Прејди на содржината

Епоним

Од Википедија — слободната енциклопедија
(раз��) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Епоними (гр. апонимон = „именувач“) се апелативи (општи именки) по кои нештото го добило своето име/назив. Како за пример тоа може да биде место, временски период, некое откритие, итн, најчесто по некоја заслужна личност. Епонимите се пишуваат со мали почетни букви. Во повеќето случаи употребата на нештата чие име е епоним, општо е прифатена. Додека постојат и случаи кога има сосема различна прифатеност за сосема слични работи – на пример луѓето припадници на христијанска религија го носат името „христијани” и се гордеат со тоа име, додека муслиманите негативно го примаат нивното именување како „мохамедани”.

Исто така важно е да се знае, дека трговските марки, кои го носат името на создателот на истите, не се епоними. „Форд” не е епоним за автомобилите од таа марка.

Под поимот епоними спаѓаат и зборови кој не потекнуваат од ниту еден стандарден јазик па истите се употребуваат во колоквијални искази, примери: дигитрон (калкулатор), калодонт (паста за заби), палома (хартиена марамица) и слично.

Список на познати епоними

[уреди | уреди извор]