Прејди на содржината

2013.01.25 Меморандум за соработка помеѓу ВММК и НУБСК

Од Викимедија Македонија

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА, склучен помеѓу:

1. НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА НАЦИОНАЛНА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ со седиште на бул. „Гоце Делчев“ бр. 6 и

2. ВИКИМЕДИЈА МАКЕДОНИЈА со седиште на адреса Ул. „Владимир Комаров“ бр. 1А-4/42, Скопје.

ЦЕЛИ

[уреди]

Член 1

(1) Со овој Меморандум се утврдува рамката во која се реализира соработката меѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете страни насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во областите од заеднички интерес.

ПОЛЕ НА СОРАБОТКА

[уреди]

Член 2

(1) Меѓусебната соработка на потписниците ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, при која НУБ ќе обезбеди содржини од акцент на нашето културно наследство за споделување на веб страните што се во сопственост на фондацијата Викимедија преку заедницата на Викимедија Македонија.

Сите содржини ќе бидат доставени со библиографски податоци во дигитална форма по договор.

(2) Како прв чекор НУБ ќе ги стави на располагање следниве материјали:

карти 12
ретка периодика 7
каталог 1

Насловите на материјалот с ево документот Прилог на овој меморандум за соработка. Сите материјали ќе бидат со оптимален квалитет за веб презентирање со линк назад до страните на библиотеката. Изработката на шема за мета-податоци е според упатство на Викимедија. Материјалите ќе бидат објавени под следната лиценца: НаведиИзвор-Некомерцијално-СподелиПодИстиУслови 2.5 Македонија.

(3) Потписниците на Меморандумот ќе изготват заеднички процедури и други акти во врска со реализацијата на взаемната соработка.

КООРДИНАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА

[уреди]

Чен 3

(1) Потписниците на Меморандумот најмалку еднаш годишно, а по потреба и почесто ќе расправаат по прашања поврзани со остварување на целите на Меморандумот како и за другите дополнителни акти што ќе произлезат од истиот.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 4

(1) Овој Меморандум влегува во сила со денот на потпишувањето. За конкретна реализација на одредбите од Меморандумот по потреба се изработуваат дополнителни договори и други правни акти.

(2) Меморандумот е потпишан од страна на НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопјеод една страна и Претседателот на „Викимедија Македонија“ од друга страна.

(3) Меморандумот е изготвен во 2 еднакви примероци, од кои по еден примерок за секој потписник.


НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје
_______________________
Директор
Миле Бошески
ВИКИМЕДИЈА МАКЕДОНИЈА
________________________
Г-дин Димче Грозданоски
ПРЕТСЕДАТЕЛ



РЕТКА ПЕРИОДИКА

1. Илинденски пат
2. Илустрација Илинден
3. Искра
4. Лоза
5. Македонска мисла
6. Македонски преглед
7. Македонски глас

ГЕОГРАФСКИ КАРТИ

1. Carte générale de la Turquie d'Europe de la Grece et des iles Joniennas
2. commons:File:KKR-21 Die Landschaft Macedonien.jpgDie Landschaft Macedonien
3. Estats de l'Empire du grand seigneur dit sultan et Ottomans empereur des Turcs dans trois parties du Monde scavoir en Europe en Asie et en Europe en Asie et en Afrique
4. Il Regno della Servia detta alterimenti Rascia
5. La CHINE avec la Korée et les Parties de la Tartarie
6. La Grece
7. Mappa geographica Græciæ Septentrionalis Hodiernæ sive Provinciarum Macedoniæ, Thessaliæ et Albaniæ, in qua ultima Provincia Habitationes sitæ Gentis Montenegrianæ in Comitatu Zentanensi expressæ sunt, unacum finitimis Regionibus atque Insulis ex recentisfimis novifsimisque Subfidiis fecundum normam legitimæ Projectionis in ufum belli præfentis Delineata
8. Turquie d'Europe et partie de celle d'Asie divisee par grandes Provinces et Gouvernemis
9. Turquie d'Europe pour au Theatre de la Guerre des Tures et des Russes
10. Turquie en Europe
11. Walachia, Servia, Bulgaria, Romania
12. Скица Охрид

КАТАЛОЗИ

1. Каталог од изложбата на словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век во Белгија