Red Hot Chili Peppers
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Red Hot Chili Peppers — aмериканска група основана во Лос Анџелес во 1983 г. Сегашниот состав на групата е Антони Кидис (вокал), Мајкл „Фли“ Балзари (бас), Чад Смит (тапани), и Џон Фрушанте (гитара). Нивниот музички стил содржи елементи на алтернативен рок, фанк, панк-рок, хард-рок, хип-хоп и психоделичен рок. Со над 120 милиони продадени плочи ширум светот, Red Hot Chili Peppers се еден од најпродаваните групи на сите времиња.[1] На Листата за алтернативни песни од Билборд ги држат рекордите за најмногу синглови на прво место (14), најмногу кумулативни недели на првото место (85) и најмногу топ десет песни (25).[2] Имаат освоено шест Греми-награди, во 2012 година биле примени во Куќата на славните на рокенролот, а во 2022 година добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Во 1988 по смртта на Словак, кој починал од предозираност со дрога,[3] Ајронс си заминал од групата[3] и на кратко бил заменет од поранешниот тапанар на Дед Кенедис, Д.Х. Пелигро, пред бендот да најде постојано решение со Смит,[4] додека Словак бил заменет со гитаристот Џон Фрушанте.[5] Овој состав ги снимил четвртиот, петтиот, шестиот, седмиот, осмиoт и деветтиот албум. „Mother's Milk“(1989), Блад Шугар Секс Маџик (1991), „Калифорникејшн“ (1999), „Бај д веј“ (2002), и „Стадиум Аркадиум“ (2006), кои биле петте најуспешни албуми на групата. Blood Sugar Sex Magik е значителна трака за групата, од која продале над 15 милиони копии, и го дала првиот трговски успех на групата. Фрусцианте не се чувствувал пријатно со овој успех и заминал на средината на турнејата за албумот во 1992, со објаснение за зависност од хероин. По регрутирањето на гитаристот Арик Ма ршал за да ја завршат турнејата, Киедис, Флеа и Смит го вработиле Дејв Наваро за нивниот следен албум, Една жешка минута(1995). Иако успешен, не ги постигнал границите на претходниот албум и биле продадени половина од копиите што ги имал претходниот албум. Кратко потоа, Наваро ја напуштил групата поради творечки разлики. Фрусцијанте свеж по завршувањето на рехабилитацијата, повторно се приклучил на групата во 1998 година, по барање на Флеа. Реобединетиот состав се вратил во студио да сними Калифорникејшн (1999), кој се продал во 15 милиони копии ширум светот, и со тоа станал нивниот најуспешен трговски албум до ден-денес. По три години издаден е „Бај де веј“ (2002), кој го продолжил успехот на групата. Во 2006, групата го објавил двојниот албум „Стејдијум Аркадиум“, кој бил и нивниот прв албум што се искачил на прво место во Америка. По светска турнеја на која го претставиле албумот, групата заминала на заслужен одмор за време на кој Фрусцијанте го најавил неговото заминување од групата со цел да се сосредоточи на неговата соло-кариера. Џош Клингхофер, кој има работено и на соло-проектот на Фрусцијанте и како поддршка за групата го зазел неговото место како водечки гитарист.
Ред хот чили пеперс имаат освоено 6 Греми-награди. Групата има продадено над 60 милиони албуми ширум светот, имал осум песни во топ 40 на билборд 100 најслушани песни од кои три биле во топ 10, пет број еден синглови на рок-листата, и држи рекорд од 11 број еден синглови на Современата рок-листа.
Најголен трговски успех имале со нивниот седми албум, Californication (1999), кој се продал во 16 милиони примероци ширум светот. By the Way (2002) и Stadium Arcadium (2006) исто така биле успешни; Stadium Arcadium бил нивниот прв албум кој се искачил на првото место на Билборд 200 листата.
Историја
[уреди | уреди извор]1983–1988: Ран период
[уреди | уреди извор]The Red Hot Chili Peppers биле основани во Лос Анџелес од пејачот Антони Кидис, гитаристот Хилел Словак, басистот Фли и тапанарот Џек Ајронс, соученици во средното училиште Ферфакс.[6] Поради обврски кон други бендови, Словак и Ајронс не свиреле на истоимениот деби албум на групата од 1984 година, а биле заменети од гитаристот Џек Шерман и тапанарот Клиф Мартинес. Словак им се приклучил повторно за нивниот втор албум, Freaky Styley (1985), а Ајронс за третиот, The Uplift Mofo Party Plan (1987).
