Sigur Rós
Sigur Rós | |
---|---|
Sigur Rós на настап во 2013. Од лево на десно: Кеорк, Јонси и Ори | |
Животописни податоци | |
Потекло | Рејкјавик, Исланд |
Жанрови | |
Период на активност | 1994–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | https://sigurros.com |
Sigur Rós (транскрипција: Сигурос)[6] ― исландска пост-рок музичка група основана во 1994 година во Рејкјавик. Составена е од: пејачот и гитарист Јон Тор Пиркисон - Јонси (исландски: Jón Þór "Jónsi" Birgisson), басистот Кеорк Холм (Georg Hólm) и клавијатуристот Кјартан Свеинсон (Kjartan Sveinsson). Познати се по уникатниот амбиентален и етеричен звук, фалсето гласот на фронтменот Јонси и нивната употреба на гитара со гудало.[7] Музиката на Sigur Rós е комбинација на класични и минималистички естетски елементи.[8][9] Групата е именувана по сестрата на фронтменот Јонси и во превод значи „Роза на победата“.
Историја
[уреди | уреди извор]1997–1999: Почетоци и први успеси
[уреди | уреди извор]Јон Тор Пиркисон - Јонси (гитара и пејач), Кеорк Холм (бас) и Агуст Гунарсон (тапани) ја основале групата Sigur Rós во Рејкјавик во јануари 1994 година.[10] Името на групата, што се преведува како „Роза на победата“, е преземено од името на помладата сестра од Јонси, Сигурос, родена неколку дена пред основањето на групата.[10][11]
Во 1997 година, го објавиле албумот Von, а во 1998 година ремикс-колекцијата, Von brigði. Во 1998 година на групата ѝ се придружил Кјартан Свенсон на клавијатури.
Меѓународна популарност стекнале со нивниот втор албум, Ágætis byrjun од 1999 година. Албумот бил пофален од критичари од цел свет, а групата била пофалена и од познати музчари како што се: Radiohead, Coldplay и Дејвид Боуви.[12] Најпознати песни од овој албум биле: „Svefn-g-englar“ и „Viðrar vel til loftárása“.
2000–2007: Издавање на албумите: ( ), Takk... и Hvarf/Heim
[уреди | уреди извор]Во 2002 година, Sigur Rós го издале нивниот трет студиски албум, под наслов „( )“. Овој албум содржел осум песни поделени на два дела, каде првиот дел е посветен на позитивни чувства, а вториот на темни и мрачни емоции. Албумот е карактеристичен и по тоа што сите песни се без наслов и се пеат на измислен јазик наречен „хоупландски“, што додава на етеричниот и мистичен квалитет на музиката на групата.
Нивниот четврти албум, Takk... го користел препознатливиот звук од нивниот втор албум, но со повеќе рок елементи и со поголема употреба на гитара. Бил издаден во септември 2005 година. „Hoppipolla“, вториот официјален сингл од Takk... , била користена во: трејлерите на Би-би-си во серијата Планетата Земја од 2006 година, одјавната шпица од финалето на ФА Купот во 2006 година, веслачката трка на Оксфорд и Кембриџ во 2006 година, рекламите на Би-би-си за натпреварите на Англија за време на Светското првенство на ФИФА во 2006 година, на телевизиски реклами за галските игри на RTÉ во Ирска и на реклама за Оксфам. Искористена е и во последната сцена од филмот Пенелопа, за трејлерот од филмот Деца на човештвото и за трејлерот од филмот Милионер од гетото.
Во август 2007 година, било објавено ограничено ДВД+ЦД издание на саундтракот од 2002 година за документарниот филм Хлеммур. На 5 ноември групата го издала Hvarf/Heim, двоен компилациски албум кој содржел студиски верзии на претходно необјавени песни и акустични студиски верзии на нивни постари песни.
2008–Денес: Подоцнежни изданија и турнеи
[уреди | уреди извор]Петтиот студиски албум на Sigur Rós, Með suð í eyrum við spilum endalaust (во превод на македонски: Со зуење во ушите свириме бескрајно), бил издаден во јуни 2008 година и добил претежно позитивни критики. Стилски се разликувал од нивните претходни изданија; имало повеќе гитара и помалку други жичани инструменти,[13] и содржел повеќе песни ориентирани на поп-музика.[14] Последната песна „All Alright“ била прва песна од групата испеана на англиски јазик, но текстовите на сите други песни се на исландски.
