Црква „Св. Петка“ - Марвинци
Света Петка
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°16′54″N 22°30′14″E / 41.28167° СГШ; 22.50389° ИГД |
Место | Марвинци |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XIX век 1926 1931 |
Рушење | 1931 |
Изгорена | 1913 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Света Петка — главна селска црква на валандовското село Марвинци, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на рид над селото, до која води земјен пат.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта на Марвинци.
Историја
[уреди | уреди извор]Според народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на XIX век. Нејзин градител бил познатиот неимар од селото Тресонче, Андон Китанов.[2]
Но, во 1913 година била запалена од грчките андарти и изгорела. Повторно, била изградена во 1926 година на местото на старата црква.[2]
За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофалниот Валандовски земјотрес, но со помош на верниците од селото, повторно била обновена.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а иконите од 1927 година.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Портата пред влезот на црквата
-
Селските гробишта во дворот на црквата
-
Поглед на црквата
-
Влезот во црквата
-
Икона на Света Петка
-
Апсидата на црквата
-
Мала макета на црква
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2006. Посетено на 17 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Петка“ - Марвинци на Ризницата ?