Нивниот прв настап бил на Ритам Лонг пред публика од околу 30 луѓе. Создадена е песна за оваа пригода, која вкучувала импровизирање на музика од бендот додека киедис повторувал поема која тој ја напишал со наслов Надвор во Л.А. бидејќи Словак и Ајронс биле посветени на друга група ВАт ис дис, имале намера тоа да биде еден единствен настап. Мегутоа настапот бил толку жив што бендот бил поканет да настапи повторно наредната недела. Поради овој неочекуван успех бендот го променил името во Ред хот чили пеперс, кои имале уште неколку големи шоуа во различни клубови во Л.А. Шест песни се снимани од овие почетни настани со што била создадена првата демо лента на бендот.
Неколку месеци по нивниот прв настап Ред хот чили пеперс се известени од ЕМИ дека имаат потпишано договор. Две недели порано ВАт ис дис? Исто така потпишале договор но со МЦА. Словак и Ајронс сè уште го сметале Ред хот чили пеперс како нивни спореден проект и се откажале за да можат да се посветат на Ват ис дис. Наместо да го растурат бендот киедис и Флеа одлучиле да регрутираат нови членови. Чиф Мартинес, пријател на Флеа, бил повикан да се приклучи на бендот, а аудицијата за нов гитарист го дала Џек Шерман. Гитаристот на Ганг оф фор, Енди Гил бил повикан да го продуцира нивниот прв албум. И покрај негодувањата од Киедис и Флеа тој ги натерал да свират почист и попријатен за ушите звук. Нивниот деби албум Д ред хот чили пеперс бил одбјавен на 10 август 1984 година. Иако албумот не постигнал којзнае какова продажба, радиото и МТВ помогнале да се создаде и група на обожаватели. На крај албумот бил продаден во 300 000 копии. За време на првата турнеја, имало постојана тензија помеѓу Киедис и Шерман која ги комплицирала работите во самиот бенд. Шерман бил избркан набргу, со враќањето на Словак нба кој му здосадило од What is This?.
Фрики Стајли и турнејата The Uplift Mofo Party Plan (1985-88) ред хот чили пеперс во 1988 за време на The Uplift Mofo Party Plan турнејата Џорџ Клинтон бил избран за продуцент на следниот албум на бендот Фрики Стајли. Албумот е сниман во познатото Детроитско студио Арби и Фанки јунајтед саунд систем кое се наоѓа во кругот на кампусот на Вејн Стејт универзитетот. Клинтон комбинирал многу стилови и елементи од панк и фанк во репертоарот на бендот, со што му дал на бендот да инкорпорира различни стилови во музиката на бендот. Бендот имал подобра врска со Клинтон отколку со Гил, но Фрики Стајли објавен на 16 август 1985, не постигнал некој значителен успех и не се издвоил на ниту една листа. А и турнејата за албумот се сметала за непродуктивна.
Во песната "Yertle the Turtle" од овој албум слушнат е глас како како вели : "Look at that turtle go bro." Ова било спомнато во автобиографијата на Киедис кој вели дека овој глас е на дилерот на кокаин на Клинтон, којшто не можел да го плати и затоа го ставил во песна.
Бендот се појавил во филмот трашин во 1986 каде ја исполниле песната Blackeyed Blonde од албумот Freaky Styley. Во овој период бендот се појавил и во филмот Таф Гајс каде настапувале Брт Ланкестер и Кирк Даглас, каде ја извеле песната Set It Straight во еден клуб во Лос Анџелес.
Клиф Мартинес бил избркан од групата во летото 1986, а Киедис рекол дека осеќа дека мартинез сакал да си замине. Џек Ајронс, кој бил без работа и ослободен од какви било обврски повторно се приклучил кон бендот заедно со Кеида, Фли и Словак. Бендот се обидел да го најми Рик Рубин за нивниот следен албум, но тој не го прифатил бизнис предлогот. Бендот потоа го најмиле Мајкал Беинхорн кој би�� последен избор за бендот. Песните се оформувале брзо, и сеоформил албумот, кој бил спој на панк и фанки како и претходниот албум, но имал поголем пристап до панкрок. Повторното обединување на четирите првични членови на бендот ја обновило нивната креативност за време на процесот на снимање.