Во 2009 година Јонси започнал соло-кариера, а неговиот прв соло-албум Go, бил објавен следната година.[15]
По четири��одишна пауза, на 23 мај 2012 година групата го издала албумот Valtari.[16][17] на 26 март 2012 година, групата го издала првиот официјален сингл од албумот, „Ekki múkk“.[18][19] На 10 мај 2012 година, новата песна од Sigur Rós „Dauðalogn“ била премиерно прикажана на „The Departed“, последната епизода од третата сезона на Вампирски дневници.[20]
Групата се појавила во ТВ-серијата Игра на тронови во епизодата „Лавот и розата“ на 13 април 2014 година.[21] [22] Тие, исто така, ја обработиле песната „The Rains of Castamere“, која прво била снимена од групата National за претходната епизода, „Blackwater“.[23]
На 16 јуни 2023 година, Sigur Rós го издале „Blóðberg“, прв сингл од нивниот осми студиски албум, Átta.[24][25] Самопродуцираниот албум бил снимен во студиото Sundlaugin, во руралните предградија на Рејкјавик.[26]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Von (1997)
- Ágætis byrjun (1999)
- ( ) (2002)
- Takk... (2005)
- Með suð í eyrum við spilum endalaust (2008)
- Valtari (2012)
- Kveikur (2013)
- Átta (2023)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Explosions In The Sky, Mogwai And Sigur Rós Have Post-Rock Euphoria“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на 9 July 2016.
- ↑ „The 30 best post-rock albums of all time“. Fact. 20 April 2016. Архивирано од изворникот 17 August 2019.
- ↑ „Sigur Rós featured article“. Архивирано од изворникот на 26 June 2019.
- ↑ Ezell, Brice (30 May 2012). „Sigur Rós: Valtari“. PopMatters. Архивирано од изворникот 27 October 2016. Посетено на 26 November 2012.
- ↑ „Sigur Rós“. Архивирано од изворникот 18 May 2019.
- ↑ „pronunciation“. sigur-ros.co.uk. Посетено на 24 March 2014.
- ↑ Brown, Helen (28 June 2008). „The Gods play games with Sigur Rós“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 12 January 2022. Посетено на 3 November 2012.
- ↑ „Sigur Ros Build Dramatic and Ethereal Soundscapes in Austin (SHOW REVIEW)“. Glide Magazine (англиски). 12 June 2017. Посетено на 20 June 2017.
- ↑ Durchholz, Daniel (1 June 2017). „Experimentation is still paying off for Icelandic post-rockers Sigur Ros“. St. Louis Post-Dispatch (англиски). Посетено на 20 June 2017.
- ↑ 10,0 10,1 „sigur rós – frequently asked questions“. sigur-ros.co.uk. Посетено на 15 December 2013.
- ↑ „sigur rós – frequently asked questions“. sigur-ros.co.uk. Посетено на 18 July 2007.
- ↑ Lynskey, Dorian (2023-06-16). „'I felt violated. It was a dark period for all of us': Sigur Rós on their nightmarish recent years“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-06-16.
- ↑ „Sigur Rós to play Roskilde Festival“. Indie Laundry — danish/icelandic musicblog mp3. 28 February 2008. Посетено на 29 March 2008.
- ↑ Chapin, Bill (1 November 2009). „Albums of the Aughts No. 44: "Med sud i eyrum vid spilum endalaust" by Sigur Ros“. Jackson Citizen Patriot. Посетено на 23 November 2009.
- ↑ Gershuny, Diane.
- ↑ Medsker, David (26 March 2012). „Sigur Ros Announce New Album 'Valtari,' Unleash Track 'Ekki Mukk'“. Diffuser.fm. Посетено на 23 March 2015.
- ↑ Michaels, Sean (27 March 2012). „Sigur Rós announce sixth studio album“. The Guardian. Посетено на 23 March 2015.
- ↑ Medsker, David (26 March 2012). „Sigur Ros Announce New Album 'Valtari,' Unleash Track 'Ekki Mukk'“. Diffuser.fm. Посетено на 23 March 2015.
- ↑ Grishkoff, Jason (26 March 2012). „Sigur Rós — Ekki Múkk“. Indie Shuffle. Посетено на 18 April 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Sigur Rós to Appear on "Game of Thrones" | News“. Pitchfork. 10 September 2013. Посетено на 13 May 2014.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Sigur Rós Will Cover "The Rains of Castamere" for "Game of Thrones" Soundtrack | News“. Pitchfork. 3 April 2014. Посетено на 13 May 2014.
- ↑ „Sigur R��s Unveil "Blóðberg", First New Song in Seven Years“. consequence.net. 12 June 2023.
- ↑ „Sigur Rós Releasing New Album Átta Tomorrow“. Pitchfork. 15 June 2023.
- ↑ Sumerel, Ashley Bissette (June 23, 2023). „Sigur Rós Announce First New Album in 10 Years: Átta“. Eulalie Magazine.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Sigur Rós discography at Discogs
- Sigur Rós на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|