Прејди на содржината

Срам (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:49, 12 април 2022; направена од Andrew012p (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Срам (англиски: Shame) — британски филм од 2011 година, во режија на Стив Меквин, кој, заедно со Аби Морган, е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Мајкл Фасбендер, Кери Малиган и Џејмс Беџ Дејл.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Брендон е триесетгодишен успешен маж, кој живее во луксузен стан во Њујорк. Тој има многу пријатели и живее удобен живот. Сепак, тој има немирна природа и не може да биде среќен и спокоен, зашто е зависник од секс. Поради големиот нагон за секс, тој одржува односи со голем број непознати жени, а понекогаш и со мажи. Често, тој плаќа за сексот, а сите жени што ги запознава ги доживува како потенцијален плен.[1]

  1. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 29.