На 29 септември 1987 објавен е Д уплифт мофо парти плен, првиот албум на овој бенд кој се нашол на топ листите. Иако бил на 148 место на билборд 200 наслушани албуми ова било огромен успех за бендот во споредба со претходните два албуми. За време на овој период, Кидис и Словак развиле сериозни зависности од дрога, често напуштајки го бендот. Зависноста на Словак довела до негова смрт на 25 јуни 1988, набргу по завршувањето на турнејата. Киедис избегал од градот и не присуствувал на погребот на Словак. Ајронс исто така ја напуштил групата, велејки дека не сака да работи во група каде неговите пријатели умираат. Тој потоа се приклучил на грипата Прел Џем; мегутоа во 1998 тој ја напуштил групата со објаснение дека не е задоволен од турнеите. Мајчино млеко (1989-90)
1988-1993: Прегрупирање, Blood Sugar Sex Magik и стекнување популарност
[уреди | уреди извор]Во обид да се справат со смрта на Словак и со заминувањето на Ајронс, киедис и Фли привремено го ангажирале тапанарот на Дед Кенедис Д.Х. Пелигро и гитаристот Двејн Блекбрд Мекнајт. Ниеден не покажал некој особен интерес па така тие биле заменети набрзо. Меѓутоа присуството на пилегро имало една витална, долгорочна последица за бендот, неговата поврзаност со Џон фрусцианте, познаник на Пелигро, кој се пријавил за празното место за гитарист во бендот. Фрусцијанте бил фасциниран од бендот, и затоа се пријавил, а набргу бил и примен во бендот.
Три недели пред почетокот на снимањето, бендот сè уште бил без тапанар, и покрај неколкуте заинтересирани. Филип Фиш Фишер од сродниот бенд од Лос Анџелес Фишбоун накратко се приклучил на бендот и е вклучен во песната "Taste the Pain". На крај пријател на групата им посочил тапанар, Чад Смит, кој се покажал како доста успешен. Киедис бил скептичен но на крај се согласил да го примаат во групата. На аудицијата Смитнесамо што го достигнал ритамот на Фли туку бил толку добар што почнал да ја води групата. По оваа успешна аудиција Киедис,Фрусцијанте и Фли го примиле Смит во бендот. На Смит му било наредено да си ја избричи главата за да се вклопи во стилот на бендот, но сепак му било дозволено да се приклучи на бендот кога не го направил тоа. Снимањето на четвртиот албум на бендот било проследено со конфликт со продуцентот Мајкл Беинхорн чија примарна агенда да ѝ даде на гитарата на Фрусцијанте гласен, моќен звук слично на абразивните тонови кои ги има во хеви металот. Оваа модификација му создала главоболки на Фрусцијанте бидејќи не се вклопувала во неговиот стил на свирење. Четвртиот албум на Чили пеперс Мајчино млеко бил објавен во август 1989 и ги дал првите модерни поп рок хитови за бендот. Имало песна посветена на Словак, Нок ме даун, тејст д пејн која била насловна песна на филмот Не вели ништо. Песната Меџик Џонсон посветена на играчот на Лејкерс и сограѓанинот, сè уште се пее на натпреварите на лејкерси. Албумот стигнал до 52 место на американската топ список на албуми и станала првата златна плоча за бендот. Superstardom, Blood Sugar Sex Magik и првото заминување на John Frusciante (1990–92) Во 1990, бендот почнал да соработува со Ворнер Брадерс рекордс, со Рик Рубин кој бил најмен да го продуцира нивниот тогаш неименуван петти албум. Рубин ги продуцирал сите последователни албуми на бендот. Процесот на пишување бил далеку попродуктивен отколку кога се создавал Мајчино Млеко, а Киедис велел дека секој ден има музика која тој ја создава. Бендот се впуштил во шестмесечен процес на снимање на новиот албум, олгиот период на проби, пишување песни и вклучувањето на идеи. Меѓутоа Рубин бил незадоволен со судиото за снимање, со став дека бендот подобро ќе функционира во средина кој не е толку христијанска. Тој наидел на неверојатна, огромна, историска куќа на мала оддалеченост од местото каде сите живееле. Рубин бил сегашниот сопственик на куќата, и за следните неколку месеци членовите на бендот речиси ниеднаш не ја напуштиле куќата за време на снимањето на албумот. Смит одлучил да не живее во куќата мислејќи дека во