Black Star (парфем)
Black Star | ||
---|---|---|
Промоционален постер на Black Star
| ||
Парфем на Аврил Лавињ | ||
Издаден | јули 2009 | |
Издавач | P&G Prestige | |
Слоган | Be Your Own Star (Биди своја ѕвезда) | |
Следбеник | Forbidden Rose[1] | |
URL | Black Star Avril Lavigne |
Black Star е првиот парфем на канадската пејачка Аврил Лавињ наменет за тинејџери. Парфемот се издава во шишиња од 10ml, 15ml, 30ml, 50ml и 100ml, во облик на гел за туширање, лосион за тело и дезодоранс.[2] Мини гел за туширање доаѓа како Black Star подарок во Обединетото Кралство, а во германско/холандското издание со подарокот се добива и 50ml лосион за тело.
Заднина
[уреди | уреди извор]Парфемот е објавен преку официјалната страна на Аврил Лавињ на 7 март 2009.[3] Парфемот содржи делови на розов хибискус , црна слива и темна чоколада.[4] Издаден е во неколку европски држави вклучувајќи ги Холандија, Германија, Белгија, Франција, Италија, Финска, Обединетото Кралство и Данска. Black Star е издаден во САД на 15 август, ексклузивно во Kohl's.[5] Black Star е издаден во Канада, во Shoppers Drug Mart.[6] Black Star исто така е издаден во Австралија, во Myer.
Во неколку земји, во зависнот од земјата и продавницата, Black Star се продава со подароци, вклучувајќи бразлетна, маица, звучници, компактно огледало и четири видови на торби. Цените можат да се најдат на официјалната страница на парфемот.
Промоција
[уреди | уреди извор]Рекламирање
[уреди | уреди извор]Лавињ имала ексклузивна забава за Black Star во Лондон на 17 март 2009 година.[7] На забавата биле присутни неколку новинари и тројца холандски обожаватели. Таа го претставила шишето на Black Star парфемот, а исто така ја презентирала и линијата на облеки Abbey Dawn.[8] Во САД парфемот бил презентиран во Њујорк на новинарите.[9] Лавињ не се појавила таму, но таа снимила неколку видео пораки кои им биле пуштени на присутните.
Во другите земји рекламирањето се вршело преку постери, пробување на парфеми и на други начини.
Песна
[уреди | уреди извор]Аврил Лавињ сама ја напишала песната во рекламата за време на пауза во текот азискиот дел на турнејата The Best Damn Tour. Отпрвин песната требало да биде кратка, но потоа според магазинот Rolling Stone прераснала во "една од најамбициозните песни на Аврил Лавињ, убава приспивна песна која се врти околу гитарата и пијаното на бендот Coldplay".[10] Лавињ кажала дека размислувала да ја издаде песната како сингл,тврдејќи дека има "има ист ефект на моите пријатели како и песната Girlfriend".[11] Исто така песната се појавува на четвртиот студиски албум на Лавињ, Goodbye Lullaby, речиси две години откако е искористена како реклама за парфемот.
Видео
[уреди | уреди извор]Рекламата за Black Star е режирана од Били Вудруф и е снимана во Лос Анџелес. Започнува со Лавињ која излегува од шишенце на Black Star. Таа забележува црна ѕвезда која се движи во воздухот, скока и ја фаќа, и потоа се претвора во Black Star шишенце. Ја отвора кутијата и се прска со парфемот, потоа го фрла шишенцето во камерата, и им го нуди на гледачите. Во некои земји рекламата е скратена и делот кога Аврил се прска е исечен.[12][13] Лавињ кажала дека многу се забавувала за време на снимањето на видеото. Фустанот кој го носи е од 1980-тите.[14]
Награди
[уреди | уреди извор]Во мај 2010 година, Лавињ преку нејзината официјална страница изјавила дека парфемот Black Star е номиниран за FiFi наградите во категоријата "Парфем на годината - Популарен додаток на жените".[15]
Подоцна истиот месец, Лавињ исто така кажала дека парфемот освоил награда за "Најдобар парфем" од Cosmetic Executive Women.[16]
Година | Церемонија | Награда | Резултат |
---|---|---|---|
2010 | CEW (Cosmetic Executive Women) Beauty Awards | Најдобар Парфем | освоил |
FiFi Награди | Парфем на годината - Популарен додаток на жените | номиниран |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Forbidden Rose
- ↑ http://www.avril-lavigne-perfumes.com/web/index.php/en_GB/perfume
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-07-08. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-01-24. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=x_aOpbjBllM&feature=channel
- ↑ http://www.nitrolicious.com/blog/2009/08/14/avril-lavigne-black-star-fragrance/
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2011-03-19.
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=lMFx5OhKqF8
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=amtzsm498CY&feature=channel
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=lMFx5OhKqF8/
- ↑ „Black Star FiFi nomination“. Avril Lavigne. Посетено на 9 May 2010.
- ↑ „Black Star Cosmetic Executive Women award“. Avril Lavigne. Посетено на 28 May 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страна на Аврил Лавињ
- Официјална страна на Black Star
- Официјална австралиска страна на Black Star Архивирано на 19 октомври 2009 г.
- Официјална реклама на Black Star
|