 1946 година, за многумина е негово ремек-дело чија тема, исто така, е митска. Воопшто, неговите дела секогаш обработуваат исти теми, како што е случај и со трилогијата, позната како „Трилогија на банановата република“, составена од „Силен ветар“, 1950, „Зелениот Папа“, 1954 и „Очите на закопаните“, 1960. Други негови дела се „Мулатка“ и „Деликвент“.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|