неа има духови. Бендот не можел да се одлучи за името на албумот, но за рубин името на една песна особено се истакнувало "Блад шугар секс маџик". Иако песната ја немало на албумот руби верувал дека тоа е најдоброто име за албумот кој го имале во тоа време На 24 септември 1991 објавен е албумот "Блад шугар секс маџик". "Гив ит авеј била првата песна од овој албум, која освоила греми награда во 1992 за најдобар хард рок изведба со вокал, истанала првата песна која се искачила на прво место на списокот на Модерен рок. Баладата "Андер д бриџ" била објавена како втор сингл, и стигнала до 2 место на билборд сто најслушани песни, највисоко досега за било која песна на бендот, а со тоа станала и една од најпознатите песни на бендот. Самиот албум бил интернационална сензација, со продадени над 15 милиони копии. Овој албум исто така многу влијаел и за проширување на обожавателите на овој бенд. Тој исто така бил и ставен на 310 место на списокот на магазинот Ролин Стонс на 500 најдобри албуми на сите времиња, и во 1992 тој достигнал до трето место во САД на само една година од објавувањето. Успехот на бендот и зависностите од дрога го земале својот дел на фрусцијанте, кој го напуштил бендот за време на Јапонската турнеја во мај 1992. Гитаристот Арик Маршал бил најмен како замена за Фрусцијанте. Маршал се појавил и во видео записот за песните "Брејкин д грл", "Иф ју хаф то аск" и на завршувањето на шетвртата сезона на Д симсонс "красти гетс кансед". Во септември 1992, бендот настапи на МТВ музичките награди. Бендот бил номинран за седум награди вклучувајќи и видео на годината, а од сите номинации добиле три награди вклучувајќи го Избор на гледачите, награда која се доделува по избор на гледачите. На 24 февруари 1993 бендот заедно со Џорџ Клинтон и д П фанк Ал Старс ја извеле "Give It Away", на сцената на греми наградите, песна кој подоцна таа вечер му донела на бендот греми награда. Овој настап ќе го означи крајот на Blood Sugar Sex Magik турнејата и ќе биде последен настап на Маршал. На негово место бил ангажиран Џеси Тобијас од бендот од Лос Анџелес- мајчин јазик. Меѓутоа неговата ангажираност во бендот не траела долго, а остатокот од членовите казале дека едноставно хемијата не е вистинска. Тие на крај го најмиле Дејв Наваро, кој бил подготвен да се приклучи кон бендот откако веќе еднаш ги одбил откако Фрусцијанте ги одбил. One Hot Minute (1993–97) Нааваро најпрво се појавил со бендот на Вудсток во 94 год, каде тие носеле огромни костими, кои биле метални, итие речиси не можеле да свират на нивните инструментите. Бендот по настапот на вудсток, имале кратка турнеја кој вклучила и настап како предгрупа на Ролинг Стонс. Според Киедис овој настап бил ужасно искуство. Иако изгледало како бендот да функционира добро, односите помеѓу тројцата основачи и Наваро почнале да се влошуваат. Неговото различно музичко искуство се покажало како несоодветно откако почнале да свират заедно, и продолжило да биде проблем во наредните години. Неговиот прв и единствен албум со ред хот чили пеперс, Една жешка минута, е снимен и објавен на 12 септември 1995 по многу поместувања на датумот. Бендот го опишува албумот како потемен и со потажни песни од претходните албуми. И покрај различноста албумот бил комерцијален успех. Со 8 милиони копии продадени ширум светот. Овој албум го дал и третиот сингл кој се искачил на прво место, баладата Мај Френдс. Додека Киедис се навратил на неговата зависност од хероин. Во април 1998 било објавено дека наваро го напушта бендот поради креативни разлики; Киедис изјавил дека одлуката е заедничка. Но извештаите од тоа време индицират дека заминувањето на Наваро се случило откако тој присуствувал на проба на бендот каде тие биле под дејство на дрога. Киедис тогаш кажал дека и покрај тоа што настанот можел да биде комичен, бил жален и резултирал со заминување на наваро. Враќање на Фрусцијанте, Калифорникејшн (1998-2001) Во следните години од неговото заминување од бендот, станало јасно дека Фрусцијанте има