Прејди на содржината

2010 TK7

Од Википедија — слободната енциклопедија
2010 TK7
Астероидот 2010 TK7 (заокружен со зелено, подолу-десно)
Ознаки
аполонски[1]
Орбитални особености[1]
Епоха 17 август 2010 (JD 2455800.5)
Афел1,19095 ае
Перихел0,80955 ае
1,00025 ае
Занесеност0,19066
365,394 д (1,0 г)
217,348°
Наклон20,8656°
96,5426°
45,7551°
Физички особености
Димензии~300 м[2]
Средна густина
? гр/см³
?
20,588 [1]

2010 TK7 е првиот тројански астероид кој ја дели Земјината орбита во системот Земја-Месечина околу Сонцето.[3][4][5] Тројанските сателити се теоретски предвидени објекти што орбитираат 60° пред или зад планета во нејзината орбита, претходно забележани само во орбитите на Марс, Јупитер и Нептун.

2010 TK7 има пречник од 300 метри.[2] Патеката на движење му осцилира околу L4 Сонце-Земја, shuttling between this and Лагранжовата точка L3 со период од околу 400 години.

Откривање

[уреди | уреди извор]

2010 TK7 е откриен од инфрацрвениот вселенски телескоп WISE во октомври 2010.[6] По анализата на собраните податоци, во јули 2011 е утврдено дека станува збор за тројански објект.[6]

Физички и орбитални особености

[уреди | уреди извор]
Патеката (зелено) на 2010 TK7 пред Земјата долж Земјината орбита (сини точки)

2010 TK7 има апсолутна величина од 20,6.[7] Пречникот му изнесува 300 метри, утврден врз основа на претпоставено албедо од 0,1.[3] Досега нема податоци за спектралните својства, кои би укажале на неговиот физички состав.

Астероидот има орбитален период од 365,389 дена, мошне слично на Земјината година од 365,256 дена. On its eccentric (e = 0,191) orbit, 2010 TK7's distance од Сонцето се разликува од година до година, 0,81 до 1,19 ае.[3]

Тројанските астероиди не орбитираат токму во Лагранжовите точки, туку осцилираат околу нив во јамки со облик на полноглавец. Меѓутоа, јамката на 2010 TK7's е необично издолжена во таа мера што астероидот понекогаш се движи речиси по спротивната страна на Сонцето гледано од Земјата. Орбитата е таква што, во најблиската точка, објектот не се доближува повеќе од 20 милиони километри до Земјата, што претставува над 50 пати поголемо растојание од оддалеченоста на Месечината.

Орбитата на 2010 TK7 има хаотичен карактер, што значи дека не дозволува долгосежни предвидувања. Пред 500 г, таа можеби осцилирала околу Лагранжовата точка L5 (60 степени зад земјата), пред да се префрли на L4 преку L3. Можна е и краткотрајна нестабилна либрација околу L3, и премини на потковичести орбити.[3]

Можно истражување

[уреди | уреди извор]

Астероидот веројатно нема да се испитува со мисии во блиска иднина бидејќи не се врти околу Сонцето на иста рамнина со Земјата, што значи дека на истражното летало би му требало охромно количество на гориво. Во следните 10.000 години, најголемата довближеност на објектот ќе изнесува 20 милиони километри.[8]

Ваквите астероиди еден ден може да станат исплатливи како извор на елементи кои се ретки и скапоцени на Земјата. Оние со сличен состав на Земјата би требало да содржат рудни богатства на помали длабочини отколку на нашата планета. Причината за ова е што астероидот е помал и затоа му требало многу помалку време да се излади отколку што им треба на планетите. Поради ова, елементите немале доволно време да потонат толку длабоко.

  1. 1,0 1,1 1,2 „Преглед на мали небесни тела: 2010 TK7“. 31 октомври 2010. Посетено на 27 јули 2011. - Лабораторија за реактивен погон (JPL) (англиски)
  2. 2,0 2,1 Чој, Чарлс К. (27 јули 2011). „Конечно откриен првиот астероиден придружник на Земјата“. Space.com. Посетено на 27 јули 2011. (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Конорс, мартин; Вигер, Пол; Вајлет, Крстијан (27 јули 2011). „Земјиниот тројански астероид“. Nature. 475 (7357): 481–483. doi:10.1038/nature10233. |access-date= бара |url= (help) (англиски)
  4. Мисијата WISE на НАСА го откри првиот тројански астероид во Земјината орбита Архивирано на 2 мај 2017 г. (англиски)
  5. WISE го пронајде првиот тројански стероид на Земјата Архивирано на 11 август 2011 г. (англиски)
  6. 6,0 6,1 Првиот Земјин тројански астероид: 2010 TK7 Архивирано на 1 март 2017 г. (англиски)
  7. [1]
  8. „Конечно пронајден: Првиот придружен астероид на Земјата“. MSNBC. 27 јули 2011. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]