зависност од дрога, која го довела до сиромаштија и речиси см��т. Тој се пријавил во установа за рехабилитација во јануари 1998. Го завршил процесот во февруари истата година и изнајмил мал стан во силвер Лејк. Тој се здобил со многу повреди и проблеми во годините на негова зависност, некои дури и за операција, која резултирала со лузни на неговите раце, реконструкција на неговиот нос и нови заб за да се спречи фатална инфекција. Во април 1998, Флеа го посетил неговиот пријател и поранешен колега од бендот кој го поканил Фрусцијанте повторно да се врати во бендот, понуда која фрусцијанте со голема радостја прифатил. До самиот викенд, по 6 години реобединетата група се собрала да свири, и го создале новиот реобединет Ред хот чили пеперс. За самата ситуација Антони Киедис рекол: За мене ова бесе клучен момент во последните 6 години од нашите животи. Знам дека ова е вистинска одлука и дека магијата ќе се случи одново. Одеднаш можевме сите да слушнеме, и наместо да се најдеме во незгодна ситуација, сите можеме да станеме играчи во овој одличен универзален оркестар. И покрај воодушевеноста од враќањето на фрусцианте, тој бил ментално и физички раскинат. Тој немал свирено од неговото заминување и тоа дека ги изгубил сите гитари кои ги поседувал во пожар во куќата од каде едвај се спасил, тој се соочил со потешкотија да го продолжи животот, таков каков што бил пред зависноста од дрога. Мегутоа неговиот талент повторно испливал на површина и нови песни почнале да се појавуваат. На 8 јуни 1999, по речиси една година продуцирање и проби, објавен е калифорникејшн како 7-ми студиски албум на бендот. Бендот успеал да продаде повеќе од 15 мил копии ширум светот и станал најуспешниот албум на бендот досега. Овој албум содржел помалку песни со рап примеси отколку претходните, а имал повеќе интегрирана текстура, мелодични звуци од гитарата и вокали. Калифорникејшн дал и усте три број еден рок хитови : "Скар Тишју", "Адерсајд" and "Калифорникејшн". Скар тишју ја освоил греми наградата за најдобра рок песна во 2000 година. Таа е изведена и на церемонијата и вклучува дел со раперот Снуп дог како колуминација. Други хитови како Араунд д ворлд, роад трипин и паралел јуниверз кои ја пробиле топ 40 листата иако комерцијално не биле објавени како синглови. Во јули 1999, како дел од двегодишната интернационална турнеја во поддршка на новиот албум, тие настапиле на концертот вудсток во 1999. На некои 10 мин пред шоуто тие биле замолени од сетрата на Џими Хендрикс да отсвират песна од репертоарот на нејзиниот брат. По некое двоумење бендот се одлучил да ја отсвири легендарната Фајр, која ја имало на Мадерс Милк. По некоја случајност на две третини од песната мал оган избувнал на бината кој резултирал со интервенција на пожарникарите. Во септември 2000, бендот бил номиниран за пет МТВ награди, вклучувајќи видео на годината, кое не ко добиле, меѓутоа тие добиле две награди за Калифорникејшн и ја исполниле песната исто така. Ред хот чили пеперс исто така биле почестени и со МТВ Мјузик видео авардс која се доделува на музичари кои имале длабок ефект на МТВ културата. Во 2001, Чили пеперс го издале нивното прво двд концерт, Оф д мап. Двд то било директирано од долгогодишен пријател Дик Руд, кој исто така ја продуцирал и музиката за видеата "Католик скул грлс рул" и "Јуниверзал спикинг". Снимаката е земена од два различни концерти но е вклопено во една совршена целина. By the Way (2001–04) Бендот почнал да го пишува нивниот нареден албум во почетокот на 2001 и го издал бај д веј во наредната година, на 9 јули 2002. Процесот на снимање бил тежок за Фли кој се чувствувал како странец и дека неговата улога во бендот била излижана поради расправијата со Џон за музиката во албумот. Фли дури размислувал и да избега од бендот од како албумот бил завршен, но по некое време тие го надминале нивниот проблем. Албумот создал пет хит синглови "бај д веј", "Д зефирт сонг", "Кант стоп", "Досед", и "Јуниверзал спикинг", и бил најтивкиот албум кој ред хот чили пеперс некогаш го издале, главно фокусирајки се на мелодични балади во спротивност на претходните класични песни и фанк со рап примеси. Фрусцијанте се концентрирал на повеќеслојни песни, најчесто додавал тонови од клавир и исто така пишувал и аранжмани за песни. Албумот бил проследен со турнеја која траела 18 месеци. Тие снимале две нови песни "Форчјун фејдед" и "Сејв д популејшн" за нивниот албум грејтест Хитс кој бил снимен на шоу во ирска на 23 август 2003. Тие исто така го снимале и нивниот прв албум во живо, во живо од Хајд Парк, за време на нивниот настап во Лондон. Повеќе од 258.000 обожаватели платиле повеќе од 17 милиони долари за да присуствуваат на една од трите вечери кога бендот настапувал, што било рекорд за 2004 година; тие исто така стигнале и на прво место на најдобри концерти. Тој вклучувал и две досега неисполнети песни "Rolling Sly Stone" и "Leverage of Space, кои се верува дека биле песни од Грејтест Хитс. Stadium Arcadium (2005–07) Во 2006 бендот го објавил албумот Стадиум Аркадиум кој бил добитник и на греми, продуциран од Рик Рубин. Иако биле создадени 38 песни со цел да се објават како три одделни албуми, во размах од 6 месеци, бендот наместо тоа избрал и бјавил 28 песни во двоен албум. А останатите 10 песни биле објавени подоцна на Б страната, мегутоа само 9 од 10 биле објавени на б страната. Тоа бил нивниот прв албум кој стигнал до 1 место на листата во САД, каде останал две недели, и дебитирал на прво место во Велика Британија и 25 други земји. Stadium Arcadium е наречен најдобро продаван албум на годината, со продадени 7 милиони примероци, и забележал и најдобра продажба за една недела од сите албуми за таа година. Првата песна од албумот Дани Калифорнија, и била најбрзо продавана песна, дебитирала на врвот на Модерен рок листата, и била на 6 место на билборд 100 и стигнала на 2 место во Велика Британија. Наредната песна исто така се искачила високо на листите во 2006 г. Песната Сноу која била објавена во доцна 2006 година, поминала многу рекорди до 2007. Песната станала нивни 11 број еден хит, и имале вкупно 81 недела на првите места на листите. Исто така тоа било првпат да имаат три синглови последователно на прво место. "Десекрејшн Смајл"била објавено интернационално во февруари 2007 и стигнала на 27 место во Велика Британија. "хамп д бамп" била наредна песна за америка и канада но поради позитивниот фидбек за видеото, песната била интернационално објавена во мај 2007. Бендот почнал нова светска турнеја во поддршка на последниот албум во 2006, почнувајќи со промотивни концерти во Европа и имале турнеја која траела речиси два месеци од мај до средината на јули. Во оваа турнеја Џош Клингхофер бил како 5 член на бендот, надополнувајки делови за гитара, следечки вокали, овозможувајки им на песните да изгледаат исто како на снимените материјали. Бендот потоа се префрлил на турнеја во Северна Америка од почетокот на август до по почетокот на ноември. Бендот ја почнал 2007 година со втора турнеја во Северна Америка но овојпат го вклучиле и мексико како додаток на САД, од средината на јануари до средината на март. По ова следеле настапи во многу градови во Австралија и Нов Зеланд во април а потоа и концерти во Јапонија во почетокот на јуни. Ред хот чили пеперс ја завршиле нивната турнеја со трета турнеја во Европа која траела од јуни до август. Тие се појавиле и на Лајв еарт концертот во Лондон во Вембли Стадијонот на 7 јули 2007. За време на текот на нивната турнеја, бендот се појавил на неколку фестивали како Оксиген во јули 2006, Лалапалоза во август 2006 во Грант Парк, Chicago, настапи во Калифорнија 2007 и многу други настапи. Во февруари 2007 стадиум Аркадиум освоил 5 греми награди: Бест рок албум, бест рок сонг ("Dani California"),бест рок перформанс бај а дуо ор а рок груп вит вокал ("Dani California"), Best Boxed Or Special Limited Edition Package, и бест продусер (Rick Rubin). Церемонијата вклучила и настап на Сноу, нивниот најпопуларен сингл во тоа време.
Хијатус и второто заминување на Фрусцианте (2007-09) Следејки ги последните настани од промоцијата на албумот, членовите на бендот земале подолг одмор. Киедис кажал дека бил изморен од долгогодишната непрекината работа од калифорникејшн па наваму. Тој кажал дека моментално е преокупиран со одгледунање на неговиот штотуку роден син, и накратко учествувал во емисијата Спајдер и Сан, која се смета за негова автобиографија, додека Фли се запишал на курс за музика на еден факултет на УФЦ, Фрусцианте ја продолжил неговата соло кариера и го објавил соло албумот Д емпиријан а Чад Смит работел соСеми Хагар, Џо Сатарини, и МАјкл Ентони во супергрупата Чикенфуд, како и на неговиот соло проект Чад Смит бомбастик митбалс.. Бендот планирал да остане во хибернација минимум усте една година. Единствената снимка за тоа време била во 2008 со Џорџ Клинтон со кој работеле претходно. Во мај 2009 Киедис, Фли, и Смит настапиле под името 'The Insects' заедно со Рон Вуд, Џош Клинхофер и Иван Невил на петгодишнината наМјузикерс, па му дале почит и на Киедис. Тој ја добил нбаградата Стив реј вон за неговата посветеност кон музиката и неговата посветеност на помагање на зависниците од дрога и нивното рехабилитирање. Џон Фрусцианте не бил во можност да присуствува на доделувањето на наградата поради обврски во Европа. Во декември 2009, Фрусцианте о��крива дека го напуста бендот ред хот чили пеперс пред почетокот на годината. Фрусцианте објаснил на неговите обожаватели преку профилот на мајспејс дека немало драма или никакви расправии за неговото напуштање на бендот и дека другите членови дури покажале разбирање и го поддржале. Фрусцианте кажал дека чувствувал дека неговиот музички интерес го одвел во друга насока и дека требе целосно да се посвети на неговата соло кариера. Бендот ја завршил двегодишната пауза во октомври 2009 година и почнале да пишуваат за нивниот за нивниот 10-ти албум. Бендот се соединил во студиото од гитаристот Џош клингхофер, копј настапувал како втора гитара за време на нивната последна турнеја. Бендот, заедно со Клингхофер на гитара, га направиле нивното враќање на 29 јануари 2010. На 8 февруари 2010 година клигхофер бил именуван како постојан член на бендот од страна на Чад Смит, како постојана замена за Фрусцианте. На 6 мај 2010, Чад Смит кажал дека бендот има напишано околу 20 песни и дека снимањето на наредниот албум ќе започне во јули 2010. Рик Рубин повторно бил најмен како продуцент. Смит коментирал на новиот звук, објаснувајќи дека Клингхофер исто така ќе пее и ќе свири на пијано за бендот. Тој спомнал дека како резултат на неговото студирање на музичка теорија, Фли ќе вклучи многу пијано мелодии. На 8 декември 2019, Ред Хот Чили Пеперс објавија на Инстаграм дека се враќа нивниот поранешен гитарист Џон Фрушанте по 10 години пауза.
|
- ↑ Sherlock, Gemma (October 15, 2021). „Red Hot Chili Peppers world tour 2022 - UK ticket updates“. Manchester Evening News. Посетено на October 15, 2021.
- ↑ Bogosian, Dan (May 15, 2020). Red Hot Chili Peppers FAQ: All That's Left to Know About the World's Best-Selling Alternative Band. Backbeat. ISBN 9781493051427. Посетено на September 26, 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Kiedis & Sloman 2004
- ↑ Apter 2004, стр. 181
- ↑ Apter 2004, стр. 179
- ↑ Prato, Greg. „Red Hot Chili Peppers > Biography“. AllMusic. Посетено на June 5, 2007.